Спиро Василев
Спиро Василев | ||
Роден | ? Загоричани, Македонија | |
---|---|---|
Починал | ? ? |
Спиро Василев — бугарски општественик со потекло од Македонија, претседател на Костурското благотворително друштво и деец на Внатрешна македонска револуционерна организација.
Животопис
[уреди | уреди извор]Спиро Василев е роден во костурското село Загоричани, тогаш во Османлиското Царство, денес Василиада, Грција. При избувнувањето на Првата балканска војна во 1912 година е доброволец во Македонско-одринското ополчение и служи во 1 чета при 6 охридска дружина [1].
Во 1920 година заедно со други Македонци го создал Бугарското благотворително друштво "Подкрепа" во Цариград [2]. Се населува во Бугарија и станува претседател на Костурското братство [3] .
По окупацијата на Грција во Втората светска војна во мај 1941 година бугарската влада испраќа делегација на Костурско братство во југозападна Македонија. Во неа влегуваат Дамјан Илиев, Спиро Василев и Петар Марков од Загоричани, Пандели Киселинчев од Косинец и Ѓорѓи Христов од Хрупишча. Делегацијата ги обиколила Леринско и Костурско на потегот Битола - Баница - Екши Су - Зелениче - Загоричани - Рупишта - Косинец - Лабаница - Смъдеш - Брезница - Рулја - Желев - Лерин, каде што на 24 мај присуствува на голема манифестација.
Населението ја пречекала делегацијата "со луда радост" и се распрашала кога ќе дојде бугарска војска, бидејќи италијанските и германските власти ја помагале грчката администрација, која го тероризирала македонското население. Делегацијата предлага да се испратат Македоци како бугарски-преведувачи при воените комендантства, да се настојува во македонските села, кој биле третирани од бугарската власт како бугарски села, да се постават градоначалници Македонци, односно Бугари, да се формира месна милиција, да се дозволи ширењето на бугарски весници и книги, во Битола (која е во територијата анексирана кон Бугарија ) да се создаде егејски комитет за комуникација со бугарските власти.
Во почетокот на април 1943 година на иницијатива на Централниот комитет на ВМРО, Костурско братство испратило втора делегација во Костурско, во која влегувале Спиро Василев, Георги Киселинчев, Тома Бакрачев, Димитар Палчев и Никола Трифунов. По враќањето испратиле извештај до Борис III, во извешатојот била претставена лошата положба на македонското население, подложено на терор од вооружени грчки сили и од италијанските окупаторски власти и се побарало пробугарската паравоена организација Охрана да и се дадат 1000 пушки, 20 лесни и тешки митралези и муниција, за да се вооружат сите доброволци, меѓу другото се настојувало Бугарија да даде и политичка поддршка на Охрана.
Во јули 1943 година Спиро Василев заедно со Јосиф Кузев Марков, Христо Руков, Васил Филипов Стумбов и Крсте Јанков Крстев пристигнуваат во Битола и се сретнат со приврзаниците на ВМРО во градот - адвокатот Георги Атанасов, Сотир Тренчев, Стефан Светиев, доктор Борис Светиев и повторно заминуваат за Костурско, за да ја помогнат на вооружената борба на Охрана.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. Личен състав“, Главно управление на архивите, 2006, стр. 113.
- ↑ Куманов, Милен. „Македония. Кратък исторически справочник“, София, 1993, стр. 42.
- ↑ Шандански, Иван. Съдбата на българската милиция в Егейска Македония е трагична, вестник Монитор, 28 април 2007.[мртва врска]