Форд
Форд или Друштво за мотори Форд (англиски: Ford Motor Company) — американско претпријатие за производство на автомобили, основано на 16 јуни 1903 година од Хенри Форд. Седиштето на Форд се наоѓа во Детроит. Тоа ги продава своите автомобили и комерцијални возила под името Форд, додека луксузните марки ги продава под името Линколн. Исто така, Форд има заеднички вложувања во повеќе земји, како: Кина, Тајван, Турција и Тајланд. Во 1989 година, Форд го откупил британското претпријатие Јагуар, а во 2000 година и Ленд ровер, но во март 2008 година нив ги продал на индиското претпријатие Тата. Исто така, од 1999 до 2010 година, Форд бил сопственик на шведското претпријатие Волво.[1] Од 1938 до 2011 година, Форд ги произведувал и луксузните автомобили од марката Меркјури.
Организација и управување
[уреди | уреди извор]Претпријатието е организирано како акционерско друштво и котира на Њујоршката берза, а контролата во управувањето ја има семејството Форд кое има мнозинство гласови, иако нема мнозинство во вкупниот број акции.[2] Имено, во 1956 година, Форд станал јавно друштво, меѓутоа семејството Форд со помош на посебни класи акции задржало 40 % од бројот на гласовите.[3]
Производство
[уреди | уреди извор]Ова претпријатие е познато по воведувањето на методите за масовно производство, засновано врз детална поделба и специјализација на работата, организирана според принципот на подвижна лента. Овој начин на организација на производството е познат како Фордизам.
Во 2008 година, Форд произвел 5,532 милиони автомобили и имал околу 213 000 вработени во 90 фабрики и погони ширум светот.[4]
Во 2022 година, Форд бил вториот најголем производител на автомобили во САД и шестиот најголем производител во светот,[5] а во 2010 година бил петтиот најголем производител на автомобили во Европа.[6]
Финансиски резултати
[уреди | уреди извор]За време на Глобалната финансиска криза од 2007-2008 година, Форд западнал во финансиски тешкотии, но не побарал финансиска помош од државата, како што бил случајот со другите две американски автомобилски претпријатија.[7][8] Оттогаш, претпријатието повторно станало профитабилно,[9] и во 2018 година се наоѓало на 11. место на списокот на најголемите американски претпријатија со вкупен приход од 157 милијарди долари во 2017 година.[10]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Форд Ка
-
Форд Фиеста
-
Форд Фокус (седан)
-
Форд Фокус (хечбек)
-
Форд Фокус караван
-
Форд Фокус караван
-
Форд Фокус ЕКОнетик
-
Форд Фјужн
-
Форд С-Макс
-
Горд Куга
-
Форд Транзит
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Ford Motor Company (2 август 2010). "Ford Motor Company Completes Sale of Volvo to Geely". Соопштение за печат.
- ↑ Muller, Joann (December 2, 2010). „Ford Family's Stake Is Smaller, But They're Richer And Still Firmly In Control“. Forbes. Архивирано од изворникот June 20, 2019. Посетено на August 31, 2016.
- ↑ Muller, Joann (March 9, 2014). „William Clay Ford's Legacy Cemented Family's Dynasty“. Forbes. Архивирано од изворникот November 16, 2018. Посетено на August 28, 2017.
- ↑ „Ford Motor Company / 2008 Annual Report, Operating Highlights“ (PDF). стр. 1. Архивирано од изворникот (PDF) на April 19, 2011. Посетено на September 19, 2010.
- ↑ „Worldwide car sales by manufacturer“.
- ↑ „New Passenger Car Registrations by Manufacturer European Union (EU)“. ACEA. Архивирано од изворникот на September 27, 2011. Посетено на January 28, 2011.
- ↑ „Bush announces $17.4 billion auto bailout“. Politico (англиски). December 19, 2008. Посетено на April 8, 2022.
- ↑ „Stopgap auto bailout to help GM, Chrysler“. CNN Money. December 19, 2008. Посетено на April 8, 2022.
- ↑ Hammond, Lou Ann (January 13, 2011). „How Ford stayed strong through the financial crisis“. Fortune. Архивирано од изворникот на July 2, 2018. Посетено на December 20, 2017.
- ↑ „Ford Motor“. Fortune (англиски). Архивирано од изворникот August 23, 2019. Посетено на November 9, 2018.