Самоков (Правишко)
Самоков Δωμάτια | |
---|---|
Координати: 40°51.57′N 24°8.34′E / 40.85950° СГШ; 24.13900° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Источна Македонија и Тракија |
Округ | Кавала |
Општина | Кушница |
Општ. единица | Пиери |
Надм. вис. | 160 м |
Население (2011)[1] | |
• Вкупно | 457 |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Самоков или Самоково[2] (грчки: Δωμάτια, Доматија; до 1926 г. Σαμάκοβο, Самаково[3]) — село во Правишко, Егејска Македонија, денес во општината Кушница на Кавалскиот округ во Источна Македонија и Тракија, Грција. Во 2011 г. населението броело 457 жители.
Географија
[уреди | уреди извор]Селото е сместено во јужното подножје на планината Кушница, крај државниот пат ЕО2. Низ неговиот источен дел тече реката Самоковина (Самаковико или Гурунонеро), а низ западниот друг поток, обете десни притоки на Лаџа.[4] Во Самоков има зачувано шест камени моста — Камбуревиот,[5] Киранскиот[6] и Кајнакидевиот[7] на западната рекичка и Тутуневиот,[8] Горниот плоштаден[9] и Долниот плоштаден мост на Самоковина.[10] Шесте мостови во 1990 г. се прогласени за споменици на културата.[11]
Историја
[уреди | уреди извор]Потекло на името
[уреди | уреди извор]Името потекнува од старинскиот мануфактурен погон за ковање на железо наречен самоков (од „сам“ и „кова“).
Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Самоков:
„ | Самоков, мухамеданско село; 1 џамија, 1 мухамеданско училиште, жителите Македонци-муслимани[12] се занимаваат со земјоделство и одгледување на тутун. Оддалечен е 3 часа од градот.[13] | “ |
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Самоков (Самоковъ) било „турско“ село. Во него живееле 1000 Турци, но забележува дека населението веројатно е мешавина од Македонци-муслимани и Коњари[12], што е својствено и за некои други села во околината.[14]
Во Грција
[уреди | уреди извор]Во 1913 г. селото влегло во состав на Гриција како последица од Втората балканска војна. Таа година броело 843 жители.[2] Истата 1913 г. 21 муслиман од селото е погубен од групата на Милтијад Малхопулос, припадник на бандата на Миријакос Михаил, откако најпрвин им украле 1500 турски лири. Едно складиште во селото е ограбено, при што стоката била во вредност од 1500 турски лири, а вкупната количина на средства украдени од селото изнесувала 7000 лири.[15]
Во 1920 г. населението бележи пад, кога во Самоков се попишани 663 лица.[2] Во 1923 г. жителите на Самоков се иселени во Турција. Во 1926 г. селото е преименувано во Доматија.[16] До 1928 г. во Самоков се доселени 200 грчки семејства од Турција сочинети од 800 лица[17] (903 според Тодор Симовски)[2]
Во прво време бројот на жители бил стабилен, но со време тој се преполовил поради иселувањето во поголемите градови.[2]
Население
[уреди | уреди извор]Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Година | 1940 | 1951 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 2001 | 2011 | 2021 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1157 | 1165 | 979 | 657 | 551 | 512 | 590 | 457 |
- Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија
Цркви
[уреди | уреди извор]- „Св. Константин и Елена“ — главна селска црква
- „Св. Лука“ — параклис
- Црквичка
Месности
[уреди | уреди извор]Име | Грчки | Ново име | Грчки | Опис |
---|---|---|---|---|
Хавуза[4] | Χαβούζα | Кристалопиги | Κρυσταλλοπηγή[18] | месност Ј од Самоков, при утоката на реката Самоковина во Лаџа[4] |
Личности
[уреди | уреди извор]- Родени во Самоков
- Периклис Кириакидис (Περικλής Κυριακίδης) — андартски деец, агент од трети ред[19]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). I дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 234. ISBN 9989-9819-5-7.
- ↑ „Μετονομασίες των Οικισμών της Ελλάδας“. Πανδέκτης: Name Changes of Settlements in Greece. Посетено на 12 април 2021.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
- ↑ „Γεφύρι στου Καμπούρη (Δωμάτια)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
- ↑ „Γεφύρι (κάτω) στο Κυράνι (Δωμάτια)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
- ↑ „Γεφύρι στου Καϊνακίδη (Δωμάτια)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
- ↑ „Γεφύρι Τουτούνη (Δωμάτια)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
- ↑ „Γεφύρι στην πλατεία (Δωμάτια)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
- ↑ „Κάτω γεφύρι της πλατείας (Δωμάτια)“. Ελληνικός Ορειβατικός Σύλλογος Καβάλας. Посетено на 18 август 2022.
- ↑ „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΔΙΛΑΠ/Γ/3156/49695/20-11-1990 - ΦΕΚ 792/Β/17-12-1990“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 18 август 2022. Посетено на 18 август 2022 г. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help) - ↑ 12,0 12,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Верковичъ, Стефанъ (1889). Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи (PDF). С. Петербургъ: Военная Типографія (въ зданіи Главнаго Штаба). стр. 50.
- ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 201. ISBN 954430424X.
- ↑ Доклад на международната комисия за разследване причините и провеждането на Балканските войни (Карнегиева анкета) (1995) [1914]. „ПРИЛОЖЕНИЕ А“. Другите Балкански войни. София: Фондация „Свободна и демократична България“; К & М. стр. 266. ISBN 954-593-006-3.
- ↑ Μετονομασίες των οικισμών της Μακεδονίας 1919 - 1971, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
- ↑ Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 39 јуни 2012 Проверете ги датумските вредности во:
|accessdate=
(help) - ↑ „Διατάγματα. Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 266. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 79): 711. 1969. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Μιχαηλίδης, Ιάκωβος Δ., Κωνσταντίνος Σ. Παπανικολάου (2008). Αφανείς γηγενείς μακεδονομάχοι (1903-1913) (PDF). Θεσσαλονίκη: University Studio Press. стр. 66. ISBN 978-960-12-1724-6.
|