Прејди на содржината

Украдени животи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Украдени Животи
Податотека:VidasRobadas.jpg
Главни улоги во серијата
Жанрдрама
теленовела
Создадена одКлаудио Виљаруел
Бернарда Лоренте
УлогиФакундо Арана
Соледад Силвеира
Хуан Гил Наваро
Моника Антонопулос
Земја на потеклоАргентина
Првичен јазикшпански
Бр. на епизоди131
Производство
Времетраење45 минути
Прикажување
Првична мрежаТелефе
Првично прикажување3 март 2008 – 29 октомври 2008
Хронологија
СледбеникУспешните Пелс

Украдени животи (шпански јазик: Vidas Robadas) е аргентинска теленовела. Серијата во Аргентина со прикажување започна на 3 март 2008 во ударниот термин. Оваа драматична серија има тешки тематики кои се табу теми во светот. Во главните улоги се појавуваат Факундо Арана (Ти си мојот живот) и Моника Антонопулос.

Синопсис

[уреди | уреди извор]

Ова е една приказна создадена од жестокото дејствие. Една драма, во која има многу болка, работа и надеж. Надежта дека животот одново ќе биде вратен на една девојка. Таа девојка се вика Хулиана – која живеела во провинциско гратче, имала свое семејство, свој живот. Еден толку обичен ден Хулиана- исчезнува! Таа станува жртва на трговијата со луѓе. Оттука па натаму претстојат битки, солзи и многу тешкотии со надежта на Хулиана да е жива и да се врати дома. Во борбата со неправдите, се расплетуваат различни луѓе, но дали злото не е посилно? Еден од тие борци за слобода е Росарио – мајката на Хулиана. Единствено нешто, кое и дава сила да продолжи напред со љубовта е безграничната љубов кон ќерка и. Тоа е една жена, која ќе се најде пред редици тајни, корупцијата во полицијата и злобната вистина за тргоција на бело робје. Друг борец во оваа дилема и Баутиста. Случајноста го одведува во оваа борба или поточно смртта на пријателот Матео, кој се занимава со прегледување во трговијата на девојките. Во оваа темна и пролеана со болка и насилство приказна има и многу љубов. Баутиста и Ана се запознаваат во планината, каде Ана правела фотографии, но таа ја зафатила бура и Баутиста е испратен да ја спаси. Во истото тоа време мажот на Ана, Николас, удира случајно во автомобилот на сопругата на Бауриста, Карла и таа умира. Никој не ја дознава таа вистина, бидејќи тој избегал од местото на инцидентот. Во тој ден Баутиста ја спасува Ана и ја губи својата жена, без да дознае, дека после една година повторно судбината ќе го исправи пред Ана Монсерат! Ана има син од Никола и се среќно семејство, но во животот на Николас има една тајна – неговата работа со таткото на Ана, Астор, не е случајна. Тие се луѓето кои стојат зад исчезнувањето на Хулиана и многу други девојки како неа. Николас ја сака жена си и синот Хоакин, но тој е поставен во клопка на дедото Астор, кој го користи како инструмент. Астор имено е злобник во оваа приказна. Неговата сопруга Нача и верното куче Данте исто така се мешаат во нештата. Нача е жена со минато, минато кое сака да го заборави, минато поврзано со проституацијата и трговијата на која и сама била жртва. Данте е најдобриот пријател на Николас, како браќа се. И двајцата се затрупани длабоко во калта. Николас се бори за љубовта во семејството, но на крајот доаѓа и до психијатар па и до проблеми со Ана, како разделба. Таа разделба ќе ги спои Баутиста и Ана..., а Николас ќе се зближи со една од девојките, а имено е тоа Хулиана. Судбината ги среќава и Росарио и Баутиста... двајца борци за праведност, кои имаат една цел... да ја разоткријат трговијата со луѓе и сите кои стојат позади тоа. Многу насилства, болка и страдања, спомени и страст, расплетена со романтика стојат во освновата на Украдени животи. Тоа е серија која опишува сурова паралелност во нашиот вистински живот. Таму каде вие спиете под звуците на Тропикана, таму некаде сред чадот на цигарите и многу солзи... тие животи се украдени, ќе успеат ли да им ги вратат?

Глумци Ликови
Факундо Арана Баутиста Амаја
Моника Антонопулос Ана Монсерат
Соледад Силвеира Росарио Солер
Хуан Гил Наваро Николас Дуарте
Хорхе Марале Астор Монсерат
Фабио ди Томазо Октавио Амаја
Адријан Наваро Данте Мансиља
Бренда Гандини Агустина Амаја