Tik Tok
„Tik Tok“ | |||||
---|---|---|---|---|---|
Сингл од Кеша | |||||
од албумот Animal | |||||
Издаден | 7 август 2009 | ||||
Формат | ЦД сингл, дигитално спуштање | ||||
Снимен | Conway Recording Studios, Лос Анџелес, Калифорнија | ||||
Жанр | Денс-поп, електропоп | ||||
Должина | 3:21 | ||||
Издавачка куќа | RCA | ||||
Композитор | Кеша Себерт, Луказ Готвалд, Бенџамин Левин | ||||
Продуцент | Д-р Лук, Бени Бланко | ||||
Хронологија на синглови на Кеша | |||||
|
„Tik Tok“ (стилизирано како „TiK ToK“) — првата песна на американската пејачка Кеша. Песната била снимена од Бени Бланко и Д-р Лук и напишана во соавторство со Бланко, Д-р Лук и Кеша. Била издадена на 7 август 2009 како водечки сингл од првиот студиски албум на Кеша наречен Animal. Првиот стих на песната започнува со искуство кое Кеша го имала кога се разбудила опкружена со жени и веднаш помислила на истото искуство доживеано од Диди. Искуството ја поттикнало да ја напише песната со нејзиниот продуцент Д-р Лук, кој му се јавил на Диди надевајќи се на соработка; тој отишол во студиото истиот ден и го снимил неговиот текст и песната била завршена.
Според Кеша, текстот на песната го прикажува нејзиниот живот; пораката на песната е поттик кој го поттикнува слушателот да биде храбат и да не дозволи ништо да го турне долу. „Tik Tok“ е денс-поп и електропоп песна која користи кратки ритми од видео игрите кои се прикажани со удари со раце и синтисајзери. Текстот е испеан во рап стил, а рефренот користи Авто-Тон. Музички, песната била споредена со Лејди Гага, Уфи и Ферги.
Песната добила помешани и позитивни оценки од неколку критичари за време на издавањето. Некои од нив го пофалиле текстот и славењето на начинот на живот во кој Кеша постојано учествувала во забава; продукцијата на песната била добро прифатена иако некои ја критикувале песната поради нејзиниот многу сличен звук со песните од Лејди Гага и Уфи. Добила голем комерцијален успех искачувајќи се на првите место во единаесет земји. Во САД, песната го срушила рекордот за најпродаван сингл во една недела од женски со продажби од 610.000 диигитални примероци во една недела. „Tik Tok“ добила 5× платинска сертификација од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка (RIAA) за 5.900.000 продадени копии во САД. Песната исто така била најдобро продаваниот сингл во светот за 2010, продавајќи 12.8 милиони копии само таа година.
Музичкото видео за песната било режирано од Синдром. Започнува со Кеша која се буди во бања во дом кој не е нејзин, а потоа следат сцени во кои таа е прикажана на различни забави. На крајот видеото повторно ја прикажува Кеша која повторо легнува да спие, но овојпат во друга бања. Песната била изведена и прераборена од неколку артисти неколкупати. Кеша ја извела песната на Saturday Night Live, Шоуто на Елен Деџенерес и на MTV Европските Музички Награди, покрај другите настапи.
Пишување и инспирација
[уреди | уреди извор]„Tik Tok“ била ко-напишана од Кеша, Д-р Лук и Бени Бланко и ко-продуцирана од Лук и Бланко.[1] Кеша рекла дека инспирацијата за песната дошла од нејзината полу пијана состојба за време на забава. Таа напишала неколку зборови за песната, потоа следното удтро се разбудила и чекала да ја раскаже приказната некому. Првиот стих дошол од искуство кое таа го доживеала кога се разбудила покрај „убави жени“, што ја натерало да го замисли П. Диди во слично сценарио.[2] Таа подоцна му ја однела песната на нејзината продуцент Д-р Лук и таа била напишана. Четири часа подоцна, Диди му се јавил на Лик и рекол дека треба да направат заедничка песна. Диди отишол во студиото наредниот ден за да додаде вокали во песната и соработката била готова.[3]
Инжинерингот на песната бил направен од Емили Врајт и Сем Холанд во Conway Recording Studios во Лос Анџелес, Калифорнија.[1] Додека Кеша била во студиото со Д-р Лук и Бланко, таа трипати се обидела да рапува на „смешен начин кој го прави бела девојка“.[4] За време на продукцијата на песната, таа сакала да ги смени стиховите во песната бидејќи не ѝ се допаѓал текстот кој не бил ни „смешен ни паметен“, чувствувајќи дека „не чинел.“[5] Таа објаснила, „Помислив дека е само уште една песна, помислив дека е како сите други кои ги имам напишано. Не ни знаев колку беше добра. Сакав да ги сменам стиховите, не мислев дека се ни смешни ни паметни. Помислив дека не чинеше/ Но сите други ја сакаа.“[5] Кеша сепак не напишала нов текст за никоја од песните на албумот. Таа ја објаснила темата на песната за време на интервју, додавајќи дека го прикажувала нејзиниот животен стил,
