Султанзаде
Султанзаде — османлиска титула која се однесува за синовите на принцезата (султана). Женски еквивалент е ханимсултана.
Употреба
[уреди | уреди извор]Во отоманската династија, султанзаде бил исклучен од османлиското царско наследство, бидејќи престолот припаѓал на синовите на султанот (шехзаде).
Формалниот начин на обраќање на султанзадит бил Султанзаде (дадено име) Бег-Ефенди. Бег е турска титула за поглавар, традиционално се применува на водачите (за мажите) на мали племенски групи. Ефенди е титула на благородништвото што значи Учител. Официјалниот стил на синовите на султанзаде бил едноставно бег, т.е господин. Сите овие титули сè уште ги користи семејството Османоглу.
Ханимсултана
[уреди | уреди извор]Женската еквивалентна титула која се употребувака е ханимсултана, од титулата ханим, турска форма на монголската титула ханум, женски еквивалент на хан. Ханимсултана е титула за ќерките на султанските принцези. Формалниот начин на обраќање на ханимсултана е (дадено име) Ханимсултана , т.е. Султана госпоѓо (дадено име).
Примери
[уреди | уреди извор]- Султанзаде Мехмед-паша, осмналиски Голем везир.
- Султанзаде Сабахадин, осмналиски социолог.