Прејди на содржината

Селемли

Координати: 41°9′1″N 22°37′1″E / 41.15028° СГШ; 22.61694° ИГД / 41.15028; 22.61694
Од Википедија — слободната енциклопедија
Селемли

Панорамски поглед на Селемли

Селемли во рамките на Македонија
Селемли
Местоположба на Селемли во Македонија
Селемли на карта

Карта

Координати 41°9′1″N 22°37′1″E / 41.15028° СГШ; 22.61694° ИГД / 41.15028; 22.61694
Регион  Вардарски
Општина  Богданци
Област Бојмија
Население 255 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1488
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06024
Надм. вис. 150 м
Селемли на општинската карта

Атарот на Селемли во рамките на општината
Селемли на Ризницата

Селемли — село во Општина Богданци, во областа Бојмија, во околината на градот Богданци.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]
Поглед на Селемлиското Езеро, мало вештачко езеро во непосредна близина на селото

Населбата се наоѓа во областа Бојмија, во југоисточниот дел на територијата на Општина Богданци, чиј атар се допира со државната граница со Грција[2] и има премин. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 150 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 11 километри.[2] Селемли е сместено јужно од селото Стојаково, со кое е поврзано со асфалтен пат.

Атарот зафаќа површина од 6 км2. На него преовладува обработливото земјиште на површина од 390 хектари, на пасиштата отпаѓаат 160 хектари, а на шумите само 4 хектари.[2]

Во јужниот дел на селото се наоѓа малото вештачко езеро Селемлија, изградено во 1970-тите години за наводнување на лозовите насади.

Историја

[уреди | уреди извор]

Подрачјето на Селемли е населено уште во доцната антика, за што сведочат остатоците на наоѓалиштето Голема Чешма крај езерото јужно од селото.[3]

Во XIX век, Селемли било турско село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Вкупно 2 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Во основа, селото има полјоделска функција.[2]

Населението во Селемли претежно се занимава со одгледување на земјоделски производи (најмногу раноградинарски) пред сѐ поради погодната топла клима и силните средоземни влијанија кои продираат во овој регион. Исто така е застапено и одгледувањето на винова лоза од кое се произведува квалитетно вино и ракија.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948207—    
1953161−22.2%
1961287+78.3%
1971303+5.6%
1981321+5.9%
ГодинаНас.±%
1991336+4.7%
1994342+1.8%
2002327−4.4%
2021255−22.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Селемли имало 250 жители, сите Турци.[5]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 150 Македонци.[6]

Со растот на бројот на населението, селото преминало од мало во средно село по големина. Така, во 1961 година, Селемли имало 287 жители, а во 1994 година бројот се зголемил на 342 жители, од кои 311 Срби и 31 Македонец.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Селемли имало 327 жители, од кои 35 Македонци и 292 Срби.[7]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 255 жители, од кои 43 Македонци, 191 Србин, 1 останат и 20 лица без податоци.[8]

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 250 207 161 287 303 321 336 342 327 255
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]
Поглед на полето околу селото, а во далечина ветерните турбини на ветропаркот „Богданци“

Селото влегува во рамките на Општина Богданци, една од малкуте општини кои не биле изменети со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Богданци.

Во периодот 1950-1952, селото било седиште на некогашната општина Стојаково, во која влегувале селата Селемли и Стојаково.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната општина Богданци, во која покрај селото Стојаково се наоѓале градот Богданци и селата Богородица, Ѓавато и Селемли.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Богданци.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Избирачко место

[уреди | уреди извор]

Во селото постои избирачкото место бр. 370 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 225 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви
  • Црква „Св. Ѓорѓи“ — црква во изградба, започната во 2011 г, но до 2017 година биле поставени само темелите[15]
Археолошки наоѓалишта
Езера
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 268. Посетено на 11 јули 2017.
  3. 3,0 3,1 Грозданов, Цветан; Коцо, Димче; и др. (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Т. 2. Скопје: МАНУ. стр. 113. ISBN 9989-649-28-6.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 151.
  6. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  7. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јули 2017.
  8. „Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 29 декември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 29 декември 2019.
  15. Забележано од членовите на проектот „Викиекспедиции“ за време на втората експедиција во Бојмија на 23 април 2017 година.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]