Прејди на содржината

Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - Калапот

Координати: 41°14′33.9″N 23°49′20.0″E / 41.242750° СГШ; 23.822222° ИГД / 41.242750; 23.822222
Од Википедија — слободната енциклопедија
Успение на Пресвета Богородица
Κοίμηση της Θεοτόκου
Карта
41°14′33.9″N 23°49′20.0″E / 41.242750° СГШ; 23.822222° ИГД / 41.242750; 23.822222
МестоКалапот, Драмско
ЗемјаЕгејска Македонија, Грција
ВероисповедЦариградска патријаршија
Архитектура
Завршена1841
Управа
ЕпархијаЗихненско-неврокопска

Успение на Пресвета Богородица (грчки: Κοίμηση της Θεοτόκου Πανοράματος) — црква во селото Калапот, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.[1]

Црквата е сместена на северниот крај на селото. Изградена е во 1841 г. и денес е во многу добра состојба. На западната страна има трем, а на катот над него има женска црква. Во минатото имало покриен трем од двете страни на храмот. Однадвор црквата е украсена со релјефни плочи. На една од нив пишува:

1841 MACTPO ΛΑΤИΝЪ БΟΓΔΑΝЪ.[1]

На квадратната камбанарија на северозападниот агол на комплексот е врежана годината 1864.[1]

Според Георги Стрезов во 1891 г. во црквата се служело и на словенски и на грчки.[2]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. 1,0 1,1 1,2 . Τα Νέα της Πετρούσας http://petrousa.blogspot.com/2014/09/33.html. Посетено на 14 ноември 2014. Занемарен непознатиот параметар |заглавие= (help); Отсутно или празно |title= (help)
  2. Стрезов, Георги (1891). „Два санджака отъ Источна Македония“ (PDF). Периодическо списание на Българското книжовно дружество въ Средѣцъ. Средѣцъ: Държавна печатница. Година Осма (XXXVII–XXXVIII): 1–2.