Трката била освоена трета година по ред од возачот на Лампре-МеридаРуј Кошта,[2] кој ја преземал водечката жолта маичка по освојувањето на последната етапа, планинска етапа на растојание од 157 километри,[3], надоместувајќи ја разликата од 1' 05" од претходниот предводник на трката Тони Мартин од Омега Парма-Квик Степ, кој бил предводник на трката од првата етапа.[4] Разликата помеѓу Кошта и второпласираниот Матијас Франк од ИАМ Сајклинг била триесет и три секунди, додека подиумот бил заокружен од возачот на Белкин Про СајклингБауке Молема, седумнаесет секунди зад Франк и педесет зад Кошта.
Во другите пласмани на трката, возачот на КанондејлПетер Саган повторно бил победник на бодовниот, остварувајќи и етапна победа на третата етапа, како и постојани солидни настапи.[5] Планинскиот пласман во трката бил освоен од страна на Бјерн Турау од Белкин Про Сајклинг, додека Белкин Про Сајклинг завршила на чело на екипниот пласман.
Бидејќи Тур де Свис е настан од Светската турнеја на UCI, сите 18 UCI World Tour екипи биле автоматски поканети и се обврзани да испратат екипа. Дополнително биле доделени четири специјални покани на професионални континентални екипи.
На Тур де Свис 2014 биле доделени четири различни маички. За генералниот пласман, пресметуван преку завршното време на секој велосипедист на секоја етапа, предводникот ја добивал жолтата маичка.[6] Овој пласман бил сметан за најважен на Тур де Свис 2014 и победникот на овој пласман бил сметан за победник на трката.
Постоел и планински пласман, кој бил наградуван со црвена маичка.[6] За планинскиот пласман, бодови се добивале на врвот на некое искачување, доколку стигнеш пред другите велосипедисти. Секое искачување било категоризирано како екстра, прва, втора, трета или четврта категорија, а повеќе бодови носеле повисоките категории. Постоеле дваесет и едно категоризирано искачување на трката, кои биле поделени на пет различни категории.[6]
Третата маичка го претставувало бодовниот пласман наградуван со црвено-бела маичка.[6] За бодовниот пласман, велосипедистите добивале бодови доколку се пласираат на првите места на етапите. На етапите 4, 5, 6 и 8, победата носела 25 бода, второто место 20 бода, третото 16, четвртото 13, петтото 11 и еден бод помалку за секое место подолу, сè до еден бод за 15. место.[6] На сите останати етапи, победата носела 15 бода, второто место носело 12 бода, третото 10 и еден бод помалку за секое место подолу сè до еден бод за 12. место.[6] Бодови за овој пласман можеле да се добијат и на секој од средните спринтови; овие бодови биле доделувани на секој од тројцата најбрзи возачи низ целта и тоа 6 бода за првиот, 3 за вториот и 1 за третиот.[6]
Постоел и екипен пласман, каде се пресметувале времињата на најдобрите тројца велосипедисти од секоја екипа на секоја етапа; водечката екипа на крајот на екипата била онаа со најмало вкупно време.[6]