Цариградски собор (879-880)
Цариградски собор (879-880), Четврти цариградски собор или Софиски собор — голем регионален собор на православната црква, кој се одржал во 879 и 880 година во Цариград. Соборот го свикал византискиот цар Василиј, во договор со цариградскиот патријарх Фотиј. На соборот, бил осуден секој обид за промена на изворниот Никејско-цариградски симбол на верата, било преку вадење или додавање. Оваа одлука била насочена против вметнувањето на поимот филиокве (лат. Filioque) во симболот на верата, односно против учењето за двојното произлегување на Светиот Дух од Отецот и Синот. Одлуките на овој собор ги потврдил тогашниот римски папа Јован VIII.[1]
Иако овој собор првично беше прифатен како општ, со текот на времето Римската црква почнала да се оддалечува од неговите одлуки, а кога вметнувањето на филиокве околу 1014 година било официјално прифатено и во самиот Рим, дошло до забрзано нарушување на претходното црковно единство, што на крајот резултирало со Големиот раскол (1054). И покрај тоа, Цариградскиот собор од 879-880 година ја задржал својата важност во Православната црква, а многу православни христијани го сметаат за рамноправен и го нарекуваат Осми вселенски собор.[2]
Историја
[уреди | уреди извор]По смртта на цариградскиот патријарх Игнатиј во есента 877 година, Фотиј се вратил на патријаршискиот престол во Цариград, кој со согласност на тогашниот византиски цар Василиј (867-886) одлучил да свика голем црковен собор, со цел преиспитување на спорните одлуки на претходниот Цариградски собор од 869 - 870 година. Согласност за свикување на новиот собор дал и римскиот папа Јован VIII (872-882), кој ги испратил своите легати во Цариград.[1]
Соборот се состанал во есента 879 година, со учество на претставници на сите источни патријаршии, како и на Римската црква, која ја претставуваа папските легати (емисари) Еуген, Петар и Павле. Во работата на соборот учествувале дури 383 епископи. Соборот усвоил три канони, кои биле вклучени во корпусот на канонското право на Православната црква. На соборот биле поништени сите спорни одлуки на претходниот Цариградски собор од 869-870 година.[3]
Соборот едногласно го потврдил изворниот Никејско-цариградски симбол на верата, без никакви исфрлања или дополнувања, официјално осудувајќи го секој обид за испуштање или внесување поедини зборови или изрази. Во таа прилика учесниците на соборот истакнале: „Со сето срце прифаќаме и со свои усни признаваме дека го исповедаме древниот Симбол на верата без никакво одземање и без додавање, без менување или оштетување“, со изрекување предупредување и осуда: „ако некој дозволи промена или додавање на овој Симбол, како и оној што ќе се осмели да го стори тоа, нека е проклет“.[4] Со оваа одлука, бил отфрлен секој обид да се вметне изразот филиокве (лат. Filioque) во Симболот на верата, и со самото тоа било спречено во Симболот на верата преку споменатото вметнување да се воведе неправилното учење за двојното произлегување на Светиот Дух. Соборот ја завршил својата работа во 880 година, а неговите одлуки биле официјално потврдени од тогашниот римски папа Јован VIII.[5]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 Острогорски 1969.
- ↑ Јевтић 2012.
- ↑ Атанасије Јефтић, На путевима отаца: Васељенски сабори и живо предање Цркве
- ↑ Лебедев А. П. Т. 5: История разделения Церквей в IX, X и XI веках: С подроб. указ. рус. лит., относящейся к этому предмету, с 1841 по 1900 гг. СПб.: Тузов, М.: Печатня Снегиревой стр.293
- ↑ Siecienski 2010.
Литература
[уреди | уреди извор]- Василиадис, Панајотис (1996). „Друга Фотијева патријаршија (1. део)“ (PDF). Теолошки погледи. 29 (1–4): 87–131. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-30. Посетено на 2022-08-27.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Василиадис, Панајотис (1997). „Друга Фотијева патријаршија (2. део)“ (PDF). Теолошки погледи. 30 (1–4): 3–84. Архивирано од изворникот (PDF) на 2018-03-23. Посетено на 2022-08-27.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Dvornik, Francis (1948). The Photian Schism: History and Legend. Cambridge, UK: Cambridge University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Јакшић, Душан Н. (1931). Лично својство Светог Духа по учењу Православне цркве, с обзиром на римски догмат Filioque. Сремски Карловци: Српска манастирска штампарија.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Јевтић, Атанасије (2012). „Свети Васељенски Сабори: Осми (879–880. г.) и Девети (1351. г.)“ (PDF). Теолошки погледи. 45 (1): 69–90. Архивирано од изворникот (PDF) на 2020-09-11. Посетено на 2022-08-27.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Коматина, Предраг (2009). „Моравски епископ Агатон на Фотијевом сабору 879/880. г.“. Српска теологија данас. 1: 359–368.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Коматина, Предраг (2014). Црквена политика Византије од краја иконоборства до смрти цара Василија I. Београд: Византолошки институт САНУ.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Коматина, Предраг (2016). „Област Вaгенитија и епископија Св. Климента“. Зборник радова Византолошког института. 53: 83–100.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Матић, Златко, уред. (2012). Filioque: Историјски и теолошки аспекти једног проблема. Пожаревац: Епархија браничевска.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Острогорски, Георгије (1969). Историја Византије. Београд: Просвета.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Поповић, Радомир В. (1983). „Свети Фотије патријарх цариградски и његово доба“ (PDF). Теолошки погледи. 16 (4): 191–211. Архивирано од изворникот (PDF) на 2022-06-28. Посетено на 2022-08-27.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Поповић, Радомир В. (2007). „Неке од највећих хришћанских јереси првог миленијума: аријанство, монофизитство, филиокве (filioque)“. Црква Христова и свет религије: Антологија православних виђења (2. допуњено. изд.). Београд: Досије. стр. 331–336.CS1-одржување: ref=harv (link)
- Siecienski, Anthony Edward (2010). The Filioque: History of a Doctrinal Controversy. Oxford University Press.CS1-одржување: ref=harv (link)