Фаусто Роси
Фаусто Роси | |||
---|---|---|---|
Лични податоци | |||
Роден на | 2 декември 1990 | ||
Роден во | Торино, Италија | ||
Висина | м | 1,77||
Позиција | среден ред | ||
Клупски податоци | |||
Сегашен клуб | Кордоба | ||
Број | 7 | ||
Младинска кариера | |||
Јувентус | |||
Кариера* | |||
Години | Клуб | Наст. | (Гол.) |
2010- | Јувентус | 0 | (0) |
2010–2012 | → Виченца | 24 | (0) |
2012–2013 | → Бреша | 46 | (3) |
2013-2014 | → Реал Ваљадолид | 31 | (1) |
2014- | → Кордоба | 14 | (0) |
Репрезентација ‡ | |||
2006-2007 | Италија 17 | 2 | (0) |
2008-2009 | Италија 20 | 3 | (0) |
2011-2013 | Италија 21 | 24 | (1) |
* Ажурирано на: 21 септември 2011 ** Ажурирано на: 6 септември 2011 |
Фаусто Роси (роден на 2 декември, 1990 во Торино) — италијански фудбалер, играч од средниот ред, кој во моментов настапува за екипата на Кордоба како позајмен од италијанскиот шампион, Јувентус.
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Јувентус
[уреди | уреди извор]Роден во Торино, Италија, Роси му се приклучи на младинскиот сектор на Јувентус во 1999 година, на возраст од 8 години. По напредувањето низ младинската школа на клубот, Роси му се приклучил на Примавера тимот под 20 години во 2008 година и, исто така, започнал да добива да повици во првиот тим, за време на сезоната 2008-09, под водство на Клаудио Раниери. Роси исто така, му помогнал на Примавера тимот да освои две последователни титули на Турнирот Вијареџо во 2009 и 2010 година.
Следните три и пол години ги минал на заем во екипите од Серија Б, Виченца (од јуни 2010 до јануари 2012) и Бреша (од јануари 2012 до јуни 2013), каде се утврдил како играч бидејќи имал многу повеќе можност да игра редовно. Тоа посебно се однесува на неговиот период во Бреша каде што одиграл 46 натпревари и постигнал 3 гола за сезона и половина.
На 30 јуни 2013, Роси се вратил во Јувентус. Тренерот на клубот Антонио Конте исто така го повикал Роси и за подготвителната турнеја на клубот низ Америка. Иако таму одиграл неколку натпревари сепак тој не останал во клубот и бил пратен на заем во Шпанија.
Роси му се приклучил на Реал Ваљадолид на 29 август на заем до крајот на сезоната. Своето деби го направил на гостувањето против Елче во натпревар што завршил 0-0, влегувајќи од клупата како замена на местото на Омар Рамос во 71-вата минута. Својот прв гол за Ваљадолид го постигнал во шокантната победа на домашен терен над Барселонa со 1-0, по прецизен удар со десната нога на оддалеченост речиси од точката за изведување на пенали.[1][2]