Теорија на книжевноста
Теорија на литературата во строга смисла на зборот е систематското изучување на природата на литературата и методите за анализа на литературата.[1] Сепак, науката за литературата од 19 век често вклучува – во прилог на, или дури наместо на теоријата на литература во строгата смисла на зборот — размислувања за интелектуална историја, морална филозофија, општествено пророштво и други интередисциплинарни теми кои се од значење за начинот на кој луѓето го толкуваат значењето.[1] Во хуманистичките науки, подоцнежниот стил на науката е производ од критичката и често е наречен “теорија“. Како последица на тоа, зборот „теорија“ стана термин за различни научни пристапи кон анализа на текстовите. Повеќето од овие пристапи се потпираат на разните насоки на континенталната филозофија и социологија.
Теорија на литература и литература
[уреди | уреди извор]Едно од основните прашања на теоријата на литературата е “што е литература?”, иако многу современи теоретичари и книжевни научници веруваат или дека “литературата” не може да се дефинира или дека може да се однесува на каква било употреба на јазикот. Одредени теории се разликуваат не само по нивните методи и заклучоци, туку дури и по тоа како тие го дефинираат “текстот”. За некои книжевни научници, “текстовите” се состојат не многу повеќе од ”книги кои припаѓаат на западниот книжевен канон”.Принципите и методите на теоријата на литература се применети и во популарната проза, филмот, историските документи, законот, рекламирањето и др. во областите поврзани со културни студии. Всушност, некои научници во рамките на културолошките студии ги третираат културните настани, како модата или фудбалските немири, како “текстови” кои треба да се толкуваат. По оваа мера, теоријата на литература треба да се смета како генерална теорија на интерпретација.
Бидејќи теоретичарите на литературата често се огледуваат на многу хетерогена традиција на континентална филозофија и филозофија на јазикот, која било класификација на нивните пристапи е само приближување. Постојат многу “школи“ или видови на теорија на литература , кои имаат различни пристапи кон разбирањето на текстовите. Повеќето теоретичари, дури и меѓу оние кои се дадени подолу, комбинираат методи од повеќе од една од овие пристапи (на пример, деконструктивистичкиот пристап на Пол де Ман се темели врз долга традиција на внимателно читање претставено од новите критичари, а де Ман е обучен во европската херменевтичка традиција).
Различни школи на теоријата кои историски биле важни се: историска и биографска критика, нова критика, формализам, руски формализам, структурализам, пост-структурализам, марксизам, феминизам, француски феминизам, пост-колонијализам, нов историзам, деконструкција, критика насочена кон читателот, биографска критика и психо-аналитичка критика.
Историја
[уреди | уреди извор]Практикувањето на теоријата на литература стана професија во XX век, но таа има историски корени кои датираат уште од древна Грција (Аристотеловото дело “Поетика” често се наведува како ран пример за ова), древна Индија (“Натиа Шастра” на Барата Муни), средновековен Ирак (“ал-Бајан ва-л-табин” и “ал-Хајаван” на Ал-џахиз и “Китаб ал-Бади” на ибн ал-Му`таз[2]) и естетските теории на филозофите од античката филозофија преку XVIII и XIX век, се значајни влијанија врз тековната книжевна наука. Теоријата и критиката на литературата се исто така блиску поврзани со историјата на литературата.
Модерната смисла на “теоријата на литературата”,сепак, датира од 1950-тите кога структуралната лингвистика на Фердинанд де Сосир започнала силно да влијае на книжевната критика на англиски јазик. Новите критичари и разни европски формалисти (особено руските формалисти) ги опишале некои од нивните поапстрактни напори како “теоретски”.
