Прејди на содржината

Стефанида Битолска

Од Википедија — слободната енциклопедија
Стефанида Битолска
Роден(а) 1887, Врака, Скадарско, Османлиска империја
Починал(а) 1945, Битола
Канонизација 30 јуни 2024
Слава

Стефанида Битолска (род. Стевка Ѓурчевиќ, 1887. Врака - 4. мај 1945. Битола) е православна светителка.

Стефанида е родена во Врака кај Скадар во 1887 година како Стевка Ѓурчевиќ. По протерувањето на Србите од тие краеви, во 1933, од родното место во Албанија нејзиното семејство се сели во Метохија во Клин, кај Дреновци. Од раната младост се посветува на живата љубов према Христа, приносувајќи молитви во манастирот Високи Дечани. Сочувани се нејзините писма кон духовникот Епископот скадарски Виктор од тој период. На покана на епископот Николај Велимировиќ, дошла во Битола и живеела како монахиња при домот за сираци Богдај. После претрпеното насилство од страна на Германците, маченички пострадала во Битола на 4 мај 1945 година.

На Велика сабота ја погребаа во крстоарскиот манастир Свети Христифор, над селото Крстоар, над Битола. Во октомври 2019 година, со благослов на Високопреосветениот митрополит преспанско-пелагониски г. Петар, моштите на Светата преподобномаченичка Стефанида биле пренесени во Слепченскиот женски манастир посветен на Свети Јован Претеча, каде што свечено биле положени во кивот и до денес изливаат телесни и душевни исцеленија на сите оние што со вера ѝ пристапуваат.