Стефан Дедов
Стефан Јакимов Дедов | ||
Роден | 28 октомври, 1869 година Охрид, Македонија како дел од Отоманско Царство | |
---|---|---|
Починал | 19 септември, 1914 година Софија, Бугарија Убиен од страна на ВМРО (Автономистичка) на Тодор Александров, по нарачка на Бугарската влада. | |
Националност | Македонец |
Стефан Јакимов Дедов (28 октомври 1869 во Охрид — 19 септември 1914 во Софија, Бугарија) — македонски национален деец, организатор на македонскиот клуб со читалиште во Белград[1] и сопственик на неговиот орган „Балкански гласник“ (1902 година), којшто прв јавно го прокламирал македонскиот литературен јазик со фонетскиот правопис.[2]
Животопис
[уреди | уреди извор]Се школувал во Охрид и учителствувал во Македонија. Работел како телеграфско-поштенски чиновник во Берковица и Русе. Одржувал постојано врски со сепаратистичките македонски кружоци во Битола, Ресен и Охрид. Во 1898 година се преселил со своето семејство во Белград, каде почнал да студира на Правниот факултет (1898-1902)[1] и ги организирал македонските емигранти и печалбари во посебни македонски асоцијации.[2]
Откако го издал „Балкански гласник“, во којшто прв пат биле изложени програмските основи на новото македонско национално движење: Македонците како посебна совенска нација, македонскиот како одделен литературен јазик со фонетски правопис, Охридската архиепископија како македонска национална црква и Македонија како автономна или самостојна балканска држава или пак како рамноправна единица на балканска федерација или конфедерација. Кога Македонскиот клув подготвил меморандум за Македонија до големите сили, организаторите биле жестоко нападнати од печатот и изгонети од Србија.[3]
По забраната на клубот, заедно со Дијамандија Мишајков заминал во Санкт Петербург и станал член-основач на Македонското научно литературно другарство (28 октомври, 1902 година) и соавтор на првата македонска комплетна национално-ослободителна програма во вид на Меморандум до Владата на Русија (12 ноември, 1902 година).[2][3]
Откако го формирал Македонското научно литературно другарство и по средбите со високите кругови на Русија, заминал во Софија, а паралелно со него Мишајков заминал за Битола, за да го подготвува теренот за отворање македонски училишта за престојното Илинденско востание.[3] Таму ги издава неофицијалните органи на другарството: „Балкан“ (1903) и „Куриер“ (1904).[2] Бил соработник на весникот „Автономна Македонија“,[1] истовремено го помогнал ѝ печатењето на книгата „За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903 година) и соработувал во софискиот печат (весниците „Ден“ и „Балкански куриер“), најчесто под псевдонимот Ридски или Р.[2][3]
Убиен е од страна на соработникот (четник) на Тодор Александров, Славе Иванов,[4] а по наредба на бугарската влада.[1][3]
Една улица во Скопје е именувана по него.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 1,3 Личности од Македонија. Скопје: МИ-АН. 2002. стр. 85. ISBN 9989-613-28-1. На
|first=
му недостасува|last=
(help) - ↑ 2,0 2,1 2,2 2,3 2,4 д-р Стојан Киселиновски и др. (2000). Македонски историски речник. Скопје: ИНИ. стр. 145. ISBN 9989-624-46-1. Недостасува
|author1=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Ристовски, Блаже (2009). Македонска енциклопедија. Скопје: МАНУ. стр. 440. ISBN 978-608-203-023-4. OCLC 499142958.CS1-одржување: датум и година (link)
- ↑ „НА 19 СЕПТЕМВРИ 1914 ВО СОФИЈА Е УБИЕН СТЕФАН ЈАКИМОВ ДЕДОВ, ПРВ ГО ПРОКЛАМИРА МАКЕДОНСКИОТИТЕРАТУРЕН ЈАЗИК СО ФОНЕТСКИ ПРАВОПИС“. ТВ НОВА 12. 2021-09-19. Посетено на 2022-02-02.
- ↑ „Стефан Јакимов-Дедов - Скопје“. wikimapia.org. Посетено на 2022-02-02.
Литература
[уреди | уреди извор]- Д-р Блаже Ристовски, Крсте Петков Мисирков (1874-1926). Прилог кон проучувањето на развитокот на македонската национална мисла. Скопје, 1966, стр. 61-811
- Д-р Блаже Ристовски, Димитрија Чуповски (1878-1940) и Македонското научно литературно другарство во Петроград, I, 1978. стр.172-177