Прејди на содржината

Тези за потеклото на македонскиот народ

Од Википедија — слободната енциклопедија
Спорна статија
Спорна статија
Внимание
Содржината на оваа статија се смета за спорна.
Видете ја страницата за разговор за соодветната дискусија.

За потеклото на современиот македонски народ (Македонците) постојат повеќе тези и претпоставки. Овие тези се поткрепуваат со голем број на историски, јазични (филолошки-лингвистички), културолошки (народно творештво), генетски аргументи, факти и истражувања. Нивното проучување, полемика и развој и во денешни дни (по независноста на Македонија и засиленото непризнавање на името и нацијата од соседните држави) се многу актуелни. Честа е појавата на користење на овие тези во политичкиот живот во Република Македонија, при што тие се предмет на (дневно)политички судири, препукувања, расправи и полемики.

Теза за словенско потекло

[уреди | уреди извор]

Според академик Блаже Ристовски[1], современите Македонци се производ на мешањето на словенските племиња кои се населиле во Македонија во 7 век, со месното население[1]. Потврда за овој став се разните антрополошки и генетски истражувања, коишто констатираат 3.8% Underhill et al. (2009), словенски гени (од тип R1a1a7 (R-M458)), додека останатите се оценуваат како генетски материјал од народите што ја населувале Македонија пред доаѓањето на Словените[2][3][4].

Според овој став за културолошкиот карактер на Македонците македонското културно наследство е словенско, со силни византиски и отомански влијанија и примеси[5]. Македонците имаат богат средновековен културен фонд, чии индикатори се многубројните фрески, иконостаси и дрворези во црквите и манастирите, народните носии, книжевноста и друго. Зборовниот фонд на современиот македонски јазик во најголем дел е од словенско јазично потекло.

Македонскиот народ исто така има голема историска улога во создавањето на словенската писменост. Имено, гласовниот инвентар на дијалектот на македонските Словени од околината на Солун е земен за основа на првото словенско писмо (глаголицата), а самиот дијалект издигнат до ниво на прв книжевен словенски јазик (во науката познат како старословенски), што чини Македонците да имаат извонреден придонес за општословенската и европската култура.[6].

Во политичкиот живот и јавните дебати во Македонија оваа теза е најчесто прифатена од левите политички сили кои го поддржуваат југословенството и социјалистичкото минато на Македонија под СФРЈ. Оваа теза на големо е прифатена и од политичките (и научни) субјекти на албанското малцинство, со цел да се навредува и да се оспорува автохтоноста на Македонците како староседелски народ во Македонија, а да се докаже наводната албанска вековна (античко-илирска) автохтоност.

Идентитет кај Македонците

[уреди | уреди извор]

Во минатото, Македонците не биле обединети и сплотени како што се денес. Македонците, иако посебен народ со своја посебна култура, заради денационализаторскиот милетски систем се делеле на Грци, Бугари и Срби[7]. Но во втората половина на XIX век и почетокот на XX век, започнува Македонската преродба, којашто трае до периодот меѓу двете светски војни, кога Македонскиот идентитет добива масовен карактер, а врвната точка ја достигнува пред и за време на Втората светска војна, кога се создаваат Македонски воено-политички организации, се печати современа литература на изворен македонски јазик и се отвораат училишта, коишто на младите Македонци им овозможуваат да го учат и негуваат мајчиниот јазик[8].

Причини за проблемот со идентификацијата во минатото

[уреди | уреди извор]

Управниците на отоманската империја, преку создавањето на Рум-Милетот исклучителното право за раководење со духовниот и политичкиот живот на христијаните во империјата им го дава на грчките црковни власти. На овој начин, грчката црква станува официјална институција во отоманска Турција, и започнува да се бори против секоја национална пројава кај различните народи - осoбено на Балканскиот Полуостров[9].

Имено, овој милетски систем доведува до тоа Македонецот да се определува според црквата под чијашто ингеренција се наоѓа. Со создавањето и на бугарскиот и српскиот милет, Македонците биле третирани како Грци, а подоцна и како Бугари и Срби[5]. Со создавањето на училиштата на црковно-просветната пропаганда на соседните држави, овие разделби уште повеќе се задлабочуваат.

