Прејди на содржината

Сатја-југа

Од Википедија — слободната енциклопедија
Дел од статиите
Хиндуизам
Историја  · Божества
Секти  · Митологија
Верувања
Реинкарнација  · Мокша
Карма  · Самсара  · Маја
Нирвана  · Дарма
Јога  · Ајурведа
Југа  · Вегетаријанство
Бакти  · Арта
Текстови
Упанишади  · Веди
Багават гита
Рамајана  · Махабхарата
Пурана  · Аранјака
Сродни статии
Хиндуизам по земји
Водачи  · Мандир  ·
Касти  · Мантра
Речник  · Празници
Мурти

Сатја-југа (деванагари: सत्य युग), наречена и крита-југа во хиндуизмот, е „југа (доба или ера) на вистината“, кога човештвото го водат боговите, а секоја манифестација или работа е блиску до најчистиот идеал. Понекогаш се нарекува и „Златно доба“. Просечното траење на сатја-југата изнесува 100.000 години. Останатите се: двапара-југа, трета-југа и кали-југа.

Според светите текстови

[уреди | уреди извор]

Меѓу четирите ери, сатја-југа е најважната, во која владеат знаењето, медитацијата и покорноста. Сите столбови на религијата се целосно присутни. Просечен животен век на луѓето во сатја-југа се верува дека е над 100 илјади години. За време на сатја-југа, луѓето ќе прават само добри и возвишени дела, и се верува дека ова е време кога „сите луѓе ќе бидат среќни“.

Во Махабхарата е запишано:

[...] нема сиромашни ниту богати; нема потреба од работа, бидејќи сè што им е потребно на луѓето, го добиваат преку силата на волјата; главна доблест е препуштањето на овоземните желби. Крита југа е без болести, без лоши мисли, без тага, без страв. [...]

Поврзано

[уреди | уреди извор]