Сајмон Кларк (велосипедист)
Кларк на претставувањето на екипите на Тур Даун Андер 2009 | |||
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Цело име | Сајмон Кларк | ||
Прекар | Сајмо | ||
Роден | 18 јули 1986 Мелбурн, Австралија | ||
Висина | 1,75 м | ||
Маса | 63 кг | ||
Податоци за клубот | |||
Мом. клуб | Израел-Премиер Тек | ||
Дисциплина | друмски велосипедизам | ||
Улога | возач | ||
Вид на возач | универзален возач | ||
Аматерски клубови | |||
2006–2008 | SouthAustralia.com-AIS | ||
Професионални клубови | |||
2009 2009–2010 2011 2012–2015 2016-2020 2021 2022- | Амика Чипс-Кнауф ИСД Астана ГринЕЏ Канондејл-Драпак Тим Кубека Асос Израел-Премиер Тек | ||
Значајни победи | |||
| |||
Последна промена 20 октомври 2022 |
Сајмон Кларк (англиски: Simon Clarke; р. 18 јули 1986) — австралиски професионален друмски велосипедист и поранешен велодромски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Израел-Премиер Тек.[1][2] Претходно настапувал за екипите Астана (2011)[3] и Орика-ГринЕЏ (2012–2015).[4] Пред да стане професионален велосипедист, Кларк настапувал во велодромски велосипедизам и бил носител на стипендија од австралискиот институт за спорт.[5] Тој не е поврзан со сонародникот и поранешниот колега Вил Кларк.
Професионална кариера
[уреди | уреди извор]Кларк ја освоил четвртата етапа на Вуелта а Еспања 2012, откако бил дел од раното бегство на планинската етапа. Единствен друг преостанат член на бегството бил возачот на Омега Парма-Квик Степ Тони Мартин, кого Кларк го отспринтал и стигнал до својата прва професионална победа во својата кариера.[6] Во текот на дваесеттата етапа, Кларк завршил прв на првите три категоризирани искачувања, од вкупно пет, со што ја освоил наградата за најборбен возач на етапата и ја обезбедил сината точкеста маичка, како победник во планинскиот пласман.[7]
Во септември 2015 година било објавено дека Кларк ќе се приклучи на екипата Канондејл-Драпак за сезоната 2016.[8] Бил додаден на составот на Австралија за Летните олимписки игри 2016, заменувајќи го Сајмон Геранс, кој доживеал пад на Тур де Франс.[9]
Во ноември 2020 година било објавено дека Кларк ќе се приклучи на екипата Тим Кубека Асос за сезоната 2021.[10] Кларк ја освоил петтата етапа на Тур де Франс 2022.[11] Се приклучил на победничката група на бегалци на етапа која вклучувала единаесет делови на калдрма, многу од нив биле непознати делови кои никогаш претходно не биле возени на Тур или на Париз-Рубе. Кога започнала третата седмица бил принуден да се откаже од Тур по првпат во неговата кариера поради позитивен тест на КОВИД.[12]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2004
- 1. Светски јуниорски првак во екипна потера
- 2005
- 5. ГП Индустри дел Мармо
- 8. Класик Мелбург-Варнамбул
- 10. Краен пласман Џиро деле Реџони
- 2006
- 1. Национален јуниорски првак во медисон
- 4. Краен пласман Џиро деле Реџони
- 5. Трофео Чита ди Бреша
- 7. Краен пласман Вуелта а Навара
- 1. Етапа 4
- 8. Краен пласман Хералд Сан Тур
- 8. Краен пласман Тур Даун Андер
- 9. Краен пласман Трка околу Тирингија под 23 години
- 2007
- 2. ГП Палио дел Речиото
- 3. Национално друмско првенство под 23 години
- 3. Даун Андер Класик
- 3. ГП Либерационе
- 6. Краен пласман Трка околу Британија
- 7. Краен пласман Хералд Сан Тур
- 7. Краен пласман Сиркуито Монтањес
- 8. Џиро дел Мендрисиото
- 8. ГП Каподарко
- 10. Краен пласман Тур Даун Андер
- 2008
- 1. Национален друмски првак под 23 години
- 1. Трофео Чита ди Сан Вендемијано
- 1. Етапа 4 Трка околу Јапонија
- 2. ГП Каподарко
- 2. Ла Кот Пикард
- 2. Трофео Алчиде Дегаспери
- 4. Трка околу Фландрија под 23 години
- 6. Краен пласман Трка околу Ирска
- 7. Трофео Чита ди Кастелфидардо
