Прејди на содржината

Шлифенов план

Од Википедија — слободната енциклопедија

Шлифенов план е стратешки план на германскиот генералштаб за победа на Западниот фронт против Франција. Во првиот месец на Првата светска војна планот се реализирал речиси до победа врз Франција. Меѓутоа, францускиот противнапад на предградијата на Париз во Првата битка на Марна ја запрел германската офанзива, со што започнале години на рововската војна. Контроверзниот план останал како тема за историчарите и војни аналитичари.

Одлики на планот

[уреди | уреди извор]

Шлифенов план го носи името според неговиот автор, грофот Алфред фон Шлифен. Планот требало да се реализира со брза мобилизација, занемарување на неутралноста на Белгија и Луксембург и предвидувал силен пробој на германското десно крило низ Белгија и северна Франција во насока на југозапад. За тоа време би се одржувала дефанзивната позиција на централниот дел и на левото крило во Лорена, Мозел и Вогези. Основната идеја на планот била, во војната на два фронта да се оствари прво брѕата победа на Запад, пред на Русија да ѝ се даде можност да се мобилизира и да ја донесе својата војска до Источна Прусија. Планот предвидувал Париз да биде освоен во рок од 39 дена. Париз не требало да биде заземен, туку десното крило на германската армија требало да помине западно од Париз. Идејааа на планот не била да се заземат градови или индустрија, туку да се зароби поголемиот дел на француската војска и Франција да се принуди да се предаде. Всушност тоа било повторување на стратегијата со која Франција била поразена во Француско-пруската војна.

Планот бил направен по спогодбата за Антанта помеѓу Франција и Велика Британија. Кајзер Вилхелм II од началникот на генералштабот Алфред фон Шлифен барал да смисли план за војна на два фронта. Од декември 1905 година, фон Шлифен го претставувал планот.[1] Шлифен и Хелмут фон Молтке Помладиот биле заведени од можност да евентуално извршат двојно опкружување на целата француска војска со десното крило, кое би дошло од север и запад и со левото крило од исток. Инспирацијта ја нашле во прочуената Битка кај Кана на Ханибал во 216 година п.н.е. Шлифеновиот план на некој начин бил стратешко обнавување на тактиката на Ханибал со користење на напредна комуникација и транспорт. Политичкиот недостаток на планот било вмешувањето на неутралните држави Белгија и Холандија со инвазија. Планот предвидувал многу бавна мобилизација на Русите поради лошата железница. По брза победа врз Франција, германските сили би биле префрлени на Источниот фронт. Според планот 91% од војската требало да биде префрлен во Франција, а само 9% кон Русија. Се предвидувало Франција да биде поразена за 6 недели, со убедување дека толку и е потребно на Русија за да мобилизира војска.

Модификације на планот 1906.

[уреди | уреди извор]

По пензионирањето на фон Шлифен, Хелмут фон Молтке Помладиот станал началник на германскиот генералштаб. Фон Молтке сметал дека планот содржи многу ризици. Планот кој бил осмислен во 1905 година станал дел од начинот на размислување на генералштабот, така што фон Молтке не можел да го отфрли. Наместо тоа одлучил да го модифицира. Хелмут фон Молтке Помладиот одлучил на десното крило, со кое требало да ја нападне Франција од север, да не му го даде предвидениот број на војска, туку во Алзас и Лорена, како и на руската граница да го зголеми бројот на војската. Втората промена била во тоа што германската војска не поминува низ Холандија, туку само низ Белгија. Тие промени станале предмет на дебати. Л. Ц. Ф. Тернер сметал дека со тие значителни промени Молтке ја осудил воената кампања на пропаст, зашто ја ослабнал главната офанзива, а со тоа не дал вистинска шанса француската армија да биде брзо поразна и затоа целиот процес се заглавил во рововскто војување.

Причини за неуспех на Шлифеновиот план

[уреди | уреди извор]

Постојат пет главни причини за неуспех на Шлифеновиот план

  • Белгиски отпор

Иако белгиската војска била десет пати послаба од германската, таа значително го забавила напредувањето на Германците. Белгијанците постојано претставувале закана за германските линии на снабдување.

  • Присуство на Британскиот експедиционен корпус

По војната било откриено дека многумина од германските генерали и политичари не верувале дека Велика Британија ќе влезе во војната. Сепак, поради стравот од Германската експанзија и договори со другите држави тие влегле во војната. Иако Британските експедициони сили биле постојано во повлекување во тек на август 1914 година, пружиле доволно отпор на Првата германска армија под команда на генералот Александар фон Клук за да помогнат фон Клук да се откаже од планот. Фон Клук ја свртел југоисточно, што не било предвидено со планот. Поради тоа го изложил своето десно крило со што сменил многу нешта во почетните чекори на Германците во Првата битка на Марна.

  • Брзина на руската мобилизација.

Русите се движеле многу побрзо отколку што Германците предвидувале, а со тоа нивното навлегување во Источна Прусија било изненадување за Германците. Таа руска претходница не претставувала опаснот, но Германците биле загрижена поради брзината на пристигнување на руските трупи, па морале да повлечат дел од војската од Западниот фронт, за да го засили Источниот фронт

  • Француски железници

Поради временската загуба со Белгијците и Британците, Французите добиле доволно време да ја префрлат својата војска од Алзас и Лорена. Германците ги потцениле француските железници и брзината со која можеле да ја префрлат војската.

  • Промена во сојузниците на Централните сили

Италија и Романија се сметале као сојузници на Централните сили, но кога започнала војната Италија и Романија останале неутрални. Шлифеновиот план сметал на нив како сојузници. Неуспехот на Шлифеновиот план резултирал со неуспех во Првата битка на Марна, во септември 1914 година, а потоа и во рововската војна со постојани линии на фронтот. Предвидувањата на Шлифеновиот план биле насочени кон опасна и многу силна руска војска, но изненадувањето дошло од силна и добро опремена сојузничка војска на запад.

Историчарот Давид Фромкин тврди дека Шлифеновиот план всушност бил само меморандум. Фромкин тврдел дека меморандумот 1905 година никогаш не бил разработен во оперативен план, а дека всушност фон Молтке сметал дека тоа е полн оперативен план. Британскиот воен историчар Џон Киган критикува недостаток на реализам за брзината со која германското десно крило требало да мине низ Холандија и Белгија, посебно поради недоволното познавање на теренот кој немал доволно патишта за толкав број војска. Се критикува и изостанокот на Хелмут фон Молтке Помладиот од западниот фронт, како и закоравеноста на планот што го предвидувал поразот на Франција за 42 денови. Со оглед дека имале прецизен план, германскиот генералштаб не можел да импровизира во тек на војната.

  1. Foley, R. T. (2007) [2005]. German Strategy and the Path to Verdun: Erich von Falkenhayn and the Development of Attrition, 1870–1916 (pbk. ed.). Cambridge: CUP. ISBN 978-0-521-04436-3.