Црква „Св. Петка“ - Бродец
Света Петка
| |
Поглед на црквата | |
македонска православна црква | |
Епархија | Тетовско-гостиварска |
Архијерејско намесништво | Гостиварско |
Парохија | Мавровска |
Местоположба | |
---|---|
Координати | 41°45′50.2″N 20°40′20.2″E / 41.763944° СГШ; 20.672278° ИГД |
Место | Бродец |
Општина | Гостивар |
Држава | Македонија |
Општи податоци | |
Покровител | Света Петка |
Изградба | 2012 |
Завршено | 2015 |
Осветување | 9 август 2015 |
Живопис | Славко Ѓиноски |
Архитектонски опис |
Света Петка — манастирска црква на Бродечкиот манастир.
Историја
[уреди | уреди извор]Изградбата на црквата започнала во 2012 година и истата била завршена во 2015 година. Храмот бил осветен на 9 август 2015 година од страна на Митрополитот г. Јосиф на свеченост одржана за осветување на манастирот.[1][2]
Архитектура
[уреди | уреди извор]Црквата е изградена од камен. Таа има четириаголна основа, со осумаголна купола која се издига од средишниот дел на покривот, натстрешница пред влезот на храмот и полукружна апсида на источниот ѕид. На јужната, северната, западната и источната страна од куполата има по една монофора. Ѕидот во внатрешноста на влезниот простор покриен со натстрешница содржи врамена молитва, додека над влезната метална врата има мала фреска со ликот на Света Петка и цветен венец во облик на лак. Над лакот има фреска која го отсликува животворниот извор за кој се верува дека е сместен во непосредна близина на манастирот и на која се прикажани верници како сипаат од лековитата вода која тече од чешма со три шепурки. Црквата е изградена од камен. Внатрешноста на црквата е фрескоживописана, а фрескописот е дело на мајсторот Славко Ѓиноски.[1]
Галерија
[уреди | уреди извор]-
Молитва на ѕид во влезниот простор
-
Влезната врата од црквата
-
Фреската која го отсликува животворниот извор
-
Внатрешноста на црквата
-
Фрескоживопис во внатрешноста на куполата
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 „Никна манастир во близина на лековитите води во Бродец Архивирано на 11 август 2015 г.“. Вечер. 7 август 2015.
- ↑ „Осветен новоизградениот манастир Св. Петка во село Бродец, Гостиварско[мртва врска]“. Канал 5. 9 август 2015.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Црква „Св. Петка“ - Бродец на Ризницата ?