Прејди на содржината

Шипка

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Шипинки)
Шипка
Цветови од шипка
Научна класификација
Царство: Растенија
Оддел: Скриеносеменици
Класа: Дикотиледони
Ред: Розовидни
Семејство: Рози
Род: Роза
Вид: Шипка
Научен назив
Rosa canina
Л.

Шипка или шип (науч. Rosa canina) — вид роза која е широко распространета низ целиот свет. Уште се нарекува „кучешка роза“ што е директен превод од научното латинско име (Rosa Canina).

Гранче со шипинки

Шипката е повеќегодишна листопадна грмушка, која може да достигне висина од 1 до 5 метри. Расте во секакви предели со умерена контитнентална клима, но забележливо е тоа што грмушките кои растат на поголема надморска висина даваат поголеми плодови, наречени шипинки[1]. Младите гранки се покриени со боцки, како и кај другите рози. Цветот е бел или розов, кој дава мали црвени овални плодови по кои шипката е најмногу позната.

Употреба

[уреди | уреди извор]

Плодот од шипка се користи за правење чај, џем и мармалад. Широко е распространет во народната медицина и се користи како универзалeн лек против настинки и вируси. Исклучително е богат со витамин Ц и сите производи од шипка се меѓу најдобрите извори за овој витамин.

Плодот може да се конзумира и сиров откако ќе се отстранат боцките и семките од внатрешноста. Боцките може да предизвикаат чешање, или иритација на дигестивниот систем доколку се козумираат во поголеми количини.

Семето од шипката може да се користи за правње масло кое се употребува за козметиката и дерматологијата.

Плодовите остануваат на дрвото за време на зимата, откако ќе отпаднат лисјата. Може да се бере од есен, па сè до крајот на зимата додека плодот не се исуши. На есен плодовите се уште тврди и содржат повеќе витамин Ц. Понатаму во текот на зимата, после првиот мраз, плодот омекнува.

Шипката во Македонија

[уреди | уреди извор]

Шипката може да се најде на сите планини во Македонија. Обично расте на места изложени на сонце, најчесто на јужните падини, надвор од шума, на шумска чистина или покрај пат.

Галерија

[уреди | уреди извор]