Теза за врска со древните Македонци

[уреди | уреди извор]

Во периодот на националното будење и преродба на македонскиот народ во втората половина на XIX век, голем дел од македонските дејци, револуцонери и учени ја застапуваат тезата дека Македонците и Македонија се директни потомци на Античките Македонци и Античка Македонија, односно славните цареви Филип Втори и Александар Македонски. Оваа теза, притоа не одрекувајќи се и од словенската припадност, при што Филип Втори и Александар Македонски биле сметани за Словени, во своите дела, песни, говори и записи особено многу ја застапувале Ѓорѓија Пулевски, Исаија Мажовски, учебникарот Димитар Македонски. За потомци на античките Македонци се сметале и изјасниле Никола Карев (интервјуто за грчкиот весник „Акрополис“ од 1903), Јане Сандански, востаниците на Македонското (Кресненско) востание преку својот манифест од 1878, членовите и дејците на привремената влада на Македонија од 1880, а во свои творби за античките Македонци пишувале и Григор Прличев, Марко Цепенков, Димитар Миладинов, Петар Поп Арсов. Во своето капитално дело на повеќе од 1000 страници „Славјано-маќедонска општа историја“ Ѓорѓија Пулевски јасно пишува дека Македонците се потомци на древните Македонци (споменувајќи ги сите македонски племиња, Мијаците како умните стратези, Брсјаците како брзата коњица на Александар), а тоа го пишува и во своите стихозбирки Самовила Македонска и Македонска песнарка.

Оваа теза за врска помеѓу древните со денешните Македонци, доживеа свое повторно оживување по стекнувањето на независноста на Република Македонија во 1991 година и трае со несмалена поддршка и јачина до ден денешен. Во периодот на социјализмот додека Македонија била во рамките на СФРЈ, иако античка Македонија (во многу мал обем) била вклучена во историјата на македонскиот народ[10], сепак оваа теза била отфрлана, па дури и забранета од тогашните комунистички власти кои ја потенцирале тезата за словенското потекло во име на југословенството. Според оваа теза, поддржувана особено од Александар Донски и Васил Иљов, како и од повеќе други автори, Македонците се автохтоно население, кое и покрај транзицијата на други народи на овие подрачја, сепак ги има задржано цртите од своите антички предци[11]. Оваа теза се поткрепува и со народното творештво во кое се задржани мотиви од античка Македонија, Александар Македонски, Филип Македонски во народни приказни, песни, преданија, ора, игри, обичаи, верувања и празници.

Треба да се спомене и истражувањето на Каменот од Розета спроведено од академик Томе Бошевски и проф. д-р. Аристотел Тентов (за кое МАНУ сѐ уште се нема официјално произнесено), кои сметаат дека средниот текст од каменот е напишан на античко-македонски јазик, кој пак, според нивните заклучоци, е особено сличен и близок со денешниот современ македонски јазик во однос на дел од лексиката и граматиката[12]. Во однос на оваа теза треба да се истакнат и генетските истражувања спроведени од повеќе меѓународни научни институти (ИГЕНЕА Швајцарија, Мадрид, Вашингтон) во кои се вели дека генотипот на денешните Македонци во најголема мера е ист со на древните Македонци.

Оваа теза за поврзаноста на македонскиот народ со древните Македонци која се поддржува од мнозинството македонски граѓани, а особено од помладите, македонските патриоти, родољуби и националисти по доаѓањето на власт на ВМРО-ДПМНЕ во 2006 година, стана предмет на сериозни политички судири, расправи и настани. Противниците на оваа теза кои ја поддржуваат југословенско комунистичката теза за словенско и титовско потекло на македонскиот народ и нација го создадоа и терминот со негативна конотација - антиквизација[13]. Постарите историчари и академици на МАНУ долго време ја отфрлаа оваа теза за поврзаноста со античките Македонци, но во последниот период (од 2006) таа е и официјално прифатена во историските учебници, книги и наука.

