18 февруари
Изглед
<< | февруари | >> | ||||
Н | П | В | С | Ч | П | С |
1 | 2 | 3 | ||||
4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 |
18 | 19 | 20 | 21 | 22 | 23 | 24 |
25 | 26 | 27 | 28 | 29 | ||
2024 |
18 февруари — 49-иот ден во годината според грегоријанскиот календар. Остануваат 316 денови до крајот на годината (317 во престапна).
Настани:
1861 | Првиот парламент на Италија го прогласи за крал Виктор Емануел II. |
1915 | Прва светска војна: Германија со помош на подморници ја започна поморската блокада на Велика Британија. |
1945 | Во Скопје е отворен Работничкиот дом, прв во Народна Република Македонија. |
1952 | Грција стана членкa на НАТО. |
1952 | Турција стана членкa на НАТО. |
1960 | Аргентина, Бразил, Мексико, Парагвај, Перу, Уругвај и Чиле се договорија да формираат Латиноамериканско здружение за слободна трговија. |
1965 | Прогласена е независност на африканската држава Гамбија во рамките на Британскиот комонвелт. |
1992 | Собранието на Република Македонија донесе одлука за формирање на Македонска информативна агенција (МИА) како јавен информативен сервис. Првата вест МИА ја емитуваше на 30 септември 1998 година. |
1994 | Владата на Република Македонија донесе одлука за воспоставување на дипломатски односи меѓу Република Македонија и САД на ниво на амбасади. |
Родени:
1404 | Леон Батиста Алберти — италијански ренесансен архитект. |
1516 | Марија I — кралица на Англија. |
1745 | Алесандро Волта — италијански и физичар. |
1860 | Андерс Цорн — шведски сликар и бакрорезец. |
1898 | Енцо Ферари — италијански автомобилист и конструктор. |
1921 | Бранко Бауер — хрватски режисер. |
1930 | Драган Бојаџиев — македонски музички публицист. |
1933 | Боби Робсон — англиски фудбалер и тренер. |
1935 | Бошко Петровиќ — хрватски џез-музичар. |
1938 | Иштван Сабо — унгарски режисер. |
1931 | Тони Морисон — американска писателка, добитничка на Нобеловата награда во 1993 година. |
1942 | Ѓорѓија Најдоски — македонски поет. |
1950 | Сибил Шепард — американска глумица. |
1954 | Џон Траволта — американски глумец. |
1957 | Марита Кох — германска атлетичарка. |
1960 | Грета Скаки — италијанско-австралиска глумица. |
1964 | Мет Дилон — американски глумец. |
1965 | Д-р Дре — американски рапер и музички продуцент. |
1967 | Роберто Баџо — италијански фудбалер. |
1973 | Клод Макелеле — франуцуски фудбалер и тренер. |
1974 | Евгениј Кафелников — руски тенисер. |
1975 | Гери Невил — англиски фудбалер и тренер. |
1981 | Андреј Кириленко — руски кошаркар. |
1985 | Фабио Сабатини — италијански велосипедист. |
1985 | Кристијано Салерно — италијански велосипедист. |
1995 | Натан Аке — холандски фудбалер. |
Починале:
999 | Грегориј V — римски папа. |
1405 | Тимур — монголски кан. |
1546 | Мартин Лутер — германски духовник, водач на протестантската реформација. |
1564 | Микеланџело — италијански вајар, сликар, градител и поет. |
1682 | Балдасаре Лонгена — венецијански архитект. |
1873 | Васил Левски — бугарски национален деец. |
1915 | Стојан Новаковиќ — српски научник. |
1950 | Прежихов Воранц — словенечки писател. |
1967 | Роберт Опенхајмер — северноамерикански физичар. |
1969 | Драгиша Цветковиќ — југословенски политичар. |
1986 | Пол Стјуарт — американски глумец и режисер. |
2001 | Крум Монев — македонски борец. |