4 март (настани)
Изглед
1789 | Во Њујорк е свикан првиот Конгрес на САД. |
1933 | Претседателот на САД, Франклин Делано Рузвелт, под притисок на економската криза ја објавил својата „Нова политика“ (New Deal), чија суштина беше интервенција на капиталистичката држава во нарушениот стопански систем во земјата. |
1942 | Во Софија, бугарската полиција го уапсила поетот Никола Јонков Вапцаров. |
1945 | Во Белград бил основан фудбалскиот клуб „Црвена Ѕвезда“. |
1945 | Во Скопје е одржан првиот слободен црковно-народен собор. Во присуство на над триста делегати, свештеници, претставници на народната власт и на Народниот фронт, делегатите го искажале расположението на македонскиот народ за создавање на Македонска православна црква преку обнова на старата Охридска архиепископија, во 1767 година незаконски укината од турскиот султан Мустафа III, а по барање на Цариградската патријаршија. |
1952 | Народна Република Кина ги обвини САД дека употребуваат бактериолошко оружје во Корејската војна. |
1965 | Сирија национализира девет нафтени компании, вклучувајќи две американски нафтени концерни. |
1965 | Со премиерата на претставата „Богомилска балада“, според романот на Владо Малески, а во режија на Тодорка Кондова, започнал со работа Драмскиот театар во Скопје. |