Прејди на содржината

Шрајберзит

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шрајберзит
Општо
КатегоријаФосфиден минерал
Метеоритен минерал
Формула(Fe,Ni)3P
Штрунцова класификација1.BD.05
Данина класификација1 јануари 21.02
Распознавање
БојаСребрено бела до калајно бела, месингово жолта до кафена
ХабитусРетко во кристали, полни, плочести, прачковидни или игличести
Кристален системЧетириаголен
Цепливост{001} совршена, {010} неодредена, {110} неодредена
ЖилавостМногу кршлив
Цврстина на Мосовата скала6.5–7
Сјајсо метален сјај
ОгребТемносив
ПроѕирностНепроѕирен
Специфична тежина7.0–7.3
Оптички својстваУниаксијален
Наводи[1][2]

Шрајберзит — редок минерал со хемиски состав (Fe,Ni)3P (железо никелен фосфид). На Земјата најчесто се среќава во составот на железно-никлените метеорити. Единственото познато наоѓалиште на овој минерал на Земјата се наоѓа на Островот Диско во Гренланд.[3]

Минералот е именуван по австрискиот научник Карл Франц Антон Ритер фон Шрајберс (1775–1852 година), кој бил еден од првите што го опишал во составот на железни метеорити.[4] Друго име во употреба за овој минерал е рабдит. Тој формира четириаголни кристали со совршен 001 расцеп. Бојата му варира од бронзена до месингово жолта до сребренесто бела. Има густина од 7,5 и цврстина од 6,5 – 7,0.

Шрајберзит бил најден во состав на метеоритот Магура, пронајден во Арва-(денешно име – Орава), Словачка; метеоритот Сихоте Алин, пронајден во источна Русија; метеоритот Сао Жулиао де Мореира, пронајден во Виана до Кастело, Португалија; метеоритот Гебел Камил во Египет; и бројни други локации, вклучувајќи ја и Месечината.[5]

Во 2007 година, група на истражувачи објавиле дека шрајберзитот и другите метеоритни минерали кои во својот состав содржат фосфор, најверојатно биле најголемиот извор на формата на фосфор која ја користи биолошкиот свет на Земјата.[6][7] Во 2013 година, група на истражувачи објавиле дека успешно создале пирофосфит, кој е можен претходник на пирофосфатот, кој влегува во состав на ATP, најважниот коензим со централна улога во енергетскиот метаболизам на клетката. Нивниот експеримент вклучувал подложување на примерок на шрајберзит на топла, кисела средина, каква обично се среќава во регионите со вулканска активност, за кои се претпоставува дека биле многу почести во почетоците на планетата Земја.[8] Постојат и голем број на други научни трудови кои го истакнуваат значењето на шрајберзитот за почетокот на животот на Земјата.[9][10][11][12]

Поврзано

[уреди | уреди извор]
  1. Schreibersite. Mindat.
  2. Anthony, John W.; Bideaux, Richard A.; Bladh, Kenneth W.; Nichols, Monte C., уред. (2000). „Schreibersite“ (PDF). Handbook of Mineralogy. IV (Arsenates, Phosphates, Vanadates). Chantilly, VA, US: Mineralogical Society of America. ISBN 978-0962209727.
  3. „Power behind primordial soup discovered“. EurekAlert! (англиски). Посетено на 2019-02-09.
  4. „Schreibersite Mineral Data“. webmineral.com. Посетено на 2019-02-09.
  5. Hunter, R. H.; Taylor, L. A. (1982). декември .253H „Rust and schreibersite in Apollo 16 highland rocks - Manifestations of volatile-element mobility“ Проверете ја вредноста |url= (help). 12: 253–259. Наводот journal бара |journal= (help)[мртва врска]
  6. „Meteorites Supplied Earth Life with Phosphorus“. www.innovations-report.com (англиски). Посетено на 2019-02-09.[мртва врска]
  7. „92: Life's Fifth Element Came From Meteors | DiscoverMagazine.com“. Discover Magazine. Посетено на 2019-02-09.
  8. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  9. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  10. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  11. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)
  12. Грешка во Lua: bad argument #1 to 'match' (string expected, got nil)