Тихомир Шаревски
Тихомир Шаревски | |
---|---|
15 април 1921 - 2 февруари 2004 (возр. 82) | |
Роден во: | Леуново, Кралство Југославија |
Починал во: | Скопје, Македонија |
Служба во: | Македонија и СФР Југославија |
Род: | (гранка од армијата) |
Период на служба: | 1941-1981 |
Чин: | генерал-полковник |
Единици: | (единици во коишто служел) |
Командува/л со: | Прва македонска ударна бригада |
Други занимања: | (други занимања, покрај воената кариера) |
Тихомир Шаревски (14 април 1921 во Леуново — 2 февруари 2004 во Скопје) — македонски учесник во НОБ и генерал-полковник на Југословенската народна армија.[1]
Животопис
[уреди | уреди извор]Тихомир Шаревски е роден на 15 април 1921 година во село Леуново, Мавровско. Основно училиште завршил во родното село и во Гостивар, а со средно образование се здобил во Тетово и во Охрид. Бил припадник на работничкото и комунистичкото движење.
Својот активизам и дело го започнува во 1941 година кога се приклучува на месен комитет на Сојузот на комунистите на Југославија. По одреден период се истакнува и станува заменик-командир, потоа и командир на чета. Во 1944 година со формирањето на Прва македонска ударна бригада станува нејзин командант.
По Втората светска војна достига чин генерал-полковник во СКЈ. Своето пензионирање го дочекува во 1981 година.
Умира на 2 февруари 2004 година во Скопје.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ристовски, Блаже, уред. (2009). „Шатев“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1647. Text "series " ignored (help)