Прејди на содржината

Ума

Координати: 41°11′9″N 22°19′35″E / 41.18583° СГШ; 22.32639° ИГД / 41.18583; 22.32639
Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Хума)
Ума

Поглед на влезот во селото

Ума во рамките на Македонија
Ума
Местоположба на Ума во Македонија
Ума на карта

Карта

Координати 41°11′9″N 22°19′35″E / 41.18583° СГШ; 22.32639° ИГД / 41.18583; 22.32639
Регион  Вардарски
Општина  Гевгелија
Област Влахомеглен
Население 4 жит.
(поп. 2021)[1]

Пошт. бр. 1480
Повик. бр. 034
Шифра на КО 06034
Надм. вис. 820 м
Слава Свети Пантелејмон
Ума на општинската карта

Атарот на Ума во рамките на општината
Ума на Ризницата

Ума или Хума — село во Општина Гевгелија, во областа Влахомеглен, во околината на градот Гевгелија.

Географија и местоположба

[уреди | уреди извор]

Населбата се наоѓа во областа Влахомеглен, во западниот дел на територијата на Општина Гевгелија. Селото е сместено на падините на планината Кожуф.[2] Селото е планинско, сместено на надморска височина од 850 метри. Од градот Гевгелија е оддалечено 20 километри.[2]

Атарот зафаќа површина од 42,3 км2.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Во XIX век, Ума било христијанско влашко село во рамките на Гевгелиската каза на Отоманското Царство.

Селото било тешко оштетено при Валандовскиот земјотрес во 1931 година.[3]

Вкупно 5 жители на оваа населба се заведени како жртви во Втората светска војна.[4]

Ума порано било село со околу 500 Власи со христијанска вероисповед. Денес, тоа е практично иселено и функционира како викенд-населба.

Население

[уреди | уреди извор]
Население во минатото
ГодинаНас.±%
1948380—    
1953225−40.8%
196144−80.4%
19717−84.1%
19811−85.7%
ГодинаНас.±%
19911+0.0%
19940−100.0%
20022—    
20214+100.0%

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во селото Ума имало 490 жители, сите Власи.[5] По податоците на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Ума имало 480 жители.[6]

Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралството Југославија од 1931 година, селото имало 50 Македонци.[7]

Селото во 1961 година имало само еден жител, а во 1994 година било целосно раселено.[2]

Според пописот од 2002 година, во селото Ума имало 2 жители, од кои 1 Влав и 1 Бошњак.[8]

Според последниот попис од 2021 година, во селото живееле 4 жители, од кои 1 Македонец и 3 Власи.

Во табелата во продолжение е направен преглед на населението во сите пописни години:

Година 1900 1905 1948 1953 1961 1971 1981 1991 1994 2002 2021
Население 390 480 380 225 44 7 1 1 0 2 4
Извор за 1900 г.: Македонија. Етнографија и статистика.[9]; за 1905 г.: La Macédoine et sa Population Chrétienne.[10]; за 1948-2002 г.: Државен завод за статистика на РМ.[11]; за 2021 г.: Државен завод за статистика на РМ.[12]


Самоуправа и политика

[уреди | уреди извор]

Селото влегува во рамките на Општина Гевгелија, која била променета со новата територијална поделба на Македонија во 2004 година, при што кон нејзе била придодадена поранешната Општина Миравци. Во периодот од 1996-2004 година, селото било во рамките на некогашната Општина Гевгелија.

Во периодот 1950-1952, селото било во рамките на некогашната општина Горничет, во која влегувале селата Горничет, Конско, Моин и Ума.

Во периодот 1952-1955, селото било дел од тогашната Гевгелиска градска општина, во која покрај селото Ума се наоѓале градот Гевгелија и селата Горничет, Конско, Моин и Мрзенци.

Во периодот 1955-1965, селото се наоѓало во некогашната општина Гевгелија.

Во периодот 1965-1996 година, селото се наоѓало во рамките на големата Општина Гевгелија.

Селото е опфатено во избирачкото место бр. 360 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на деловен објект - продавница на селото Серменин.[13]

На претседателските избори во 2019 година, на ова избирачко место биле запишани вкупно 12 гласачи.[14]

Културни и природни знаменитости

[уреди | уреди извор]
Цркви[15]

Редовни настани

[уреди | уреди извор]

Секоја година во почетокот на август се одржуваат панаѓурски денови по повод Св. Пантелејмон, кога во селската црква се организира неделен курбан.

Личности

[уреди | уреди извор]
Родени во Ума

Галерија

[уреди | уреди извор]
  1. „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Панов, Митко (1998). Енциклопедија на селата во Република Македонија (PDF). Скопје: Патрија. стр. 309. Посетено на 11 јуни 2017.
  3. Порта3 (2017-12-21). „Разурнувачкиот земјотрес во Валандово од 1931 година“. Порта3 - градежништво, архитектура и екологија. Посетено на 2021-10-08.
  4. „Попис на жртвите од војната 1941-1945, СР Македонија“ (PDF).
  5. Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 152.
  6. D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, р. 194-195.
  7. „200K Volkstumskarte Jugoslawien“.
  8. „Попис на Македонија“ (PDF). Завод за статистика на Македонија. 2002. Посетено на 11 јуни 2017.
  9. К’нчов, Васил. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900
  10. Brancoff, D.M. „La Macédoine et sa Population Chrétienne“. Paris, 1905.
  11. „Население по возраст и по пол, по населени места, според пописите спроведени во Република Македонија по Втората светска војна“. Државен завод за статистика.
  12. „Вкупно резидентно население на Република Северна Македонија според етничката припадност, по населени места, Попис, 2021“. Државен завод за статистика.
  13. „Описи на ИМ“. Архивирано од изворникот на 2023-08-17. Посетено на 6 ноември 2019.
  14. „Претседателски избори 2019“. Архивирано од изворникот на 2019-12-29. Посетено на 6 ноември 2019.
  15. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]