Прејди на содржината

Серска тврдина

Координати: 41°05′51″N 23°33′03″E / 41.0974° СГШ; 23.5507° ИГД / 41.0974; 23.5507
Од Википедија — слободната енциклопедија
Серска тврдина
Ακρόπολη, Κουλάς
Орестовата кула
Карта
МестоСер, Серско
ОбластЕгејска Македонија, Грција
Координати41°05′51″N 23°33′03″E / 41.0974° СГШ; 23.5507° ИГД / 41.0974; 23.5507
Видтврдина
Историја
Раздобјеантика среден век
Белешки за наоѓалиштето
Состојбаделумно зачувана

Серска тврдина или Серско кале, наречено и Кула (грчки: Ακρόπολη, Κουλάς) — античко-средновековна одбранбена градба над градот Сер, Егејска Македонија. Византијците ја нарекувале Кастро (Κάστρο = „тврдина“). Од античката тврдина останала само една 18-метарска кула (VII - VI век), денес наречена „Орестова кула“ (Πύργος του Ορέστη). Во IX век тврдината е изградена од царот Никифор Фока.[1]

Во XVII век патописецот Евлија Челебија напишал за кулата:

Кога тврдината ја опсадил Мурат I, голем дел од неа бил срушен и газите со нивните војници лесно ја завладеале. Тврдината е позната како Сируз, што на персиски значи денес, но мештаните ја нарекуваат Серес на разговорен јазик... Има убава камена структура со пет агли. Сместена е на рид источно од градот. Стои на мазна и масивна црна карпа. Има две врати — едната на исток, другата на запад. Главните порти немаат помали отвори. Во тврдината нема населени места.[2]

Во 1891 г. Георги Стрезов на пипишал за тврдината:

Меѓу другите старини во градот е и споменатата тврдина, за која преданието кажува дека ја направил српскиоот крал Стефан Душан, кога ја прострел неговата држава сè до Места и го достигнал врвот на славата. Од Душановата тврдина стојат урнатини, меѓу кои најдобро зачувани се една црквичка черквица и една кула.[3]

На почетокот на 1913 г. Богдан Филов ја посетил тврдината и напишал за неа:

Калето е градено од речни камења со малтер без ќерамиди. Освен големата кула, зачувани се уште една помала многу делови од ѕидините, а воедно и полусрушената византиска црква во облик на крст со кутната купола.[4]

Во 1925 г. тврдината со кулата и црквата „Св. Никола“ се прогласени за защитен споменик на културата.[5]

  1. „Aκρόπολη (Κουλάς)“. Δικτυακή Πύλη Ενδιαφέροντος - Υπουργείο Μακεδονίας Θράκης. Архивирано од изворникот на 2012-11-24. Посетено на 12 май 2014. Проверете ги датумските вредности во: |accessdate= (help)
  2. „Castle“. Traces of Ottoman. Архивирано од изворникот на 2014-05-12. Посетено на 12 мај 2014.
  3. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Седма (XXXVI): 829.
  4. Филов, Б. Пътувания из Тракия, Родопите и Македония 1912 - 1916, София, 1993, стр. 48.
  5. „ΠΔ 13-9-1925 - ΦΕΚ 262/Α/22-9-1925“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 2022-12-09. Посетено на 13 март 2022.