- 2009
- 8. Краен пласман Трка околу Британија
- 8. Трофео Лаигвелја
- 8. ГП дел’Инсубрија
- 10. Меморијал Чимури
- 2010
- 4. ГП Индустрија & Артиџанато
- 2011
- 5. Копа Уго Агостони
- 5. Тре Вали Варезине
- 7. Џиро дел Фриули
- 7. Ватенфал Класик
- 10. Гран при Квебек
- 2012
- Вуелта а Еспања
- 2. Краен пласман Трка околу Норвешка
- 2. ГП Рогаланд
- 5. Краен пласман Тур ду Хаут-Вар
- 7. Јапонски куп
- 2013
- Тур де Франс
- 1. Етапа 4 (ТТТ)
- Награда за борбеност на етапа 3
- 7. Светско друмско првенство
- 2014
- 1. Краен пласман Хералд Сан Тур
- 1. Етапа 2
- 4. Гран Премио Чита ди Камаиоре
- Тур де Франс
- Награда за борбеност на етапа 12
- 2015
- 1. Етапа 1 (ТТТ) Џиро д’Италија
- 2. Друмска трка Кедел Еванс
- 4. Краен пласман Хералд Сан Тур
- 10. Меѓународен велосипедистички друмски предизвик
- 10. Пруеба Вилјафранка де Ордисија
- 2016
- 1. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
- 2017
- 6. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано
- 2018
- 1. Етапа 5 Вуелта а Еспања
- 8. Краен пласман Вуелта а Андалусија
- 2019
- 2. Краен пласман Тур Ла Прованс
- 2. Амстел Голд Рејс
- 8. Краен пласман Тирено-Адријатико
- 8. Страде Бјанке
- 9. Краен пласман БинкБенк Тур
- 9. Милано-Санремо
- 2020
- 1. Класик Ла Дром
- 2021
- 5. Класик Дром Ројал Бернар
- 5. Класик Примус
- 8. Страде Бјанке
- 2022
- 1. Етапа 5 Тур де Франс
- 3. ГП Мигел Индураин
- 3. Трофео Сера де Трамунтана
- 5. Трофео Калвија
- 6. Трофео Поленса - Порт д’Андрат
Распоред на резултатите на големите трки
[уреди | уреди извор]Голема трка | 2012 | 2013 | 2014 | 2015 | 2016 | 2017 | 2018 | 2019 | 2020 | 2021 | 2022 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Џиро | — | — | — | 63 | 67 | — | — | — | 75 | — | — |
Тур | — | 68 | 113 | — | — | 86 | 100 | 61 | — | 123 | СО |
Вуелта | 77 | 69 | 70 | — | СО | 74 | 46 | — | — | — | — |
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Team Qhubeka Assos“. UCI.org. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2 January 2021. Посетено на 2 January 2021.
- ↑ „Qhubeka Assos continue to build 2021 squad with Clarke, Claeys, Frankiny“. Cyclingnews.com. Future plc. 24 November 2020. Посетено на 24 November 2020.
- ↑ „Clarke bound for GreenEdge“. cyclingnews.com. 23 август 2011.
- ↑ „Clarke bound for GreenEdge“. cyclingnews.com. 2011-08-23.
- ↑ Cycling Australian road cycling team announced for world championships
- ↑ Бен Аткинс (21 август 2012). „Vuelta a España: Simon Clarke wins in stage four breakaway as Valverde loses to a crash“. Velo Nation. Velo Nation LLC. Посетено на 23 август 2012.
- ↑ „Кларк: Јас не сум искачувач, јас сум опортунист“. Cycling News. Future Publishing Limited. 9 септември 2012. Посетено на 9 септември 2012.
- ↑ Виндзор, Ричард (24 септември 2015). „Simon Clarke swaps Orica-GreenEdge for Cannondale-Garmin for 2016“. Cycling Weekly. Посетено на 24 септември 2015.
- ↑ „Australian Simon Clarke called up for Olympic Road Race“. cyclingnews.com. 23 јули 2016. Посетено на 24 јули 2016.
- ↑ „Clarke, Claeys and Frankiny to boost Team Qhubeka-Assos“. НТТ Про Сајклинг. Ryder Cycling. 24 November 2020. Архивирано од изворникот на 2020-11-24. Посетено на 24 November 2020.
- ↑ „Tour de France: Simon Clarke conquers cobbles to win stage 5“. 6 July 2022.
- ↑ Staff Writer (17 July 2022). „Cort Nielsen and Clarke out of Tour de France with COVID-19“. Reuters. Посетено на 17 July 2022.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Сајмон Кларк“ на Ризницата ? |
- Матична страница (англиски)
- „Достигнувања на Сајмон Кларк“. Cycling Archives.
- „Достигнувања на Сајмон Кларк“. Cycling Quotient.
- „Достигнувања на Сајмон Кларк“. ProCycling.
|