Прејди на содржината

Црква „Св. Петка“ - Селник

Координати: 42°01′27.2″N 22°43′22.5″E / 42.024222° СГШ; 22.722917° ИГД / 42.024222; 22.722917
Од Википедија — слободната енциклопедија
Света Петка

Поглед на црквата

македонска православна црква
Епархија Брегалничка
Архијерејско намесништво Делчевско
Парохија Ѕвегорска
Местоположба

Карта

Координати 42°01′27.2″N 22°43′22.5″E / 42.024222° СГШ; 22.722917° ИГД / 42.024222; 22.722917
Место Селник
Општина Делчево
Држава Македонија
Општи податоци
Покровител Света Петка
Зограф Јован Комнов
Архитектонски опис
Архит. тип еднокорабна

Света Петка — главна селска црква во селото Селник.[1] Сместена е на неколку стотина метри лево од патот кој води од Драмче кон Селник. Црквата е прогласена за споменик на културата од национално значење од страна на Министерството за култура на Македонија.[2]

Историја

[уреди | уреди извор]

Точни податоци за изградбата на црквата не се достапни, но според трите слоја на фрескоживописот, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, се претпоставува дека истата била изградена некаде во XIV век.[3]

Врз основа на зачуваниот ктиторски натпис, изградена е во „тешко време“, кога столувал „новиот епископ Прохор“.[4]

Во 2001 година, црквата била реконструирана, а во дворот биле изградени помошни објекти. Секоја година на 27 октомври, т.е. на празникот Петковден, во црквата се организира голем собор.[2]

Архитектура

[уреди | уреди извор]

Градбата на црквата е еднокорабна со правоаголна основа и е покриена со камени плочки. Градена е од кршен камен и вар.[2] Над влезната врата има ниша со фреска на која е прикажана Света Петка.

Внатрешноста на црквата е зографисана. Ја живописал Јо(ван) Комнов, најверојатно во третата деценија на XII век. Ѕидното сликарство е стилски блиско на недалечниот алински манастир „Св. Спас“ во Бугарија (1626).[4]

Во сликаната програма се вклучени локалните пустиножители Св. Јоаким Осоговски и Св. Јоан Рилски.[4]

Фрескоживописот се состои од три слоја, од кои првиот е некаде од XIII-XIV век, додека следниот од XVI век, односно од времето на архиепископот Прохор Охридски. Натписите се словенски и сведочат за продолжувањето на словенската култура во време на отоманското владеење. Целата црква е живописана, но голем дел од фреските се оштетени. Иконостасот со царските двери и иконите биле изработени во 1906 година од страна на зографот Гаврил.[2][3]

Галерија

[уреди | уреди извор]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. стр. 31.
  2. 2,0 2,1 2,2 2,3 Илиевска-Арсова, В. (2011). „Пијанец-Малеш, изобилство од сонце и насмевки![мртва врска]“. Штип, Центар за развој на Источен плански регион. стр. 31.
  3. 3,0 3,1 Звегорска парохија Архивирано на 30 септември 2018 г.“. Брегалничка епархија.
  4. 4,0 4,1 4,2 Ристовски, Блаже, уред. (2009). „„Света Петка"“. Македонска енциклопедија. , книга II (М-Ш). Скопје: МАНУ. стр. 1311. Text "series " ignored (help)

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]