A Secret Place
„A Secret Place“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Мегадет | |||||
од албумот Cryptic Writings | |||||
Издаден | 1998 | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | 1996 | ||||
Жанр | Хеви метал | ||||
Должина | 5:25 | ||||
Издавачка куќа | Капитол | ||||
Композитор | Дејв Мастејн | ||||
Продуцент | Дејв Мастејн | ||||
Хронологија на синглови на Мегадет | |||||
|
A Secret Place е осмата нумера и воедно третиот и последен објавен сингл од албумот Cryptic Writings.[1] Песната се пласирала на 19. место на американската табела „Билборд Рок Нумери“.[2]
Според мислењето на Дејв Мастејн, тајното место е некаде во неговата глава. Се верува дека песната ги обработува ситуациите кога личноста губи допир со реалноста и се задлабочува во самиот себеси.
И гитаристот Марти Фридман имал позитивно мислење за оваа песна. Вели дека користел повеќе гитари за време на студиските сесии и дека му било драго што токму оваа песна се нашла на ДВД албумот од фестивалот Вудсток 99′.
Видео запис
[уреди | уреди извор]Спотот за песната бил промовиран во 1988 г. истовремено кога бил издаден и самиот сингл. Освен во „Train of Consequences“, „Insomnia“, „The Right to Go Insane“ и во овој филмуван запис не се појавуваат членовите на бендот. Во спотот е прераскажана приказната од кусиот француски филм Ривиерата на Хибу, но од современа гледна точка.
Список на песни
[уреди | уреди извор]Бр. | Наслов | Траење |
---|---|---|
1. | „A Secret Place“ | 5:25 |
Музички персонал
[уреди | уреди извор]Пласман на табелите
[уреди | уреди извор]Година | Наслов | Табела | Место |
---|---|---|---|
1998 | „A Secret Place“ | Рок нумери (САД) | 19 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „The Realms of Deth - Megadeth Singles“. Megadeth.rockmetal.art.pl. Архивирано од изворникот 2011-07-21. Посетено на 2011-08-13.
- ↑ „Билборд Рок Нумери (историјат)“. Архивирано од изворникот 2012-10-23. Посетено на 2012-10-23.