Во академскиот свет на Обединетото Кралство и САД, теоријата на литературата беше најпопуларна од доцните 1960-ти (кога нејзиното влијание почнуваше да се шири надвор од елитните универзитети како што се Џон Хопкинс и Јејл) низ 1980-тите (време кога теоријата на литературата се изучуваше насекаде во која било форма). Во текот на ова време, теоријата на литературата беше прифатена како врвна академска наука и повеќето универзитетски литературни одделенија се обидоа да учат и студираат теорија и да ја вклучат во нивните програми. Поради својот метеорски подем во популарноста и тешкотијата на јазикот на нејзините клучни текстови, теоријата беше исто така критикувана како занес или популарен опскурантизам (и многу академски сатирични новели во овој период, како оние на Дејвид Лоџ, видливо ја вклучуваат теоријата). Некои научници, теоретски и анти-теоретски, ги нарекуваат дебатите за академска заслуга на теоријата во 1970-тите и 1980-тите “војни на теоријата”.
До почетокот на 1990-тите, популарноста на “теоријата” како предмет на интерес беше во опаѓање (заедно со работните места за чисти “теоретичари”), иако текстовите на теоријата на литература беа вклучени во студиите на скоро сите видови литература. Од 2004, контроверзијата за користење на теоријата во книжевните студии изумре и дискусиите на темите во рамки на книжевните и културолошките студии имаат тенденција сега да бидат значително поблаги и помалку остри. Некои научници ја користат теоријата во нивната работа, додека други само ја спомнуваат патем или воопшто не ја ни спомнуваат; но таа е признат, важен дел од книжевните студии.
Разлики меѓу школите
[уреди | уреди извор]Интелектуалните традиции и приоритети на различните видови на теоријата на литературата се радикално различни. Дури и да се најде збир на заеднички термини за да се споредат, ќе биде многу тешко.
На пример, работата на новите критичари често содржи морална имплицитна димензија, понекогаш и религиозна: нов критичар може да чита поема од Т.С.Елиот или Џерард Менли Хопкинс поради нејзиниот степен на искреност изразувајќи го страдањето и контрадикторноста на сериозната потрага по верба во модерниот свет. Во меѓувреме, марксистички критичар може да ги најде овие судови повеќе идеолошки отколку критички; марксистичкиот критичар ќе рече дека новиот критичар не одржал доволна критичка дистанца од религиозниот став на поемата за да може да ја разбере. Или пост-структуралист може да го избегне проблемот разбирајќи го религиозното значење на поемата како алегорија на значење и третирајќи ги референциите на поемата за “Бог” со дискутирање на нивната референцијана природа отколку на она на што се однесуваат.
Вакво несогласување не може лесно да се реши, бидејќи тоа е вродено во радикално- различните термини и цели на критичарите. Нивните теории на читање произлегуваат од многу различни интелектуални традиции: новиот критичар ја базира неговата работа на научна и религиозна традиција од американското источното крајбрежје, додека марксистичката мисла потекнува од збир на критичките општествени и економски мисли, а работата на пост-структуралистот произлегува од континентална филозофија на јазикот од дваесеттиот век. Да се очекува толку различни пристапи да имаат нешто заедничко би било наивно; да се наречат сите “теории на литература” без да се признае нивната хетерогеност е намалување на нивните разлики.
Во доцните 1950-ти, канадскиот литературен критичар Нортроп Фрај се обидел да воспостави пристап за помирување на историската и новата критика покажувајќи грижа за раните пристапи на критиката насочена кон читателот и бројни психолошки и општествени пристапи. Неговиот пристап, претставен во “Анатомија на критика“, е експлицитно структуралистички и се потпира на интертекстуалниот “ред на зборови” и универзалноста на одредени структурни типови. Неговиот пристап држеше место во англиските литературни програми неколку декади, но се заборави во времето на издигнувањето на пост-структурализмот.
За некои теории на литературата (особено во одредени видови на формализам), разликата помеѓу „книжевното“ и други видови на текст е од огромно значење. Другите школи (посебно пост-структурализмот со неговите различни обливи: нов историзам, деконструктивизам и некои делови од марксизам и феминизам) се темелеле на кршење на разликите помеѓу двете и примениле алатки на текстуална интерпретација во широк спектар на “текстови”, вклучувајќи филм, историско пишување и дури културни настани.
