Синоптичарот
„Синоптичарот“ | |
---|---|
Режисер | Гор Вербински |
Продуцент | Tод Блек Џејсон Блументал Стив Тиш |
Сценарист | Стив Конрад |
Главни улоги | Николас Кејџ Мајкл Кејн Хоуп Дејвис Мајкл Рисполи Гил Белоус |
Музика | Ханс Зимер |
Кинематографија | Федон Папамихаил |
Монтажа | Крег Вуд |
Студио | Escape Artists |
Дистрибутер | Paramount Pictures |
Премиера | 20 октомври 2005 (Интернационален филмски фестивал Чикаго) 28 октомври 2005 (САД) |
Времетраење | 102 минути |
Земја | САД |
Јазик | Англиски |
Бруто заработка | 19 милиони долари[1] |
Синоптичарот (англиски:The Weather Man) — американска комедија-драма филм од 2005 година, во режија на Гор Вербински, напишан од Стив Конрад, во кој играат Николас Кејџ, Мајкл Кејн и Хоуп Дејвис. Приказната се врти околу еден синоптичар кој поминува низ средовечна криза.
Филмот заработи 19 милиони долари ширум светот.
Заплет
[уреди | уреди извор]Успешниот синоптичар на временска прогноза во Чикаго, Дејвид Сприц (Николас Кејџ) е добро платен, но не добива скоро никаква почит од луѓето во околината, кои често фрлаат брза храна кон него. Дејвид се сомнева дека тоа е поради фактот што тие се огорчени ради тоа колку е лесна неговата висока платена работа. Дејв, исто така, се чувствува засенет од неговиот татко, автор и добитник на Пулицерова награда, Роберт Сприцел (Мајкл Кејн), кој е разочаран од очигледната неспособност на Дејв да созрее и да се справи со неговите две деца. Ситуацијата започнува да се влошува откако на Роберт ќе му биде дијагностицирана лимфома и му е кажано дека ќе живее само уште неколку месеци. Како што станува сè повеќе и повеќе депресивен, Дејв зема курс по стрелаштво, наоѓајќи во таа активност начин да го врати својот фокус и да ги смири нервите.
Дејвид подоцна се присеќа на еден разговор помеѓу него и неговиот татко, каде тој му објаснил дека „потешката работа и вистинската работа меѓу која човек треба да одбере најчесто се едно исто“ и дека „ништо што има значење не е лесно“. Дејвид го цени овој совет, но тешко му оди да го спроведе во пракса.
За да се докаже пред својот татко и евентуално да се смири со сопругата Норин (Хоуп Дејвис), со која е разделен, Дејв се бори за работната позиција на синоптичар во националното ток-шоу Здраво Америка. Работата би му ја зголемила неговата плата за скоро четири пати, но исто така значи преселување во Њујорк Сити. Кога Здраво Америка го кани во Њујорк, тој ја зема со себе неговата ќерката Шели (Гемењ де ла Пења) и успева да се зближи со неа помагајќи и да си купи посоодветна гардероба. Додека е таму, Дејв е известен дека неговиот син Мајк (Николас Холт) го нападнал неговиот советник Дон Боуден (Гил Белоус), тврдејќи дека тој сакал да изврши орален секс врз него. И покрај претрпениот стрес и цела вечер помината во пиење, Дејв ги импресионира менаџерите на Здраво Америка кои му ја нудат работата нему.
Кога се враќа назад, Дејв, лут затоа што Рас (Мајкл Рисполи), момчето на Норин, разговарал со неговиот син околу ситуацијата која се случила, импулсивно му удира шлаканица. Подоцна, Дејв се соочува и со советникот во неговиот дом, тепајќи го и предупредувајќи го дека му следи полошо.
Подоцна, целото семејството одржува пред-погреб за Роберт (организиран од мајката на Дејв, Лорен, играна од Џудит МекКонел ) и таму Дејв бара од Норин да се смири со него и да се преселат во Њујорк, но таа веќе одлучила да се омажи за Рас. Дејв и Роберт имаат еден последен разговор, во кој Дејв се расплакува, несигурен за одлуките кои ги направил во животот. Роберт го теши, велејќи му дека има време да се ослободи од целото ѓубре во неговиот живот. Роберт умира набргу потоа.
Филмот завршува неколку месеци подоцна, откако Дејв ја прифатил работата и се преселил во Њуjорк. Луѓето веќе не фрлаат работи кон него, што, според него, се должи на фактот што тој со себе носи лак и стрела,
Улоги
[уреди | уреди извор]- Николас Кејџ како Дејвид Сприц (вистинско име Дејвид Сприцел)
- Мајкл Кејн како Роберт Сприцел
- Хоуп Дејвис како Норин
- Николас Холт како Мајк Сприцел
- Гемењ де ла Пења како Шели Сприцел
- Мајкл Рисполи како Рас
- Гил Белоус како Дон Боуден
- Џудит МекКонел како Лорен Сприцел
- Том Скилинг како помошник директор на WGN
Исто така во епизодни улоги се појавуваат неколкуминапрезентери на вести, како Брајант Гамбел, Ед МекМенон, Кристина Фераре и Волфганг Пак.
Прием
[уреди | уреди извор]Синоптичарот добил вкупна оценка од 59 проценти на Rotten Tomatoes и имал просечен ранг од 6,1/10 врз основа на 136 рецензии. Консензусот на страницата вели: „Со одлични изведби и темна, сува смисла за хумор, Синоптичарот е претежно облачен со само повремени изблици на сонце“.[2] Има 61 од 100 резултат на Метакритик, земено од 37 филмски критичари, што укажува на „генерално поволни критики“.[3]
Филмот почнал да се прикажува во Северна Америка на 28 октомври 2005 година и бил во кината скоро осум недели (точно 54 дена). Заработил 12,5 милиони долари во САД и 6,6 милиони долари интернационално, за вкупно 19 милиони долари.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ "The Weather Man (2005)" Архивирано на 5 февруари 2018 г.. Box Office Mojo. Amazon.com. Retrieved January 8, 2011.
- ↑ „The Weather Man (2005)“. Rotten Tomatoes. Flixter. Посетено на August 7, 2009.
- ↑ „The Weather Man (2005)“. Metacritic. CBS Interactive. Архивирано од изворникот на 2009-11-19. Посетено на August 7, 2009.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Синоптичарот на Семрежната филмска база на податоци (англиски)
- Синоптичарот — AllMovie (англиски)
- Синоптичарот на Rotten Tomatoes