Филип II (московски митрополит)
Филип II | |
---|---|
Икона од Филип | |
Hieromartyr | |
Роден(а) | 1507, Галич |
Починал(а) | 1569, Твер |
Почитуван(а) во | Православна црква |
Главно светилиште | Катедрала на Успението |
Слава | 9 јануари 3 јули |
Свети Филип II (световно име Федор Степанович Количов; 1507—1569) е православен руски светец и митрополит на Руската Православна црква во 16 век.
Роден e на 11 февруари 1507 година. Според христијанските верувања, еднаш како момче стоејќи во црквата, го слушнал свештеникот како од Евангелието чита: “Никој не може да им служи на двајца господари”. се уплашил многу од тие зборови како да се однесуваат на него, се просветил во исто време и се оддалечил во соловецкиот манастир каде што по долго и тешко искушение се замонашил. Подоцна станал игумен, засветлил како сонце и целата руска земја разбрала за него. Царот Иван Грозни го поставил на празното место митрополит московски во 1566 година.
Филип II, не можејќи рамнодушно да ги гледа лошотиите на царот, почнал да го советува и бестрашно да го изобличува. Царот нашол лажни сведоци против Филип, го симнал од престолот, му облекол искината монашка мантија, па го затворил во Твер. Во декември 1569 година Маљута Скуратов, еден царски повереник, дошол во Филиповата келија и го задушил со перницата. Наскоро сите кои биле против Филип со лоша смрт пострадале. По неколку години, телото на светителот било пронајдено цело негнилежно и мирисно и било пренесено во соловецкиот манастир[1].
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Охридски пролог“ стр. 11