Прејди на содржината

Свидовица

Координати: 41°23′26″N 22°41′53″E / 41.39056° СГШ; 22.69806° ИГД / 41.39056; 22.69806
Од Википедија — слободната енциклопедија
Свидовица
Свидовица во рамките на Македонија
Свидовица
Местоположба на Свидовица во Македонија
Свидовица на карта

Карта

Координати 41°23′26″N 22°41′53″E / 41.39056° СГШ; 22.69806° ИГД / 41.39056; 22.69806
Општина Струмица
Население 292 жит.
(поп. 2021)[1]

Шифра на КО 27059
Надм. вис. 250 м
Слава Вознесение Христово
Свидовица на општинската карта

Атарот на Свидовица во рамките на општината
Свидовица на Ризницата

Свидовица — село во Општина Струмица, во областа Подгорје, во околината на градот Струмица.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Црква „Вознесение Христово“
ОУ „Даме Груев“
Куќа во селото

Свидовица се наоѓа во југоисточниот дел на Република Македонија, во подножјето на планината Беласица, југоисточно од градот Струмица, во непосредна близина на село Куклиш. Од најблискиот град Струмица е оддалечен 9 километри.

Надморската височина во селото е 250 метри а површината на селото изнесува 1205 ха.

Селото се граничи со Куклиш, Сачево, Дорломбос, Муртино, Булунтули.

Историја

[уреди | уреди извор]

Според една стара легенда, за време на Битката на Беласица во 1014 година, во редовите на самуиловата војска имало и многу војници од Струмичката област, како и од тогашното село Ораше (денешна Свидовица). Во оваа крвава битка загинале сите мажи од селото Ораше. Жените останале вдовици или на српски (сви-вдовици). Легендата вели дека со комбинација на тие два збора, тогашното село Ораше било преименувано во денешна Свидовица[2].

Кога овие простори биле завладеани од Османлиите, селото Свидовица станало чифлик. Христијанското население било истиснато од муслиманите, поради што морало да се пресели во соседното село Куклиш. Така Свидовица било чисто турско село до Првата светска војна кога голем број од муслиманското население се вратило назад во Турција.

Во „Етнографија на Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Свидовица се состоела од 400 жители Македонци[3][4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година Свидовица имало 1350 жители Македонци[3][5].

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Претежно занимање на населението е земјоделство и сточарство. Обработливото земјиште во селото зафаќа површина од 331 ха[6].

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948588—    
1953645+9.7%
1961326−49.5%
1971364+11.7%
1981358−1.6%
ГодинаНас.±%
1991371+3.6%
1994352−5.1%
2002325−7.7%
2021292−10.2%

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 350 Турци и 150 Македонци.[7]

Според пописот од 2002 година, во Свидовица живеат 325 жители[8] и претставува средна по големина населба, со континуирано намалување на бројот на жители.

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 292 жители, од кои 247 Македонци, 10 Турци и 35 лица без податоци.[9]

На табелата е прикажан националниот состав на населението низ сите пописни години:[10]

Година Македонци Албанци Турци Роми Власи Срби Бошњаци Ост. б.п. Вкупно
1948 588
1953 198 442 5 645
1961 285 35 5 1 326
1971 330 33 1 364
1981 329 26 3 358
1991 326 45 371
1994 314 38 352
2002 309 16 325
2021 247 10 35 292

Општествени установи

[уреди | уреди извор]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 1836 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 264 гласачи.[12]

На Македонски парламентарни избори во 2020 година, на овие избирачки места биле запишани вкупно 265 гласачи.[13]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]

Култура и спорт

[уреди | уреди извор]

Иселеништво

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. http://www.strumicacity.com/2015/12/25/%D0%BD%D0%B5%D0%B2%D0%B5%D1%80%D0%BE%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%BD%D0%B0%D1%82%D0%B0-%D0%BB%D0%B5%D0%B3%D0%B5%D0%BD%D0%B4%D0%B0-%D0%B7%D0%B0-%D1%81%D0%B2%D0%B8%D0%B4%D0%BE%D0%B2%D0%B8%D1%86%D0%B0/
  3. 3,0 3,1 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  4. Македония и Одринско. Статистика на населението от 1873 г., Македонски научен институт, София, 1995, стр. 186-187.
  5. Кънчов, Васил. Македония. Етнография и статистика, София, 1900, стр. 159.
  6. „Населени места во Струмица“. http://www.strumica.gov.mk. Посетено на 2013-05-05. Надворешна врска во |publisher= (help)
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
  9. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  10. Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат Архивирано на 10 декември 2021 г.. Државен завод за статистика.
  11. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  12. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  13. „Парламентарни избори 2020“. Архивирано од изворникот на 2021-03-05. Посетено на 3 ноември 2020. line feed character во |title= во положба 21 (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]