Прејди на содржината

Шехзаде Махмуд (син на Мехмед III)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шехзаде Махмуд
Саркофагот на принцот Махмуд, џамија Шехзаде, Истанбул, Турција
Роден(а)1588
Маниса Сарај, Маниса, Отоманско Царство
Починал(а)7 јуни 1603
Топкапи-сарај, Цариград, Отоманско Царство
Почивалиште
Полно име
турски: Şehzade Mahmud bin Mehmed III
османски турски: شہزادہ محمود
ДинастијаОтоманска династија
ТаткоМехмед III
МајкаХалиме султан[1]
Вероисповедислам

Шехзаде Махмуд (османски турски: شہزادہ محمود‎; роден на 1558 во Маниса – починал на 7 јуни 1603 година во Цариград) — отомански принц, син на султанот Мехмед III и неговата сопруга Халиме султан. Тој бил полубрат на Ахмед I и брат на Мустафа I.

Рани години

[уреди | уреди извор]

Принцот Махмуд е роден во палатата во Маниса, во времето кога неговиот татко бил принц и гувернер на Сурахан. Негова мајка била Халиме Султан. Махмуд заедно со неговите браќа бил школуван од страна на Мустафа-ефенди, кој бил назначен од страна на Мехмед во 1592 година[2]. Кога Мурат починал во 1595 година, Мехмед се качил на престолот под името Мехмед III, а Махмуд заминал во престолнината Цариград заедно со неговиот татко. Со качувањето на престолот, неговиот татко наредил погубување на неговите 19 браќа и полубраќа.

Истанбул

[уреди | уреди извор]

Во Истанбул, Махмуд бил многу популарен кај јаничарите. Мехмед бил вознемирен од желбата на Махмуд да го напушти дворецот и да ја преземе улогата на воен принц, особено затоа што тој самиот толку се здебелил што не можел да води кампања. Со надеж дека ќе ги разголи грижите на неговиот татко поради бунтовниците во провинцијата и напредокот во Персија, Махмуд го замолил неговиот татко да го испрати и да му даде команда на армијата[3][4][5][6][7]. Секогаш кога тој зборувал за тоа, Ахмед се обидувал неуспешно да го спречи, а Мехмед станувал сè повознемирен за состојбата. Покрај тоа, Мехмед се плашел дека младите имаат намера да извршат востание против него од палатата[8].

Махмуд бил загрижен гледајќи како големото царство предводено од неговиот татко и од Сафије султан, неговата баба, полека пропаѓа. Неговата мајка исто така не била омилена од Сафије[9]. Според турската традиција, сите кнезови се очекувало да работат како провинциски гувернери како дел од нивната обука. Сепак, Махмуд бил премлад и сè уште не бил обрежан, ниту бил испратен да управува со која било покраина поради востанието Џелали и Долгата војна во Унгарија, неодлучна копнена војна меѓу Хабсбуршката Монархија и Отоманско Царство, во Влашка, Трансилванија и Молдавија[10].

Во главниот град се ширеле гласини за заговор кон Мехмед и доведување на Махмуд на престолот[11]. Се водело дискусија меѓу везирите на царскиот совет за тоа кој од синовите на султанот треба да биде назначен за наследник на престолот. Везирите биле поделени во две групи, едната го поддржувала Махмуд, а другата го фаворизирала неговиот брат Ахмед[12]. Според други гласини, доколку не успеел заговорот за убиство на султанот, Махмуд би бил тајно одведен во провинција, каде лесно можел да собере војска и да се бори за престолот[13].

Освен тоа, мајката на Махмуд му испратила порака на некој религиозен гледач, бидејќи таа сакала да знае дали нејзиниот син ќе стане следниот султан и колку долго ќе владее нејзиниот сопруг. Човекот одговорил, но пораката ја пресретнал Абдурезак-ага, главниот црн евнух на царскиот харем, и истата порака подоцна била предадена на Мехмед и Сафије. Во пораката се вели дека Мехмед ќе умре во рок од шест месеци, без да се спомене дали тоа би било со природна смрт или преку детонирање, и дека нејзиниот син ќе стане следниот султан. Сафије го налутила на Мехмед и го испитувала на Махмуд, кој навистина не знаел ништо за делото на неговата мајка[14].

Махмуд бил затворен, и измачуван за да го признае делото. Потоа, неговата мајка била повикана на распит, која признала дека испратила порака до религиозниот гледач за да знае за богатството на нејзиниот син, но без никаква намера да се повреди или да помисле за лишување од сопругот. Но, оваа изјава не ги задоволила Мехмед и неговата мајка Сафије[15].

Султанот решил да се консултира со неговиот голем везир Јемишчи Хасан-паша и муфтијата за ова прашање. Тој побарал правно мислење од муфтијата Ебулмејамин Мустафа Ефенди, дали може да го егзекутира својот син или не. Муфтијата дал мислење дека тој не може да го убие својот син без сведоци и може да биде погубен само со образложение дека неговата смрт ќе го задоволи неговиот татко[16].

