Хорхе Гарбахоса
Хорхезе Гарбахоса Чапаро Џуниор (шпански: Jorge Garbajosa) (роден 6 декември 1977) е пензиониран шпански крилен центар и моментален претседател на Шпанската федерација.Тој ја започна својата кариера во Шпанија во Тау Виторија во 1995, со кој ја освои домашната лига во 1998. Тој настапуваше и за Бенетон Тревизо под водство на Маурицио Џерардини, со кој подоцна се сретна и во Торонто, и Мајк Дантони од Феникс. Во 2005, се пресели во Торонто, каде имаше солидна прва сезона и стана миленик на навивачите, но се повреди пред „плеј-оф“от во март 2008, и до летото 2008 не се опорави. Се очекува да ја продолжи кариерата во Шпанија.
Репрезентативно, тој го освои златниот медал на Светското првенство во кошарка во 2006, а придонесе и за сребрените медали на европските првенства во 2003 и 2007 и бронзениот во 2001. Џорхе доследно ја приоритезира репрезентацијата пред клупската игра, и настапува за Шпанија на секоја дадена прилика. Тој дури се откажа од неколку милиони долари во Торонто за да може да настапи за Шпанија на Олимписките игри во 2008