Харалд Андерсон
Харалд Андерсон во 1934 година | ||||||||||
Лични податоци | ||||||||||
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Роден(а) | 2 април 1907 Станфорд, САД | |||||||||
Починал(а) | 18 мај 1985 Нинесхамн, Шведска | (возр. 78)|||||||||
Висина | м | 1,91|||||||||
Тежина | 99 kg (218 lb) | |||||||||
Спорт | ||||||||||
Спорт | Атлетика | |||||||||
Дисциплини | Фрлање диск | |||||||||
Успеси и титули | ||||||||||
Лични рекорди | 53.02 метри (1935 г.)[1][2] | |||||||||
Освоени медали
|
Харалд „Слактарн“ Андерсон (2 април 1907 – 18 мај 1985) — шведски атлетичар кој се натпреварувал во дисциплината фрлање диск. Во 1934 година тој ја освоил европската титула[1] и бил сопственик на светскиот рекорд во фрлање диск осум месеци. Истата година тој го добил признанието за „најзначајно шведско спортско остварување во годината“.[3]
Кариера
[уреди | уреди извор]Андерсон бил шведски шампион секоја година од 1932 до 1935 и најдобар светски фрлач на диск во 1934 и 1935 година.[3][4] Тој го соборил светскиот рекорд на американецот Пол Џесап од 51.73 метри двапати во исто натпреварување (двоен натпревар помеѓу шведските и норвешките тимови во Осло) на 25 август 1934 година, префрлајќи најпрво 52.20 метри а потоа и 52.42 метри;[5] вториот резултат бил официјално ратификуван од ИААФ.[6] На Европското првенство 1934 во Торино две недели подоцна Андерсон префрлил 50.38 метри и победил убедливо пред Пол Винтер и Иштван Доноган.[7]
Андерсон го загубил приматот светски рекордер во април 1935 година, кога германецот Вили Шредер префрлил 53.10 метри во Магдебург;[6] но сепак, тој останал најдобар светски фрлач, бидејќи Шредер не бил во постојана форма на големите натпреварувања и имал здравстевни проблеми.[5] Андерсон ги освоил титули на шведското и британското државно натпреварување истата година,[3] и на 13 октомври тој го подобрил шведскиот државен рекорд на 53.02 метри во Еребру.[5][8] Тој бил главен фаворит на Летните олимписки игри 1926 во Берлин, но се повредил самиот пред игрите;[3] тој се обидел да се натпреварува во квалификациите, но успеал да прфрли околу 38.5 метри и не успеал да се квалификува во финалето.[9]
Наводи
[уреди | уреди извор]„Харалд Андерсон“ на Ризницата ? |
- ↑ 1,0 1,1 Harald Andersson Архивирано на 18 декември 2014 г.. sports-reference.com
- ↑ Harald Andersson. trackfield.brinkster.net
- ↑ 3,0 3,1 3,2 3,3 „Stora Grabbar“ (шведски). Посетено на 22 December 2014.
- ↑ „Athletics at the 1936 Berlin Summer Games: Men's Discus Throw“. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2014-12-18. Посетено на 22 December 2014.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Jukola, Martti (1935). Huippu-urheilun historia (фински). Werner Söderström Osakeyhtiö.
- ↑ 6,0 6,1 Butler, Mark; IAAF Media & Public Relations Department (2013). IAAF Statistics Book Moscow 2013. ИААФ. стр. 635.
- ↑ Jalava, Mirko (2014). „European Athletics Championships Zürich 2014: Statistics Handbook“ (PDF). ЕАА. Посетено на 9 December 2014.
- ↑ All-Time List As At 31 December 1945, Association of Track and Field Statisticians
- ↑ „Harald Andersson Bio, Stats and Results“. Sports Reference LLC. Архивирано од изворникот на 2014-12-18. Посетено на 22 December 2014.
Рекорди | ||
---|---|---|
Претходник Пол Џесап |
Светски рекордер во фрлање диск 25 август 1934 – 28 април 1935 |
Наследник Вили Шредер |