Прејди на содржината

Тумба (Гуменџиско)

Координати: 40°56.8′N 22°32.37′E / 40.9467° СГШ; 22.53950° ИГД / 40.9467; 22.53950
Од Википедија — слободната енциклопедија
Тумба
Τούμπα
Поглед на селото
Поглед на селото
Тумба is located in Грција
Тумба
Тумба
Местоположба во областа
Тумба во рамките на Пајонија (општина)
Тумба
Местоположба на Тумба во Кукушкиот округ и областа Централна Македонија
Координати: 40°56.8′N 22°32.37′E / 40.9467° СГШ; 22.53950° ИГД / 40.9467; 22.53950
ЗемјаГрција
ОбластЦентрална Македонија
ОкругКукушки
ОпштинаПајонија
Општ. единицаАшиклар
Надм. вис.&1000000000000008000000080 м
Население (2011)[1]
 • Вкупно628
Час. појасEET (UTC+2)
 • Лето (ЛСВ)EEST (UTC+3)
Информативна табла за гробниците кај Тумба.

Тумба (грчки: Τούμπα) — село во Гуменџиско, Егејска Македонија, денес во општината Пајонија на Кукушкиот округ, Грција. Сè до 1920-тите населението било населено исклучиво со Македонци.[2]

Географија

[уреди | уреди извор]

Селото се наоѓа во северозападниот крај на Солунското Поле, на исток од Гуменџе и јужно од Бојмица.[3]

Историја

[уреди | уреди извор]

Името на селото се должи на античката гробница меѓу училиштето и црквата врз која е изградена старата камбанарија. На 800 м северно од селото има уште две древномакедонски гробници — Тумбенска гробница I и Тумбенска гробница II.[4] Во 1986 г. античката населба е прогласена за заштитен споменик, а во 1996 г. гробниците го добиле истиот статус.[5]

Во Отоманското Царство

[уреди | уреди извор]

Во XIX век Тумба била чисто македонско село во Ениџевардарската каза. Црквата „Св. Атанасиј“ е изградена во 1802 г. и живописана во 1864 г.[4] од славниот мајстор Дичо Зограф.[6]

Во 1870-тите во Тумба проработела бугарската пропаганда со отворањето на бугарско училиште. Ова било единственото од бојмичките бугарски училишта кое успеало да го издржи притисокот на патријаршиските црковни власти.[7] Заслуга за тоа имал[8][9] месниот големец Сали-бег Стамболи, кој бил бугарофил. Во 1874 г., кога тумбенци изразиле желба да ѝ се приклучат на новосоздадената Бугарска егзархија за да се спасат од Грците, Сали-бег дал согласност под услоив жителите тоа го прифаќаат едногласно, и така селото станало егзархиско. Бегот го снабдил бугарското училиште со книги и весници.[8] Од 1875/76 г. до 1879/80 г. во Тумба предавал Георги Пејков по неговиот „заемноучителен“ метод. Пејков повторно бил учител во Тумба во 1888/89 г., тојпат предавајќи по современи методи.[10]

На австроунгарската воена карта селото е означено како Тумба (Tumba),[11] а на картата на Кондојанис исто така се води како Тумба (Τούμπα), христијанско село.[12]

Според Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Тумба имала 540 жители, сите Македонци христијани.[13][14]

Целото село било под врховенството на Бугарската егзархија и во него продолжила да работи бугарската пропаганда. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Тумба (Toumba) имало 672 Македонци екзархисти и работело бугарско училиште.[13][15]

Кукушкиот околиски училиштен инспектор Никола Хрлев во 1909 г. напишал за селото:

Тумба, 19 /III, 1 3ч. од Тошилово. 85 македонски[16] егзархиски куќи: 38 бегови и 58 својштина; истиот сооднос и за земјата. Се занимаваат со земјоделство, лозарство и бубарство. Црквата отворена, има 100 погони ниви и 1 погон црници. Откажано е од Патријаршијата пред 18 години; оттогаш постои и бугарско училиште. Училиштето е вакуф: двокатно, со низок подрум, само училница со душеме, таван, големина 6×5×2 12 м, светла.[17]

По податоци на Егзархијата во 1910 г. Тумба имала 90 семејства сочинети од 522 жители Македонци (80 чифлигари) и една црква.[13][18] Во 1909 г. властите го уапсиле поранешниот претседател на уставниот клуб во Тумба Милче Трајчев.[19]

Во 1910 г. Халкиопулос напишал дека во селото (Τούμπα) имало 670 егзархисти.[12][20]

Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“) вели дека Тумба пред Балканските војни имала 45 куќи на Македонци христијани.[21]

За време на Првата балканска војна селото е заземено од бугарски чети.

