ISO 639-5
ISO 639-5:2008 „Кодови за претставување на имињата на јазиците-Дел 5: Алфа-3 код за јазични семејства и групи“[1] е меѓународен стандард на Меѓународната организација за стандардизација (ISO). За неговата разработка е одговорна поткомисијата 2 на техничката комисија 37 на ISO, која првпат го објавила на 15 мај 2008. Стандардот е дел од низата стандарди ISO 639.
Збирни кодови
[уреди | уреди извор]ISO 639-5 задава „алфа-3“ (трибуквени) кодови, наречени „збирни кодови“, за секое јазично семејство или група. Според преработката од 29 август 2008, стандардот содржи 114 збирни кодови. За водење на регистарот е одговорна Конгресната библиотека на САД.[2]
Стандардот не ги покрива сите јазични семејства што ги користат јазичарите. Јазиците во еден групен код не мора да бидат јазичарички сродни, туку може и да припаѓаат на една географска целина, или пак да се категориски сврзани (како креолските).
Однос со другите делови на ISO 639
[уреди | уреди извор]Некои од кодовите во ISO 639-5 се покриени и во стандардот „Алфа-3 кодови“ на ISO 639-2. ISO 639-2 содржи кодови за извесни поединечни јазици, некои макројазици и некои збирни кодови. Секој код во ISO 639-2 е присутен во ISO 639-3 или ISO 639-5.
Кодовите за јазици, семејства или групи во ISO 639-2 се делат на два типа: „група“ (g) или „остаточна група“ (r). Типот „група“ се однесува на неколку сродни јазици, додека типот „остаточна група“ се однесува на група од неколку сродни јазици од кои извесни јазици се исклучени. Меѓутоа, во ISO 639-5, „остаточните групи“ не исклучуваат ниеден јазик. Кои сè јазици ги опфаќа еден Алфа-3 код не може да се утврди без да се знае дали кодот се користи во контекст на ISO 639-2 или во контекст на ISO 639-5. Ова се должи на тоа што ISO 639-2 и ISO 639-5 ги користат истите Алфа-3 кодови, но поединечните кодови не секогаш опфаќаат еден ист список на јазици.
Алфа-3 код | Тип во ISO 639-2 | Значење во ISO 639-2 | Значење во ISO 639-5 |
---|---|---|---|
|
остаточна група (r) | афроазиски јазици | сите афроазиски јазици |
|
нормална група (g) | сите алгонкински јазици | сите алгонкински јазици |
|
незададено | незададено | албански јазици |
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ англиски оригинал: "Codes for the representation of names of languages—Part 5: Alpha-3 code for language families and groups"
- ↑ „Регистарска управа за ISO 639-5“. Служба за мрежен развој и MARC-стандарди. Конгресна библиотека. 18 февруари 2009. Посетено на 23 август 2010. (англиски)
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
|