Махмуд бил погубен на 7 јуни 1603 година[17] од страна на четири глуви султански приврзаници во додека Мехмед чекал надвор. Откако била извршена наредбата, Мехмед влегол во собата за да се увери дека Махмуд е мртов[11]. По смртта на Махмуд, останале само два сина на Мехмед, идните султани Ахмед и Мустафа[18][19]. Неговите следбеници кои требало да бидат вклучени во тоа прашање биле фрлени во морето. Се шпекулирало дека и неговата мајка била погубена[15][20], но, таа била испратена во Ески-сарај до крајот на јуни[21]. По неговата смрт, Махмуд бил запаметен како храбар човек и се придружил на категоријата на оние што многу ги сакале јаничарите, османлиски начин на посмртно опишување на амбициозните кнезови[7].

Последици

[уреди | уреди извор]

Мехмед починал на 22 декември, шест и пол месеци подоцна. Според некои извори, причината за смртта на Мехмед била вознемиреност предизвикана од смртта на Махмуд[22]. Синот на Мехмед, полубратот на Махмуд, Ахмед се искачил на престолот. Махмуд, за кој не е познато каде бил погребан по неговата смрт, во времето на Ахмед неговите останки биле пренесени во џамијата Шехзаде, во гробница изградена по наредба на неговиот брат Ахмед. Ахмед ја испратил и Сафије султан во Ески-сарај кон јануари 1604 година, заедно со неговиот брат Мустафа. Тој, исто така, го заменил и главниот црн евнух на царскиот харем, со нов, Џевхер-ага, заради неговата улога во погубувањето на Махмуд[3][23].

  1. Börekçi, стр. 78.
  2. Börekçi 2010, стр. 95.
  3. 3,0 3,1 Micheal, Kappler & Gavriel 2009, стр. 187.
  4. International, стр. 71.
  5. Tezcan & Barbir 2007, стр. 71.
  6. Ricci 1985, стр. 78.
  7. 7,0 7,1 Piterberg 2003, стр. 12.
  8. Peirce 1993, стр. 97-8.
  9. Peirce 1993, стр. 231.
  10. Börekçi, стр. 75-6.
  11. 11,0 11,1 Börekçi 2010, стр. 66.
  12. Börekçi 2010, стр. 72.
  13. Börekçi 2010, стр. 73.
  14. Peirce 1993, стр. 231-2.
  15. 15,0 15,1 Peirce 1993, стр. 232.
  16. Tezcan 2010, стр. 68.
  17. Somel 2010, стр. 41.
  18. Duindam 2015, стр. 133.
  19. A ́goston & Masters 2010, стр. 22.
  20. Walthall 2008, стр. 90.
  21. Börekçi 2010, стр. 68.
  22. Güzel, Oğuz & Karatay 2002.
  23. Börekçi 2010, стр. 128.
  • Peirce, leslie P. (1993). The Imperial Harem: Women and Sovereignty in the Ottoman Empire. Oxford University Press. ISBN 978-0-195-08677-5.
  • Tezcan, Baki (September 13, 2010). The Second Ottoman Empire: Political and Social Transformation in the Early Modern World. Cambridge University Press. ISBN 978-0-521-51949-6.
  • International Journal of Turkish Studies - Volume 13. University of Wisconsin. 2007.
  • Tezcan, Baki; Barbir, Karl K. (2007). Identity and Identity Formation in the Ottoman World: A Volume of Essays in Honor of Norman Itzkowitz. Center for Turkish Studies at the University of Wisconsin. ISBN 978-0-299-22750-0.
  • Michael, Michalis N.; Kappler, Matthias; Gavriel, Eftihios (2009). Archivum Ottomanicum.
  • Güzel, Hasan Celâl; Oğuz, Cem; Karatay, Osman (2002). The Turks: Ottomans (2 v. ).
  • FMR : the Magazine of Franco Maria Ricci - Issues 14-16. Franco Maria Ricci International. 1985.
  • A ́goston, Ga ́bor; Masters, Bruce Alan (May 1, 2010). Encyclopedia of the Ottoman Empire. Infobase Publishing. ISBN 978-1-438-11025-7.
  • Duindam, Jeroen (October 1, 2015). Dynasties: A Global History of Power, 1300–1800. Cambridge University Press. ISBN 978-1-107-06068-5.
  • Walthall, Anne (2008). Servants of the Dynasty: Palace Women in World History. University of California Press. ISBN 978-0-520-25444-2.
  • Somel, Selcuk Aksin (2010). The A to Z of the Ottoman Empire. Rowman & Littlefield. ISBN 978-0-810-87579-1.
  • Piterberg, Gabriel (September 4, 2003). An Ottoman Tragedy: History and Historiography at Play. University of California Press. ISBN 978-0-520-93005-6.
  • Börekçi, Günhan. İnkırâzın Eşiğinde Bir Hanedan: III. Mehmed, I. Ahmed, I. Mustafa ve 17. Yüzyıl Osmanlı Siyasî Krizi.
  • Borekçi, Günhan (2010). Factions And Favorites At The Courts Of Sultan Ahmed I (r. 1603-17) And His Immediate Predecessors.
  • Tezcan, Baki (2001). Searching For Osman: A Reassessment Of The Deposition Of The Ottoman Sultan Osman II (1618-1622).
  • Uzuncarsili, Ismail Hakki (1960). III Mehmed’in oglu sehzade Mahmud’un ölümü [The Death of Prince Mahmut, Son of Mehmed III] (турски). Belleten.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]