Теза за создавање на македонскиот народ во 20 век

[уреди | уреди извор]

Во истражувањата на некои светски историчари постои тезата за релативно доцно создавање на македонскиот народ дури во 20 век на основа на процесот на деконструкција на постариот бугарски идентитет во Македонија и конструирање на нов, етничкомакедонски идентитет, во условите на власта на Југославија (1918-1991) и претежно по создавањето на југословенската федерална Народна Република Македонија во средината на 1940-те години.[14][15] Оваа теза најчесто е застпувана од негаторите на македонската национална посебност најповеќе во Бугарија и Грција (каде што оваа теза е речиси државна и официјална) и меѓу крајните национал-шовинистички кругови во Србија и Албанија. Ваквата теза за неодамнешното создавање на македонскиот народ во 20 век има свои поддржувачи во политичкиот живот во Македонија, меѓу кои најгласен е поранешниот премиер Љубчо Георгиевски.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 „Историја на македонскиот народ“, Д-р Блаже Ристовски.
  2. [1] Underhill et al. (2009), "Separating the post-Glacial coancestry of European and Asian Y chromosomes within haplogroup R1a", European Journal of Human Genetics, doi:doi:10.1038/ejhg.2009.194 European Journal of Human Genetics - Y chromosomal heritage of Croatian population and its island isolates“.
  3. „„Anthropological Evidence and the Fallmerayer Thesis"“.
  4. Semino, Ornella (2000). „The Genetic Legacy of Paleolithic Homo sapiens sapiens in Extant Europeans: A Y Chromosome Perspective“ (PDF). Science. 290: 1155–59. PMID 11073453. Архивирано од изворникот (PDF) на 2003-11-25. Посетено на 2008-04-10.
  5. 5,0 5,1 „Создавање на македонската нација“, Драган Ташковски
  6. „Македонските Словени од VI до IX век“, Д-р Орде Иваноски
  7. „Спомени“, Димитар Влахов
  8. „Историја на Балканот“, Барбара Јелавич
  9. Histoire de la Grèce moderne“, Nikolaos Svoronos
  10. „Историја на Македонскиот народ“. НИП Нова Македонија, Скопје, 1969 год, Том I, стр.25-35
  11. „Етно-културните врски меѓу античките и денешните Македонци“, Александар Донски
  12. Прилози, Одд. мат. тех. науки, XXVI, 2 (2005), с. 7 - 122, ; „По трагите на писмото и јазикот на Античките Македонци“ академик Томе Бошевски, проф. д-р. Аристотел Тентов - Резиме 92-93 стр.
  13. Терминот е смислен од Љубомир Фрчкоски, кој во еден период ја поддржуваше тезата за поврзаноста на македонскиот народ и древните Македонци
  14. Ulf Brunnbauer, "DREVNA NACIONALNOST I VJEKOVNA BORBA ZA DRŽAVNOST: HISTORIOGRAFSKI MITOVI U REPUBLICI MAKEDONIJI (BJRM) Архивирано на 19 ноември 2011 г.", Zbornik radova "Historijski mitovi na Balkanu", Sarajevo, 2003: Državotvorni proces u Makedoniji još je uvijek u relativnoj ranoj fazi, a makedonska historiografija je tek pedesetak godina stara. (бошњачки)
  15. Д. О. Лабаури, "Берлинский приговор 1878 г. и проблема македонского этноязыкового своеобразия", "Известия Уральского государственного университета", № 49, 2007, Гуманитарные науки, Выпуск 13: На наш взгляд, совершенно логичным выглядит вывод, утвердившийся в болгарской историографии: «С точки зрения исторической закономерности болгары и македонцы имели реальный шанс утвердиться в качестве одной нации… на основе осознания общей этнической принадлежности» [Иванова, 1997]. К счастью или к сожалению, но этот закономерный интеграционный процесс был прерван искусственно в результате вмешательства политического фактора. Первый серьезный удар этому процессу был нанесен поражением Болгарии в Первой мировой войне, когда болгарское население Вардарской Македонии, утеряв не только национально-культурную автономию, но даже и право на собственное национальное имя, на долгие годы оказалось в составе Королевства сербов, хорватов и словенцев и испытало на себе все прелести насильственной сербизации. Второй удар был нанесен уже в рамках титовской Югославии провозглашением пресловутого лозунга «Македонию помакедончить» [Џамбазовски, 1960]. Один из лидеров славяномакедонцев Крсте Мисирков в 1903 г. откровенно признавал: «Самая большая наша беда кроется в том, что нет у нас местного македонского патриотизма… до сих пор мы не жили как отдельная национально-религиозная единица… почва (для ее создания. — Д. Л.) есть, но нет желания (ее создавать. — Д. Л.)» [Мисирков, 1903, 37, 40—41, 97—98]. В середине XX в., как показала история, все поменялось: недостаточная подготовка почвы компенсировалась избытком желания. (руски)