Во Грција

[уреди | уреди извор]

По Балканските војни во 1913 г. Тумба била пропоена кон Грција согласно Букурешкиот договор. Во 1912 г. е заведено како село со христијанска религија и македонски јазик. На пописот од 1913 г. Тумба (Τούμπα) е село со 516 жители (278 мажи и 238 жени).[12] Во 1920 г. во него се попишани 505 лица.[2] Во 1924 г. целото население со исклучок на две семејства било иселено во Бугарија, а на негово место властите довеле грчки колонисти. Ликвидирани се 74 имоти на иселените.[12] Во 1924 г. се доселиле 100 семејства од источнотракиското село Џелеп, 30 од малоазиското село Флогија и 3 од Фенерќој (Фанари), Источна Тракија.[22]

Во 1928 г. Тумба е претставено како мешано староседелско-дојденско село со 599 жители дојденци (162 семејства).[23]

До старата црква дојденците изградиле нова црква „Успение на пресв. Богородица“ која потсетува онаа што ја оставиле во Источна Тракија.[4]

Месности во Тумба преименувани со службен указ на 31 јули 1969 г.
Име Грчки Ново име Грчки Опис
Јачинот[3] Γιατσινὸτ Какорема Κακόρεμα[24] река на ЈЗ от Тумба[3]
Посит[3] Πόσιτ Рематаки Ρεματάκι[24] река на ЈЗ од Тумба[3]
Караагач[3] Καραγάτς Фтелија Φτελιά[24] месност на ЈЗ од Тумба[3]
Јени Куле[3] Γενεή Κουλέ Ептапиргион Έπταπύργιον[24] месност на ЈЈЗ од Тумба[3]
Курт Тепе[3] Κούρτ Τεπέ Ликовуни Λυκοβούνι[24] возвишение на З од Тумба[3]

Население

[уреди | уреди извор]

Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:

Година 1940 1951 1961 1971 1981 1991 2001 2011 2021
Население 675 825 854 862 859 784 936 628
Извор за 1940-1991 г.: Т. Симовски, Населените места во Егејска Македонија

