Прејди на содржината

B'Day Anthology Video Album

Од Википедија — слободната енциклопедија
„B'Day Anthology Video Album“
Video од Бијонсе
Издаден3 април 2007
Снимен2006–07
ЖанрР&Б, хип-хоп, поп
Траење69:36
Издавачка куќаColumbia
РежисерЕд Бурке, Реј Кеј, Бијонсе Ноулс, Џејк Нава, Антони Мандлер, Дијан Мартел, Мелина Масукас, Софи Мулер, Клиф Ватс
Бијонсе спот — Хронологија
B'Day Anthology Video Album
(2007)
Above and Beyoncé – Video Collection & Dance Mixes
(2009)

B'Day Anthology Video Album е видео албум од американската пејачка Бијонсе Ноулс. Содржи тринаесет музички видеа од нејзиниот прв студиски албум, B'Day (2006) и неговото делукс издание (2007). Била издаден од Columbia Records преку Вал-Март продавниците на 3 април 2007 заедно со делукс албумот, но подоцна бил издаден и на другите трговски местаa. Ноулс снимила девет видеа за албумот, од кои четири кои биле претходни снимени исто така биле вклучени. B'Day Anthology Video Album добиле дупла платинска сертификација од Американска Снимачка Индустриска Асоцијација (RIAA). Надвор од Сецерна Америка, албумот содржел и бонус диск со B'Day Deluxe Edition. Видеото за „Still in Love (Kissing You)“ било предмет на тужба за кршење на авторските права и затоа само неколу изданија го содржат албумот со тоа видео.

Прво беа само „Green Light“ и „Upgrade U“. Ајде да ја додадеме и „Kitty Kat“. Може да ја ставиме и „Suga Mama“. Мора да ја направиме „Get Me Bodied“, тоа е песна за танцување. Мора да направиме нешто со „Beautiful Liar“, тоа е песна со Шакира, се разбира дека мора да има видео за неа... Ако имав уште една недела најверојатно ќе снимев уште три видеа.
—Бијонсе Ноулс, Anthology Behind The Scenes[1]

Ноулс рекла дека го снимила B'Day Anthology Video Album бидејќи „отсекогаш сакала да направи видео албум“ за нејзините обожаватели да не мораат да се приклучуваат на Јутуб за да ги гледаат нејзините музички видеа, туку да ги гледаат на ДВД.[2] Ноулс знаела дека кореографијата за видеата треба да биде пред да започне снимањето. Таа исто така ја испланирала својата фризура, облека и шминка. Ноулс сакала секое видео да изгледа различно и затоа користела различни техники, моди и стилови.[2] B'Day Anthology Video Album содржи тринаесет музички видеа и снимки од зад сцените. Видеата за „Déjà Vu“, „Ring the Alarm“, „Irreplaceable“ и „Listen“ биле снимени порани поради албумот.[3] Другите девет видеа биле снимени во период од две недели.[4][5] B'Day Anthology Video Album содржи музички видеа за сите песни од стандардното издание на B'Day освен за „Resentment“.[5] Исто така содржи видеа за „Beautiful Liar“, „Flaws and All“ и „Still in Love (Kissing You)“, кои се наоѓаат само во делукс изданието. Според Вајб, тринаесетте видеа на B'Day Anthology Video Album ѝ дале на Ноулс албум со најмногу музички видеа издадени во период од дванаесет месеци.[3]

Издавање и прием

[уреди | уреди извор]

B'Day Anthology Video Album бил издаден преку Columbia Records ексклузивно преку Вал-Март на 3 април 2007, истиот ден кога бил издаден B'Day Deluxe Edition.[6] Видео албумот бил овозможен и на другите трговски места на 19 јуни 2007.[7][8] Надвор од Северна Америка, видео албумот бил втор диск на делукс изданието од B'Day, но без снимки од зад сцените.[9] Irremplazable, EP со песни на шпански јазик бил вклучен како бонус диск во САД.[10] Поради неговото издавање, копии од видеата биле искинати и испратени на интернет во MP4 форма.[11] Ноулс го промовирала албумот појавувајќи се на телевизиските емисии Today и The Early Show, додека телевизискиот канал VH1 Soul емитувал неколку од видеата.[12] B'Day Anthology Video Album се искачил на дваесет и четвртото место на табелата Топ Музички Видеа во САД на 28 април 2007,[13] и добил дупла платинеста сертификација од Американска Снимачка Индустриска Асоцијација (RIAA), продавајќи 200,000 копии.[14]

Тужба за кршење на авторски права

[уреди | уреди извор]

Ноулс ја преработила песната на Des'ree, „Kissing You“ за делукс изданието на B'Day и ѝ дала нов наслов „Still in Love (Kissing You)“. Таа снимила видео за песната за B'Day Anthology Video Album; сепак еден од условите утврдени од страна на издавачот на Des'ree, Royalty Network, било дека Ноулс не ја издала песната во видео форма. Royalty Network пополниле тужба за кршење на авторски права против вклучените барајќи 150,000 долари.[15] Скршените копии на B'Day Anthology Video Album биле вратени во април 2007, и во октомври 2007 тужбата била разрешена со исклучување.[16] Подоцните копии на албумот не ја содржеле „Still in Love (Kissing You)“.[17]

