Прејди на содржината

Хајле Селасие

Од Википедија — слободната енциклопедија
Хајле Селасие I
Хајле Селасие I во 1971 година
Цар на Етиопија
На престол2 април 1930 – 12 септември 1974
Крунисување2 ноември 1930
ПретходникЗаудита
НаследникАма Селасие
Роден(а)Тафари Маконен
23 јули 1892(1892-07-23)
Еџерса Горо
Починал(а)27 август 1975(1975-08-27) (возр. 83)
Адис Абеба
Почивалиште5 ноември 2000
СопружникМенен Асфав
ДинастијаСоломонска династија
ВероисповедЕтиопска Православна Црква

Хајле Силасие (гиз: ቀዳማዊ ኃይለ ሥላሴ qädamawi haylä səllasé)[1]цар на Етиопија од 2 април 1930 12 септември 1974 година.

Животопис

[уреди | уреди извор]

Роден е како Лиј Тафари Маконен во покраината Харар. Неговиот татко се викал Рас Маконен. Рас е титула исто како принц, кнез и слично Неговото потекло се врзува за царот Менелик I, кој пак води потекло од библискиот цар Соломон. Со еден збор Тафари потекнува од царска лоза. Тафари потекнува од една христијанско-православна фамилија и како таков тој е крстен уште во првиот ден од својот живот. На крштевањето го добил името Хаиле Селасие I. Хајле Селасие во превод значи „Сила на светото тројство“.

Додека неговиот роднина Менелик I управувал со Етиопија, Селасие бил поставен за гувернер на градот Басо, а со неполни 18 години бил назначен за гувернер на најзначајната област во Етиопија, Харар.

По смртта на царот Менелик на негово место дошол неговиот внук Лиј Ијасу. Под притисок на својот татко Рас Михаел, Ијасу започнал да ги проучува исламските обичаи, а ваквата постапка изразила незадоволство кај етиопскиот народ кој бил христијански веќе 1600 години. Затоа Ијасу бил симнат од престолот, а на негово место дошол ќерката на Менелик, Заудиту. Рас Тафари добил малку позначајно место од гувернер. Тој се борел против исламскиот притисок во државата и во 1916 година го поразил Рас Михаел, а во 1921 и неговиот син Ијасу.

Потоа следеле реформи и Етиопија се издигнала на првото место во Друштвото на народите во Африка (1923). Во 1924 конечно била укината трговијата со робови, а 1928 годиба Рас Тафари бил крунисан за цар (негус). Царицата Заидиту заплашена од големата популарност на Рас Тафари стравувала за престолот. Таа ја свртила војската на својот маж против Тафари, но војската била поразена а нејзиниот маж бил убиен. Во 1930 Рас Тафари бил крунисан за цар под името Хајле Селасие, со титулата: Цар на Царевите, Господар на Господарите, Освојувачки лав на племето Јудејско, Избраник од Господ, Светлината на овој свет. Овие епитети наидувале на различни реакции кај луѓето односно светот, зошто како такви му се препишуваат на Исус Христос.

Во 1931 година Италија ја колонизирала Етиопија и започнала нова војна. На чело на Етиопија бил Селасие и во 1935 тој бил приморан да побара помош од Англија. Ова довело до протест во Друштвото на народите проследен со зборовите: „Иако го потпаливте огнот во Африка, Европа е таа што ќе гори.“ Во 1940-41 Селасие успеал да ја ослободи земјата потпомогнат од Англија.

По ослободувањето, Етиопија станала членка на Обединетите Нации. Царот донесел нов устав и го стегнал обрачот во царството. Во 1960 избил неуспешен државен удар. Во 1961 година во Етиопија дошла Растафаријанска мисија, а во 1966 година Селасиe заминал на Јамајка каде бил срдечно дочекан, а тој датум 21 април растафаријанците и денес го слават. Меѓутоа Селасие не ја признавал ниту пак ја поддржувал растафаријанската вера.

Во 1974 година Селасие бил приморан да ја предаде властта на воениот комитет[2]. Во 1975 починал. Пред само неколку години се раширила веста низ светот дека Селасие бил сурово убиен.

Етиопија до денес останува единствена африканска земја која никогаш не била освоена од никој. Голема заслуга за тоа има и Хајле Селасие кој и денес живее во срцето на секој Раста, како Јах Растафари, цар над царевите.

Меѓу неговите многубројни почести, Хајле Селасие бил и почесен државјанин на СФРЈ.

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Gates, Henry Louis and Appiah, Anthony. Africana: The Encyclopedia of the African and African American Experience. 1999, стр. 902.
  2. „Haile Selassie of Ethiopia dies at 83“, The New York Times.