Филип Кузмановски
Лични податоци | |||
---|---|---|---|
Роден(а) |
3 јули 1996 Битола, Македонија | ||
Националност | Македонец | ||
Спорт | Ракомет | ||
Висина | 1.98 м | ||
Позиција | Лев бек | ||
Клупски податоци | |||
Тековен клуб | Хановер | ||
Број | 18 | ||
Младински клубови | |||
Пелистер | |||
Сениорски клубови | |||
2013–2015 2015–2018 2018–2019 2019–2020 2020– |
Пелистер Металург Скопје Еурофарм Работник Магдебург Хановер | ||
Репрезентација | |||
2015– | Македонија | 38 (61) | |
Филип Кузмановски (роден на 3 јули 1996 г.) — македонски ракометар кој игра за Хановер и за македонската репрезнтација.[1][2]
Клупска кариера
[уреди | уреди извор]Кузмановски започнал да тренира фудбал во младинските категории на фудбалскиот клуб Пелистер во Битола, но поради здравстени проблеми бил принуден да направи пауза од фудбалот, а по враќањето се префрлил во ракометната секција на Пелистер.[3] Тој ги поминал сите возрасни категории во клубот и бил прекомандуван во првиот тим на РК Пелистер, на 17-годишна возраст.
Пред почетокот на сезоната 2015–16, тој потпишал тригодишен договор со Металург Скопје, чиј предводник бил Лино Червар.[4] Иако тој бил еден од главните играчи на Металург во домашното првенство и во Лигата на шампионите, поради финансиските проблеми на клубот, тој бил принуден да го напушти Металург и да се врати во Битола, во Еурофарм Работник.[5] По завршувањето на сезоната 2018–19, Кузмановски преминал во редовите на германскиот бундеслигаш Магдебург, со кој веќе потпишал преддоговор уште пред почетокот на сезоната.
Во март 2020 година, Кузмановски потпишал тригодишен договор со Хановер, и се приклучил на новиот клуб на почетокот на сезоната 2020–21. Во својата прва сезона во дресот на Хановер, тој постигнал 65 гола во Бундеслигата, со процент на реализација од 59%.[6]
Репрезентативна кариера
[уреди | уреди извор]Кузмановски ги поминал сите возрасни категории во дресот на македонската репрезентација, и за сениорскиот тим за прв пат дебитирал во 2015 година.[7] Тој бил дел од составот на јуниорската репрезентација на Македонија која го освоила 6. место на Светското јуниорско првенство 2017 во Алжир, завршувајќи како втор најдобар стрелец за Македонија со 35 гола.[8]
Своето деби на Европските првенства во репрезентативниот дрес, Кузмановски го имал на Европското првенство 2016 во Полска.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ EHF profile[мртва врска]
- ↑ 2019 World Men's Handball Championship roster
- ↑ ИНТЕРВЈУ ФИЛИП КУЗМАНОВСКИ: Јас сум борец, сонувам да освојам медал со Македонија! 24rakomet.mk; 31 декември 2021
- ↑ Филип Кузмановски нов ракометар на Металург (ФОТО) Архивирано на 8 јануари 2016 г. mkd.mk; 12 август 2015
- ↑ ОФИЦИЈАЛНО: Кузмановски и Металург се разделија, репрезентативецот ќе игра во Еурофарм Работник gol.mk; 7 септември 2018
- ↑ Season statistics 2020/21 Архивирано на 2 октомври 2022 г. Handball-Bundesliga
- ↑ Обрван го објави списокот за турнирот во Умаг Makfax; 15 октомври 2015
- ↑ THE 21ST IHF MEN'S JUNIOR(U21) WORLD CHAMPIONSHIP 2017 - Score standings (court player)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|
|
|
|