Список на песни

[уреди | уреди извор]
Бр. НасловРежисер(и) Траење
1. Beautiful Liar(со Шакира)Џејк Нава, Бијонсе Ноулс 3:34
2. Irreplaceable“  Антони Мандлер 4:17
3. Kitty Kat“  Мелина Мацукас, Ноулс 1:03
4. Green Light“  Мацукас 3:31
5. Upgrade U(со Џеј-Зи)Мацукас, Ноулс 4:38
6. Flaws and All“  Клиф Ватс, Ноулс 4:14
7. Get Me Bodied(Продолжен микс) (со Кели Роуланд, Мишел Вилијамс и Соланж Ноулс)Мандлер, Ноулс 6:42
8. Freakum Dress“  Реј Кеј, Ноулс 3:21
9. Suga Mama“  Мацукас, Ноулс 3:37
10. Déjà Vu(со Џеј-Зи)Софи Мулер 4:06
11. Ring the Alarm“  Мулер 3:33
12. Listen(пресечено од режисер)Дајан Мартлер 3:49
13. Still in Love (Kissing You)(само на почетните верзии)Ватс, Ноулс 4:41
14. „Кредити“    0:51
15. „Антологија Зад Сцената“  Ед Бурке 17:39
  • Забелешка: Должината на секое од овие музички видеа вкличува пет-секунден вовед, освен „Green Light“, кој е продолжение на „Kitty Kat“ и нема вовед. Кредитите и сцените зад сцената исто така немаат вовед.

Личности

[уреди | уреди извор]

  • Ричард Ј. Алкок – ДВД продукција
  • Нејт Адамс – кореографски асистент
  • Рејмон Бајнес – ко-кореографија
  • Ким Брадшав – продукција
  • Бен Купер – продукција
  • Фусако Чубачи – арт режирање, дизајн
  • Синди Денкхаус – видео координација
  • Франк Гатсон – водечка кореографија
  • Ервин Горостиза – арт режирање
  • Џил Џедер – продукција
  • Данијел Хобс – кореографски асистент
  • Тај Хантер – стајлинг
  • Дан Ичимото – дизајн
  • ilovedust – лого
  • Квинси С. Џексон – маркетин
  • Грант Џу – продукција
  • Шели Џури – продукција
  • Реј Кеј – режирање
  • Кимберли Кимбл – коса
  • Бијонсе Ноулс – режирање, дополнителна продукција, ко-кореографија

  • Метју Ноулс – дополнителна продукција
  • Тина Ноулс – стајлинг
  • Антони Мандлер – режирање
  • Дијан Мартел – режирање
  • Клифор Мекги – ко-кореографија
  • Мелина – режирање
  • Џонте Моанинг – ко-кореографија
  • Гало Моралес – анимација
  • Софи Мулер – режирање
  • Џејк Нава – дирекција
  • Даниел Поланко – ко-кореографија
  • Рапсоди – ко-кореографија
  • Тод Самс – ко-кореографија
  • Таниша Скот – ко-кореографија
  • Шакира – ко-кореографија
  • Бетани Стронг – assistant choreography
  • Франсеска Толот – шминка
  • Клиф Ватс - режирање
  • Џон Винтер – продукција
  • Макс Бадукул – фотографија
  • Камил Јорик – продукција

Извор:[1]
  1. 1,0 1,1 Beyoncé Knowles. (April 3, 2007). B'Day Anthology Video Album. [DVD]. Sony BMG. 
  2. 2,0 2,1 „Beyonce releases 'B'Day' video album“. USA Today. Gannett Company. April 5, 2007. Посетено на April 19, 2011.
  3. 3,0 3,1 „Who recorded the most music videos in one calendar year?“. Vibe. InterMedia Partners. 2008. стр. 56. ISSN 1070-4701. Архивирано од изворникот на 2012-10-25. Посетено на 2011-06-10.
  4. Associated Press (April 9, 2007). „People: Imelda Staunton, Jackie Chan, Sean Connery“. The New York Times. Посетено на April 19, 2011.
  5. 5,0 5,1 Vineyard, Jennifer. „Beyoncé: Backstage At The B'Day Videos“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2012-06-19. Посетено на April 19, 2011.
  6. „For The Record: Quick News On Mariah, Notorious B.I.G., Paul Wall, Beyonce, Shakira, Fall Out Boy & More“. MTV News. February 13, 2007. Архивирано од изворникот на 2013-12-03. Посетено на April 19, 2011.
  7. „Beyonce: B'Day Anthology Video Album (2007)“. Rotten Tomatoes. IGN. Посетено на April 19, 2011.
  8. „Beyoncé - B'Day Anthology Video Album (2007)“. Amazon.com. Посетено на April 19, 2011.
  9. „B'Day Deluxe Edition [CD]“. Amazon.co.uk. Посетено на April 19, 2011.
  10. „B'day [Deluxe Edition]“. Amazon.com. Посетено на April 19, 2011.
  11. Garrity, Brian (April 28, 2007). „Ripping Clips“. Billboard. том 119 no. 17. Nielsen Business Media. ISSN 0006-2510.
  12. George, Raphael (April 21, 2007). „Special Edition Lifts Beyoncé“. Billboard. том 119 no. 16. Nielsen Business Media. ISSN 0006-2510.
  13. „Top Music Videos“. Billboard. Nielsen Business Media. April 28, 2007. Note: Billboard.biz subscription is required. Search for Top Music Videos April 28, 2007.
  14. „Gold & Platinum: Search Results“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на April 19, 2011.
  15. Vineyard, Jennifer (24 April 2007). „Beyonce's B'Day Over? Singer Pulls Deluxe Editions Due To Lawsuit“. MTV News. Архивирано од изворникот на 2011-04-21. Посетено на 4 February 2011.
  16. The Royalty Network Inc. v. Columbia Recording Corporation et al (October 12, 2007). Текст
  17. Collis, Clark (4 мај 2007). 'B'Day' Blues“. Entertainment Weekly. Time Warner. Архивирано од изворникот на 2013-12-25. Посетено на 27 февруари 2011.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]