Прејди на содржината

Швајцарска народна партија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Лого на Швајцарската народна партија

Швајцарска народна партија (на германски: Schweizerische Volkspartei, SVP, на реторомански: Partida populara Svizra, PPS), позната и како Демократски сојуз на центарот (UDC, на италијански: Unione Democratica di Centro, на француски: Union démocratique du centre) — национал-конзервативна, десничарска популистичка политичка партија во Швајцарија. Согласно изборите во 2019 година, партијата е најбројна во Националниот совет со 53 од 200 места. Во 2015 година партијата имала околу 90.000 членови.[1]

Швајцарската народна партија настанала во 1971 година од спојувањето на Партијата на земјоделците, трговците и независните и дел од Демократската партија. Швајцарската народна партија претрпела длабоки структурни и идеолошки промени во текот на 1990-тите години. Партијата станала најсилната политичка партија во Швајцарија во 2000-тите години.[2] Партијата постепено почнала сè повеќе да се фокусира на прашања како што се евроскептицизмот и спротивставувањето на масовната имиграција.

Гласачкиот удел на Швајцарската народна партија од 28,9% на изборите за Федералниот совет во 2007 година бил најголемиот гласачки удел некогаш забележан за една политичка партија во Швајцарија сè до 2015 година, кога партијата го надминала сопствениот рекорд со гласачки удел од 29,4%.[3][4]

Изборни резултати

[уреди | уреди извор]
Избори Гласови % Места +/–
1971 217.908 11.1 (#4)
23 / 200
1975 190.445 9.9 (#4)
21 / 200
2
1979 210.425 11.6 (#4)
23 / 200
2
1983 215.457 11.1 (#4)
23 / 200
1987 211.535 11.0 (#4)
25 / 200
2
1991 240.353 11.9 (#4)
25 / 200
1995 280.420 14.9 (#4)
29 / 200
4
1999 440.159 22.5 (#1)
44 / 200
15
2003 561.817 26.6 (#1)
55 / 200
11
2007 672.562 28.9 (#1)
62 / 200
7
2011 641.106 26.6 (#1)
54 / 200
8
2015 740.954 29.4 (#1)
65 / 200
11
2019 620.343 25.6 (#1)
53 / 200
12
  1. The Swiss Confederation — A Brief Guide. Federal Chancellery. 2015. стр. 18. Архивирано од изворникот (PDF) на December 20, 2016. Посетено на December 14, 2016.
  2. Cormon, Pierre (2014). Swiss Politics for Complete Beginners. Editions Slatkine. ISBN 978-2-8321-0607-5. Архивирано од изворникот на 2014-11-04.
  3. „Record poll win for Swiss right“. BBC News. 22 октомври 2007. Посетено на 15 февруари 2011.
  4. „Anti-immigration party wins Swiss election in 'slide to the Right'. The Daily Telegraph. Reuters. 19 октомври 2015. Посетено на 19 октомври 2015.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]