Прејди на содржината

Слобода или смрт (1924 - 1934)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Слобода или смрт
број 1, 10 декември 1924
УредникСимеон Ефтимов
Димитар Цилев
Основан1924
ЈазикБугарски
СедиштеСофија

Слобода или смрт (бугарски: Свобода или смъртъ) бил весник на македонската емиграција во Бугарија, илегален орган на Внатрешната македонска револуционерна организација, излегувал во периодт помеѓу 1924 - 1934 година. Поднасловот на весникот е Револуционерен лист. Весникот во првите години на излегувањето бил под влијание на членот на ЦК на ВМРО, генерал Александар Протогеров. По убиството на Протогеров во 1928 година, протогеровисткото крило издава свој весник Слобода или смрт до 1930 година, а стариот весник почнува да ја следи линијата на михајловисткото крило во организацијата. Весникот ги бранел позициите на ВМРО за неподобрување на односите на Бугарија со Југославија и Грција. Весникот престанал да излегува по забраната на ВМРО од Деветнаесетомајската влада во 1934 година [1].

  1. Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 226.