Хавиер Чакон
Изглед
Лични податоци | |
---|---|
Цело име | Хавиер Чакон Кесада |
Роден | 29 јули 1985 Велес-Рубио, Шпанија |
Висина | 1,85 м |
Маса | 70 кг |
Податоци за клубот | |
Мом. клуб | Андалусија |
Дисциплина | друмски велосипедизам |
Улога | возач |
Аматерски клубови | |
2008–2009 2008 2011 | Кафемакс-Контентполис Контентполис-Мурсија (тренинг) Андалусија-Каха Гранада (тренинг) |
Професионални клубови | |
2010–2011 2012– | Ираклион Кастро-Мурсија Андалусија |
Последна промена 10 јануари 2015 |
Хавиер Чакон Кесада (шпански: Javier Chacón Quesada; р. 29 јули 1985) — шпански професионален друмски велосипедист, кој вози за професионалната континентална екипа Андалусија.[1]
Роден во Велес-Рубио, Чакон настапува како професионалец од почетокот на сезоната 2012, возејќи како член на екипата Андалусија. На неговиот прв Гранд Тур, Вуелта а Еспања 2012, Чакон бил во бегство на две од првите четири друмски етапи; вториот пат на петтата етапа, кога заминал во соло бегство и возел сам 140 километри од вкупно 168 километри, колку што била етапата.[2][3]
Достигнувања
[уреди | уреди извор]- 2006
- 1. Национално хронометарско првенство под 23 години
- 1. Краен пласман Вуелта а Сеговија
- 1. Етапа 1
- 1. Етапа 2 (ТТТ) Вуелта а Паленсија
- 2008
- 1. Сиркуито Депутасион де Понтеведра
- 3. Национално аматерско хронометарско првенство
- 9. Краен пласман Волта да Асенсион
- 2009
- 1. Трофео Гуерита
- 2010
- 1. Етапа 10 Вуелта а Венецуела
- 5. Краен пласман Трка околу Србија
- 2011
- 1. Етапа 4 Вуелта Сиклиста Интернасионал а Екстрамадура
- 4. ГП Лоаназ Босен
- 2012
- 4. Краен пласман Трка околу Азербејџан
- 1. Етапа 5
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „Andalucia (ACG) - ESP“. UCI Continental Circuits. Меѓународен велосипедистички сојуз. Архивирано од изворникот на 2012-07-07. Посетено на 23 август 2012.
- ↑ Бенсон, Даниел (22 август 2012). „Дегенколб добил уште една етапа на Вуелта“. Cycling News. Future Publishing Limited. Посетено на 23 август 2012.
- ↑ Аткинс, Бен (22 август 2012). „Џон Дегенколб спринтал за втора победа на кружната етапа во Логроњо“. VeloNation. VeloNation LLC. Посетено на 23 август 2012.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]Оваа биографска статија поврзана со шпанскиот велосипедизам е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |