Прејди на содржината

Француски Дахомеј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Колонија Дахомеј
Colonie du Dahomey et dépendances
Составен дел на Француска Западна Африка

1904–1958

Знаме на Француски Дахомеј

Знаме

Химна
La Marseillaise  •  L'Aube Nouvelle
Местоположба на Француски Дахомеј
Местоположба на Француски Дахомеј
Главен град Порто-Ново
Историја
 -  Колонизација 1872
 -  Француска Западна Африка 1904
 -  Француска унија 4 септември 1947
 -  Француска заедница 11 декември 1958
 -  Независност 1 август 1960
Денес во  Бенин

Француски Дахомеј (француски: Colonie du Dahomey) — француска колонијална територија во федерацијата на Француска Западна Африка од 1904 година до 1958 година. По Втората светска војна, со основањето на Четврта Француска Република во 1947 година, Дахомеј станал дел од Француската унија со зголемена автономија. На 11 декември 1958 година била основана Петта Француска Република и Францускката унија станала Француска заедница. Колонијата стекнала самоуправа под името Република Дахомеј во рамките на Заедницата, а две години подоцна на 1 август 1960 година добила целосна независност. Во 1975 година земјата го променила имато во Бенин.