Прејди на содржината

Сикјес

Координати: 40°39′N 22°57′E / 40.650° СГШ; 22.950° ИГД / 40.650; 22.950
Од Википедија — слободната енциклопедија
Сикјес
Συκιές
Поглед на населбата со Еди-куле
Поглед на населбата со Еди-куле
Сикјес is located in Грција
Сикјес
Сикјес
Местоположба во регионот
Сикјес во рамките на Неаполи-Сикјес
Сикјес
Местоположба на Сикјес во општината Неаполи-Сикјес и областа Централна Македонија
Координати: 40°39′N 22°57′E / 40.650° СГШ; 22.950° ИГД / 40.650; 22.950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругСолун
ОпштинаНеаполи-Сикјес
 • Општ. един.7,982 км2 (3,082 ми2)
Надм. вис.&10000000000000170000000170 м
Население (2011)[1]
 • Општ. един.35.545
 • Општ. един. густина4,500/км2 (12,000/ми2)
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)

Сикјес или Сикее (грчки: Συκιές, Сикјес) — приградско подрачје на Солун, Егејска Македонија, денес во општината Неаполи-Сикјес на Солунскиот округ во Централна Македонија, Грција. Населението брои 35.545 жители (2021). Претставува административен центар на денешната општина Неаполи-Сикјес.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Населбата е сместена во подножјето на планината Хортач, во непосредна близина на градот Солун, надвор од неговите западни ѕидини, источно од населбата Неаполи.[2] Зафаќа површина од 7,982 км2.

Историја

[уреди | уреди извор]

Населбата била подигната во 1922 г. од грчки колонисти од Мала Азија.[2]

Со наредба на грчката влада од 18 јануари 1934 година кон Сикјес се припоени исто така новосозданените доселенички населби Неа Варна, Леванти, Ригас Фереос, Колокотронис, Арго, Заими, Топ Алти и населбите Ексо тон Тихон и Гени ке Ески Делик.[2]

Стопанство

[уреди | уреди извор]

Населението исклучително се занимава со градски занимања.[2]

Население

[уреди | уреди извор]

Населбата за прв пат се спомнува во пописот од 1928 година кога броело 1.200 жители. Во пописот од 1940 година, селото било забележано со 7.595 жители, во 1951 година со 9.626, во 1961 година со 16.697, во 1971 година со 23.574, во 1981 година со 32.288, а во 1991 година со 34.059 жители.[2]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 7.595 9.626 16.697 23.574 32.288 34.059 41.726 37.753 35.545
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Во 1954 година, населбата станала самостојна градска општина, а атарот на општината опфаќал површина од 9,782 квадратни километри. Во нејзиниот состав влегувале населбите Арменохори и Реџик.[2]

Населбата припаѓа на општинската единица Сикјес со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Неаполи-Сикјес, во округот Солун.

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Цркви

  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 2,5 Симовски, Тодор (1998). Населените места во Егејска Македонија : географски, етнички и стопански одлики. II дел. Скопје: Институт за национална историја. стр. 341.
  3. „Ι. Ν. Αγ. Θεοδώρων & Αγ. Αναστασίας Φαρμακολυτρίας Συκεών - Ιστοσελίδα Μητροπόλεως“. Архивирано од изворникот на 2016-03-21.

Надворешни врси

[уреди | уреди извор]