Друга клучна разлика меѓу различните теории на литературна интерпретација е интенционалноста, тежината дадена за мислењето и намерите на авторот за делото. За повеќето пристапи пред пред 20 век, намерите на авторот се водечки фактор и важна одредница за “точното” толкување на текстот. Новата критика е првата школа која ја оспори улогата на авторот во толкувачките текстови, претпочитајќи да се фокусира на “самиот текст” во блиско читање. Всушност, колку и несогласувања да постојат меѓу формализмот и подоцнежните школи, тие го делат мислењето дека интерпретацијата на авторот на делото не е ништо поразлично од кое било друго.
Книжевно теоретски школи
[уреди | уреди извор]Наведени долу се некои од најчесто идентификуваните теоретски школи, заедно со главните автори. Во многу случаи, како на пример оние на историчарот и филозоф Мишел Фуко и антропологот Клод Леви-Строс, авторите не биле првенствено литературни критичари, но нивните дела широко влијаеле на теоријата на литературата.
- Естетизам – често поврзана со романтизмот, е филозофија која ја дефинира естетската вредност како примарна цел во разбирањето на литературата. Ова ги вклучува и литературните критичари кои се обиделе да разберат и идентификуваат естетската вредност и оние, како Оскар Вајлд, кој се истакна со уметност заради уметност.
- Американски прагматизам и други американски пристапи
- Когнитивни културолошки студии – применува истражување во когнитивната неврологија, когнитивна еволуциона психологија и антропологија и филозофија на умот за студирање на литература и култура
- Културолошки студии – ја нагласуваат улогата на литературата во секојдневниот живот
- Компаративна литература – ги соочува литературите од различни јазици, нации, култури и дисциплини едни со други
- Дарвинстички литературни студии – ја гледаат литературата во контекст на еволуцијата и природната селекција
- Деконструкција – стратегија на блиско читање кое ги предизвикува начините на кои клучните термини и концепти можат да бидат парадоксални или себеси да се потценуваат, проектирајќи го нивното значење како нерешливо.
- Пол (види феминистичка литературна критика) – ги нагласува темите на односите помеѓу половите
- Формализам
- Германска херменевтика и филологија
- Марксизам (види марксистичка литературна критика) - ја нагласува темата на конфликт на класите
- Модернизам
- Нова критика - која гледа на книжевните дела врз основа на тоа што е напишано, а не во целите на авторот или биографскиот проблем
- Нов историзам – ги истражува делата преку нивниот историски контекст и се обидува да ја разбере културолошката и интелектуалната историја преку литературата
- Пост-колонијализам – се фокусира на влијанието на колонијализмот на литературата, особено во односот на историскиот конфликт којшто резултира од истражувањето на помалку развиените земји и домородниот народ од страна на западните земји
- Постмодернизам - критика на условите присутни во дваесеттиот век, често со загриженост за оние видени како социјални девијанти или како “Другите“
- Пост-структурализам – термин за различни теоретски пристапи (како деконструкција), кои ја критикуваат или одат подалеку од аспирациите на структурализмот и создаваат рационална наука за културата според моделот на лингвистиката и на други дискурсни и естетски формации
- Психоанализа (види психоаналитичка литературна критика) – ја истражува улогата на свесното и несвесното во литературата вклучувајќи ја и онаа на авторот, читателот или ликовите во текстот
- Квир-теорија – ја проучува,проверува и критикува улогата на родовиот идентитет и сексуалноста во литературата
- Критика насочена кон читателот - се фокусира врз активниот одговор на читателот на текстот
- Руски формализам
- Структурализам и семиотика (види семиотичка литературна критика) – ги испитува универзалните основни структури во текстот, лингвистичките единици во текст и како авторот го прикажува значењето преку која било структура
- Еко-критика – ја истражува културната врска и човековата улога во природниот свет
- Други теоретичари: Роберт Грејвс, Аламгир Хашми, Џон Сатерленд, Лесли Фидлер, Кенет Бурк, Пол Бенишо, Барбара Џонсон
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Culler 1997, p.1
- ↑ van Gelder, G. J. H. (1982), Beyond the Line: Classical Arabic Literary Critics on the Coherence and Unity of the Poem, Brill Publishers, стр. 1–2, ISBN 9004068546
|