ФК Сидтирол
Сидтирол | |||
---|---|---|---|
Целосно име | Фудбал клуб Зудтирол | ||
Прекар | Бјанкороси (бело-црвени) Тиролези (Тиролци) | ||
Основан | 1974 | ||
Стадион | Стадион Друзо Болцано, Италија | ||
Капацитет | 5,500 | ||
Претседател | Герхард Компер | ||
Тренер | Федерико Валенте | ||
Лига | Серија Б | ||
2023-2024 | Серија Б, 12-ти | ||
Мреж. место | Официјално мрежно место | ||
| |||
Тековна сезона |
Фудбал Клуб Сидтирол, познат уште како Сидтирол-Алто Адиџе, Сидтирол Болцано-Бозен или само Сидтирол — италијански фудбалски клуб од Болцано, регионот Трентино-Јужен Тирол. Моментално се натпреварува во Серија Б, второто ниво на италијанскиот фудбалски систем, откако во сезоната 2021-2022 за првпат во својата историја клубот изборил промоција во оваа дивизија.
Сидтирол бил основан во Бресаноне во 1974 година како дел од спортскиот клуб Шпорт Ферајн Миланд, но во 1995 година се одвоил од „матичната компанија“, кога бил и преименуван во ФК Сидтирол-Алто Адиџе и ги прифатил белата и црвената боја како свои клупски бои; потоа името било скратено во ФК Сидтирол во 2000 година, годината на професионално деби на клубот и неговата преселба во Болцано. Новото име ја симболизира намерата на клубот да го претставува не само главниот град, туку и целата територија во соодветната провинција.
Сидтирол е еден од најуспешните клубови во италијанскиот регион Трентино-Јужен Тирол и има најмногу сезони поминати во професионалните лиги во Италија. Со освојувањето на групата А во Серија Ц 2021-2022, клубот ја добил својата прва историска промоција во Серија Б, станувајќи единствениот клуб од Трентино-Јужен Тирол што постигнал слична цел откако првенството се игра во една група (претходно само Болцано одиграл една година во Серија Б, во сезоната 1947-1948). Во сезоната 2022-2023, откако многу пред крајот на првенството го обезбедил опстанокот (играјќи дури во плејофот за промоција во Серија А), Сидтирол поставил апсолутен и невиден рекорд за регионалниот фудбал, потврдувајќи го своето учество во второто ниво на италијанскиот фудбал за втора година по ред.
Својте домашни натпревари клубот ги игра на стадионот Друзо, кој има капацитет од 5,500 седечки места.
Играчи
[уреди | уреди извор]Моментален состав
[уреди | уреди извор]
|
|
Бои и симболи
[уреди | уреди извор]Од 1995 година, боите на Сидтирол се бела и црвена, позајмени од историската симболика хералдика на провинцијата и на градот Болцано (а пред тоа историскиот Тирол). Општо земено, белата боја преовладува на домашниот дрес, додека кај резервните (еден или два, во зависност од спонзорските договори) усвоени се боите црвена, црна, сина, жолта, зелена,[1] дури и виолетова како што било во сезоната на дебито во Серија Б.[2]
Шаблоните избрани низ годините за домашните дресови биле различни: во првите две сезони, од 1995 до 1997 година, клубот настапувал во дресови со бело-црвени вертикални риги,[3] по што, во сезоната 1997-1998, бил во употреба дрес со бела основа со дезен на назабени црвени линии во горниот дел од торзото, избледени на дното. Помеѓу 1998 и 2000 година тие избрале дрес во „стилот на Ајакс", со бела боја со голем централен црвен „столб“, кој потоа еволуирал во дрес во целосно црвена боја само со бели ракави за првиот дел од сезоната 2000-2001 а потоа во шаблон кој имал бело торзо и црвени страни и ракави со минимална појава на црна боја. Во следните сезони до 2013 година, клубот играл во претежно бели домашни дресови, во кои црвената боја била сведена на украси и на рабовите од кројот.[1]
Најчудното и најтрајно решение (и затоа е иконски поврзано со клубот) било она што во 2013 го дизајнирал дизајнерот Антонино Бенинкаса (веќе автор на логото на Зимските олимписки игри 2006) во име на техничкиот спонзор Garman, потоа изгласан преку интернет од навивачите на клубот и последователно останал во употреба до сезоната 2016-2017:[4]
- домашната опрема била изработена од главно бел дрес, со црвено-бел ромбоиден кариран дезен втиснат на торзото кој се протега дијагонално кон десното рамо и ја покрива целата соодветна страна на дресот. Бели шорцеви со црвени симетрични линии, исто како и на чорапите. Броевите и натписите биле во црвено.
- гостинскиот дрес бил во црвена боја, украсен на торзото со бели спирални мотиви кои се протегаат до ракавите. Црвени шорцеви со бели линии, исто како и на чорапите. Броевите и натписите биле во бело.
Еволуција на дресовите
[уреди | уреди извор]- Дома
- Гости
Титули
[уреди | уреди извор]Интеррегионални натпреварувања
[уреди | уреди извор]- Серија Ц : 1
- 2021-2022 (група А)
- 2009-2010 (група А)
- Серија Д : 1
- 1999-2000 (група Ц)
Регионални натпреварувања
[уреди | уреди извор]- Екеленца : 1
- 1996-1997
Статистика
[уреди | уреди извор]Учество во првенства
[уреди | уреди извор]Ниво | Категорија | Учества | Деби | Последна сезона | Вкупно |
---|---|---|---|---|---|
2º | Серија Б | 2 | 2022-2023 | 2023-2024 | 2 |
3º | Лега Про Прима Дивизионе | 4 | 2010-2011 | 2013-2014 | 12 |
Лега Про | 3 | 2014-2015 | 2016-2017 | ||
Серија Ц | 5 | 2017-2018 | 2021-2022 | ||
4º | Серија Ц2 | 8 | 2000-2001 | 2007-2008 | 10 |
Лега Про Секонда Дивизионе | 2 | 2008-2009 | 2009-2010 | ||
5º | Кампионато Национале Дилетанти | 2 | 1997-1998 | 1998-1999 | 3 |
Серија Д | 1 | 1999-2000 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 L'evoluzione delle maglie da gioco è ricostruita tramite Празен навод (help)
- ↑ „CALCIO SERIE B: LA NUOVA MAGLIA AWAY DELL'FC SUEDTIROL“. radionbc.it. 4 август 2022. Посетено на 17 септември 2022.
- ↑ „Maglia celebrativa - FC Südtirol - Alto Adige“. fc-suedtirol.com. 26 мај 2021. Архивирано од изворникот на 2021-05-26. Посетено на 8 јуни 2022.
- ↑ Niccolò Mailli (17 октомври 2013). „Maglie Sudtirol 2013-2014 Garman scelte dai tifosi“. Passione Maglie. Посетено на 7 авгсут 2022. Проверете ги датумските вредности во:
|access-date=
(help)