Трите Ана
Трите Ана Στροφή | |
---|---|
Координати: 40°42.52′N 22°50.49′E / 40.70867° СГШ; 22.84150° ИГД | |
Земја | Грција |
Област | Централна Македонија |
Округ | Солун |
Општина | Даутбал |
Надм. вис. | 2 м |
Население | |
• Вкупно | иселено |
Час. појас | EET (UTC+2) |
• Лето (ЛСВ) | EEST (UTC+3) |
Трите Ана (грчки: Στροφή, Строфи; порано Τρία Χάνια, Трија Ханија; турски: Üç Hanlar, Уч Ханлар) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес на територијата на Општина Даутбал на Солунскиот Округ во Централна Македонија, Грција. Било населено исклучиво со Македонци.[1]
Географија
[уреди | уреди извор]Селото се наоѓало во Солунското Поле, во областа Вардарија. Лежело на 2 км северозападно од Додулари, од северната страна на денешната магистрала „Егнатија“, близу местото каде патот ја пресекува реката Галик.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]Во Отоманското Царство
[уреди | уреди извор]Трите Ана прво било самостојно село, а потоа станало чифлик. Ановите продолжиле да работат. Жителите се занимавале со опслужување на патниците како самарџии, потковувачи, готвачи.[2] На крајот од XIX век Трите Ана било мало македонско село во Солунската каза. Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Притле Хана (Pritlé-Hana) е село со 10 домаќинства сочинети од 50 жители Македонци.[3][4]
Меѓу 1896 и 1900 г. селото прешло под врховенството на Бугарската егзархија.[5]
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Трикала имало 215 жители Македонци.[3][6] Целото население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Трите хана (Trité-hana) имало 40 Македонци, сите под егзархијата.[3][7]
Селото било подложено на напади од андартските чети на Гоно Јотов и Апостолис Матопулос.
Во 1905 г. Триете Ана е речиси напуштено. Во него се попишани 9 жители, кои веројатно стопанисувале со последата куќа на тоа подрачје, закупена од еврејскиот претприемач Саул Модијано.[2]
Во Грција
[уреди | уреди извор]По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. На пописот од истата 1913 г. во селото се заведени 50 жители, а исто толку биле избројани и во 1920 г.[1] Малку подоцна Трите Ана се распандало неговите жители се преселиле во соседното Ново Село.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 344. ISBN 9989-9819-6-5.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 Μπαλάσης, Ευγένιος (Ιούλιος 2009). Οικισμοί του Κάμπου της Θεσσαλονίκης την περίοδο 1900-1940 : Μεταπτυχιακή Εργασία Επιβλ. Καθ. Μ. Μυρίδης (грчки). Θεσσαλονίκη: Αριστοτέλειο Πανεπιστήμιο Θεσσαλονίκης. Πολυτεχνικής Σχολή. Τμήμα Αγρονόμων Τοπογράφων Μηχανικών Τεχνικές και Μέθοδοι στην Ανάλυση, Σχεδίαση και ∆ιαχείριση του Χώρου Χαρτογραφική Παραγωγή και Γεωγραφική Ανάλυση. стр. 41. Проверете ги датумските вредности во:
|year=
(help) - ↑ 3,0 3,1 3,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
- ↑ Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 150–151. ISBN 954-8187-21-3.
- ↑ Шалдевъ, Хр (1936). „Екзархъ Йосифъ I за задачата на Екзархията следъ 1887 год“ (PDF). Илюстрация Илиндень. Илинденска организация. 9 (79): 1. Занемарен непознатиот параметар
|month=
(help) - ↑ Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 141. ISBN 954430424X.
- ↑ Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 218–219.
|