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Тумба
  • Атанас Кошничаров (1859 – по 1943) — револуционер на ВМОРО
  • Вангел Кехајов (1873 – по 1943) — револуционер на ВМОРО
  • Златан Христов Милушев (1896 – ?) — претприемач, преселен во Бугарија во 1925 г., сопственик на фабрика за тестенини, по 1944 г. репресиран, затворан во логорот „Белене[25]
  • Крсте Кехаев — борец во МОО од четата на Ичко Димитров, Зборна партизанска чета на МОО, во грчко заробеништво од 1 јули до 20 ноември 1913 г.[26]
  • Штерјо Стојанов (1875 – ?) — борец во МОО од четата на Иван Паљошев, IV чета на XV Штипска дружина[27]
  • Тане Тумбенчето — деец на ВМОРО, убиен во април 1905 г. заедно со Андон Иванов Терзиев кај Црна Река[28]
Починати во Тумба
  • Никола Минов — револуиционер од Тушин, деец на ВМОРО, убиен кај Тумба[29]
  1. „Попис на населението од 2011 г. Трајно население“. Државен завод за статистика на Грција.
  2. 2,0 2,1 Симовски, Тодор Христов (1998). Населените места во Егеjска Македониjа (PDF). II дел. Скопjе: Здружение на децата-бегалци од Егејскиот дел на Македонија, Печатница „Гоце Делчев“. стр. 66. ISBN 9989-9819-6-5.
  3. 3,00 3,01 3,02 3,03 3,04 3,05 3,06 3,07 3,08 3,09 3,10 По топографска карта М1:50 000, издание 1980-1985 „Генеральный штаб“
  4. 4,0 4,1 4,2 „Η Τούμπα Σημερα“. Τούμπα Κιλκίς. Посетено на 23 јуни 2014.[мртва врска]
  5. „ΥΑ ΥΠΠΟ/ΑΡΧ/Α1/Φ43/57683/3282 π.ε./17-4-1996 - ΦΕΚ 294/Β/3-5-1996“. Διαρκής κατάλογος κηρυγμένων αρχαιολογικών τόπων και μνημείων. Архивирано од изворникот на 9 јули 2021. Посетено на 26 јуни 2018.
  6. Χατζούλη, Γλυκερία Μ. „Ιερός Ναός Αγίου Γεωργίου στο Βαφειοχώρι“. Promo.cross. Архивирано од изворникот на 5 декември 2014. Посетено на 23 јуни 2014.
  7. Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга втора, стр. 29.
  8. 8,0 8,1 Шалдевъ, Хр (1934). „Единъ заслужилъ покойникъ: учительтъ Гоно Пейковъ“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. VI (5 - 6 (55 - 56): 1. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  9. Албум-алманах „Македония“, София, 1931.
  10. Шалдевъ, Хр (1934). „Единъ заслужилъ покойникъ: учительтъ Гоно Пейковъ“ (PDF). „Илюстрация Илиндень“. София. VI (5 - 6 (55 - 56): 2. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  11. Generalkarte von Mitteleuropa 1:200.000 der Franzisco-Josephinischen Landesaufnahme (германски). Österreich-Ungarn. ab 1887-1914. Проверете ги датумските вредности во: |year= (help)
  12. 12,0 12,1 12,2 12,3 „Πληθυσμός και οικισμοί της περιοχής Γιανιτσών 1886 – 1927“. lithoksou.net. Посетено на 17 јули 2019.
  13. 13,0 13,1 13,2 Како што е општопознато, Македонците во бугарските извори се присвојуваат и водат како Бугари, и покрај признанието дека самите се изјаснувале како Македонци.
  14. Кѫнчовъ, Василъ (1900). Македония. Етнография и статистика. София: Българското книжовно дружество. стр. 147. ISBN 954430424X.
  15. Brancoff, D. M (1905). La Macédoine et sa Population Chrétienne : Avec deux cartes etnographiques (PDF). Paris: Librarie Plon, Plon-Nourrit et Cie, Imprimeurs-Éditeurs. стр. 102–103.
  16. Нарекувајќи ги „бугарски“ под влијание на бугарската пропаганда.
  17. Хърлев, Никола (1998). Рапорт по ревизията на селските български училища в Ениджевардарската кааза през м. март 1909 год. – В: Извори за българската етнография, том 3: Етнография на Македония. Материали из архивното наследство. София: Македонски научен институт, Етнографски институт с музей, Академично издателство „Проф. Марин Дринов“. стр. 86.
  18. Шалдев, Христо. Областта Боймия в Югозападна Македония. Македонски преглед, 1930, 6:1, стр. 61–69.
  19. Дебърски глас, година 1, брой 36, 6 декември 1909, стр. 4.
  20. Χαλκιόπουλος, Αθανάσιος (1910). Εθνολογική στατιστική των βιλαετίων Θεσσαλονίκης και Μοναστηρίου. Αθήναι.
  21. Милојевић, Боривоје Ж (1921). Јужна Македонија (PDF). Насеља српских земаља. стр. 29.
  22. Портал на општината Ашиклар Архивирано на 2 август 2008..
  23. Κατάλογος των προσφυγικών συνοικισμών της Μακεδονίας σύμφωνα με τα στοιχεία της Επιτροπής Αποκαταστάσεως Προσφύγων (ΕΑΠ) έτος 1928, Архивирано од изворникот на 30 јуни 2012, Посетено на 30 јуни 2012
  24. 24,0 24,1 24,2 24,3 24,4 „Β. Διάταγμα ΥΠ' Αριθ. 483. Περὶ μετονομασίας συνοικισμὤν, κοινοτήτων καὶ θέσεων“ (PDF). Εφημερίς της Κυβερνήσεως του Βασιλείου της Ελλάδος. Εν Αθήναις: Ἐκ τοῦ Εθνικού Τυπογραφείου. Τεύχος Πρώτον (Αριθμός Φύλλου 147): 1050. 1969. Занемарен непознатиот параметар |month= (help)
  25. Петринска, Маргарита. Ениджевардарското слънце огря и Златан Милушев, в. „Македония“, година V, брой 22 (189), 7-14 юни 1994 г., с. 7.
  26. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 344. ISBN 954-9800-52-0.
  27. Македоно-одринското опълчение 1912-1913 г. : Личен състав по документи на Дирекция „Централен военен архив“ (PDF). София: Главно управление на архивите, Дирекция „Централен военен архив“ В. Търново, Архивни справочници № 9. 2006. стр. 681. ISBN 954-9800-52-0.
  28. Силяновъ, Христо (1943). Освободителнитѣ борби на Македония (PDF). II. Следъ Илинденското възстание. София: Издание на Илинденската Организация. стр. 165.
  29. „Борбите в Македония – Спомени на отец Герасим, Георги Райков, Дельо Марковски, Илия Докторов, Васил Драгомиров“, Борис Йорданов Николов, ИК „Звезди“, 2005 г., стр. 138, ISBN 954-9514-56-0

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]