Сан Базилио де Паленке
Сан Базилио де Паленке или Паленке де Сан Базилио, често нарекуван и Паленке од локалното население, е населено место во департманот Боливар, северна Колумбија. Паленке бил првиот слободен африкански град во Америка, а во 2005 година УНЕСКО го прогласил за ремек-дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото.[1]
Сан Базилио де Паленке | |
---|---|
Забава во Паленке | |
Земја | Колумбија |
Област | Латинска Америка и Карибите |
Историја
[уреди | уреди извор]Шпанците ги довеле поробените Африканци во Јужна Америка преку долината на реката Магдалена. Некои Африканци избегале и го основале ова населено место, блиску до Картагена. Оваа заедница започнала во 1619 година, кога Доминго Биохо водел група од околу 30 луѓе кои избегале во шумите и ги поразил обидите да бидат покорени. Биохо се прогласил себеси за крал Бенкос, и местото привлекло голем број бегалци да се приклучат на неговата заедница. Неговите луѓе ја поразиле првата експедиција испратена против нив, убивајќи го нивниот водач Хуан Гомес. Шпанците се договориле со Биохо, но подоцна го фатиле, го обвиниле за заговор против Шпанците и го обесиле.[2]
Тие се обиделе да ги ослободат сите поробени Африканци кои пристигнале во Картагена, и биле доста успешни. Затоа, шпанската круна издала кралски декрет (1691), гарантирајќи им слобода на Африканците од Паленке де Сан Базилио доколку престанат да ги пречекуваат новите бегалци. Но, бегалците продолжиле да доаѓаат. Во 1696 година, колонијалните власти покориле уште еден бунт, како и помеѓу 1713-1777 година. На крајот, Шпанците се согласиле на мировни услови, и во 1772 година, оваа заедница била вклучена во областа Махатес.[3]
Селото
[уреди | уреди извор]Селото Паленке де Сан Базилио има население од околу 3.500 жители и се наоѓа во подножјето на Монтес де Марија, југоисточно од регионалниот главен град Картагена.[4] Зборот „паленке“ значи „град со ѕидови“ и Паленке де Сан Базилио е само една од многуте заградени заедници кои биле основани од избеганите робови како засолниште во седумнаесеттиот век.[4] Од многуте паленки на избегани поробени Африканци што постоеле претходно, Сан Базилио е единствениот што опстојал.[4] Многу од усните и музичките традиции имаат корени во африканското минато на Паленке.[4]
Селото Сан Базилио е населено главно со Афро-Колумбијци кои се директни потомци на поробените Африканци донесени од Европејците за време на колонизацијата на Америка. Тие ги зачувале своите традиции и развиле и свој јазик, паленкеро. Во 2005 година, селото Паленке де Сан Базилио било прогласено за ремек дело на усното и нематеријалното наследство на човештвото од УНЕСКО.
Во селото Сан Базилио де Паленке, повеќето жители се црнци кои уште ги чуваат обичаите и јазикот од нивните африкански предци. Во последниве години, луѓето од домородното потекло се населиле на границите на Паленке, кои претходно биле раселени поради граѓанската војна во Колумбија. Селото го основал Бенкос Биохо некаде во 16 век.
Една од првите антрополошки студии за жителите на Паленке де Сан Базилио била објавена од антропологот Нина де Фридеман и фотографот Ричард Крос во 1979 година.[5]
Паленкеро јазик
[уреди | уреди извор]Шпански креолски јазик познат како паленкеро потекнува од оваа заедница.[6] „Њујорк тајмс“ на 18 октомври 2007 година објавил дека јазикот што се зборува во Паленке се смета дека е единствениот шпански креолски јазик што се зборува во Латинска Америка. Бидејќи е креолски јазик, неговата граматика значително се разликува од шпанскиот, што го прави јазикот неразбирлив за шпанските говорители.[7] Паленкеро бил под влијание на конгоанскиот јазик, јазикот на Конго и Ангола, а исто така и на португалскиот јазик, кој бил јазикот на трговците со робови кои донеле поробени Африканци во Јужна Америка во 17 век.[7] Сè уште недостасуваат точни информации за различните корени на Паленкеро, а постојат различни теории за неговото потекло. Во 2007 година, помалку од половина од 3.000 жители на заедницата сè уште зборувале паленкеро.[7]
Значајни жители
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Архивиран примерок“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-03-18. Посетено на 2011-06-03.
- ↑ Aquiles Escalante, Palenques in Colombia, in "Maroon Societies: Rebel Slave Communities in the Americas", ed. by Richard Price (Baltimore: Johns Hopkins University Press, 1996), pp. 77-9.
- ↑ Aquiles Escalante, Palenques in Colombia, in "Maroon Societies: Rebel Slave Communities in the Americas", ed. by Richard Price (Baltimore: Johns Hopkins University Press, 1996), pp. 79-80.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 UNESCO. "Proclamation 2005: "The Cultural Space of Palenque de San Basilio."
- ↑ Friedemann, Nina; Cross, Richard. 1979. Bogota: C. Valencia.
- ↑ Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
- ↑ 7,0 7,1 7,2 Simon Romero, "A Language, Not Quite Spanish, With African Echoes", The New York Times, October 18, 2007.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- УНЕСКО: Културниот простор на Паленке де Сан Базилио
- (на шпански) Колумбиско Министерство за култура: Сан Базилио де Паленке, нематеријално наследство на Колумбија Архивирано на 6 февруари 2012 г.
- Видео на CNN
- NYTIMES: Јазик, не сосема шпански, со африкански ехо
- Паленке низ очите на моето срце: Моето прво патување од Вивијан Либерман
|