Ни сме [Кеша и нејзините пријатели] млади и без пари и тоа не е важно. Можеме да најдеме алишта на улица и да одиме изгледајќи фантастично и да бидеме главни. Ако немаме кола тоа не нè допира бидејќи ќе одиме со автобус. Ако не можеме да си дозволиме пијалаци ќе донесеме шишиња во сопствените чанти. Се работи да не дозволувате ништо да ве сруши долу.[6]
Композиција
[уреди | уреди извор]Проблеми со пуштањето? Помош. |
„Tik Tok“ е забрзана денс-поп песна која содржи елементи од електропоп во својата продукција и ритам.[7][8] Користи ритам од видео игри[9] поддржан со удари на раце[7] и синтисајзери.[10] Првиот стих на песната започнува со текстот, „Се будам наутро и се чувствувам како П. Диди“, а подоцна, во рефренот, Кеша користи рап стихови.[4][11] За време на песната нејзините вокали се подобрени со Авто-Тон на некои места. Песната исто така содржи два стиха испеани од Диди („Еј, како си девојко?“ и „Да Одиме“).[3][4] Според текстот, песната зборува за „задоволство од пијанство ('Не ми е гајле за светот, но имам многу пиво') со маж ('Ги тепаме во клубот само ако не личат на Мик Џегер').“[7] Според Кеша текстот ја прикажува неа, велејќи „тоа е за мојот живот, 100 проценти е за мене“.[5]
Според листот со музика објавен на страницата Musicnotes.com од Kobalt Music Publishing, песната е поставена во вообичаено време од 120 удари во минута. Напишана е во Де-мол.[11] Ја користи акордната прогресија B♭–C–Dm и вокалите на Кеша се движат од музичката нота од D3 до D5.[11] Музички, песната била споредена со првиот сингл на Лејди Гага, „Just Dance“, поради сличноста во композицијата и со текстот на Ферги поради сличниот рап-стил.[4][12]
Критички прием
[уреди | уреди извор]„Tik Tok“ добила неутрални и позитивни критики за време на нејзиното издавање. Келси Пејн од Билборд ја нарекла песната „љубовно писмо до сите ди-џеи насекаде, со удари со раце кои градат крешендо од чист и влијателен денс-поп.“[7] Пејн, наведувајќи на нејзината појава на „Right Round“, напишала дека таа „нуди своја забава и ода за луда вечер во градот“ додека пее за пиење алкохол со маж. Прегледот бил завршен со заклучок дека првиот сингл на Кеша „покажува знак за започнување на забавата.“[7] Џим Фарбер од New York Daily News ја нарекол песната „звук кој е многу сладок за да му одолеете“ кој содржел „синтисајзерски хук“.[13] Фрејзер МекАлпин од BBC, давајќи му на синглот четири од пет можни ѕвезди ја нарекол „валкана мала песна“ која имала „'хит' напишано насекаде околу неа“.[12] МекАлпин забележал сличности со песната на Лејди Гага, „Just Dance“ поради текстот во кој се работи за забави, но заклучил дека „таа прави да звучи смешно.“[12] Били Џонсон, Јр. од Yahoo! ја споредил „Tik Tok“ со хитот од 1980-тите на Л'Трим, „Cars that Go Boom“ и забележал дека Кеша „позајмила од вокалниот стил на Л'Трим за нејзиниот сопствен хит.“[14] Ник Левин од Digital Spy ѝ дал на песната четири од пет ѕвезди, дополнувајќи дека песната ѝ дава различна слика на Кеша но го опишал текстот на позитивен начин.[8] Левин рекол дека користењето на авто-тон било смешно и ја опишал работата на продуцентот Д-р Лук како различен.[8] Прегледот го пофалил рефренот на песната и Левин ја нарекол песната добра на „целосен можен начин.“[8]
Џона Вејнер од Slate Magazine ѝ дал на песната лоша оценка велејќи „песната поставува брод на линија меѓу шармирачки и многу иритантен звук.“ Потоа ја споредил песната со други артисти, велејќи дека „рап стиховите се како дете од прво одделение да ја пее Ферги, дури гордо со своејата постапка.“ Вејнер повторил дека песната изгледала како „Just Dance“, опишувајќи, „девојка се буди пијана, останува пијана наоѓа под за танцување и станува повеќе пијана.“[15] Џон Караманика од The New York Times ја опишал песната како прослава на доцните ноќи и утрата после тоа. Тој забележал дека „некои ја споредиле Кеша со Уфи, која претставува влијателна француска електронска музика на издаваќката куќа Ed Banger аи чиј рап постоел неколку години пред Кеша.“ Сепак, тој помислил дека „ако некој треба да се спореди со „Tik Tok“, тоа е Лејди Гага која слуша значителни сличности со нејзиниот хит "Just Dance“ во мелодијата и значењето.“[4] Во 2010, „Tik Tok“ била номинирана за неколку награди. Била номинирана за Најдобро Женско Видео и Најдобро Поп Видео на МТВ Видео Музичките Награди од 2010; двете номинации изгубли на песната од Лејди Гага „Bad Romance“.[16][17]
Настап на табелите
[уреди | уреди извор]Во САД, на крајот на неделата од 24 октомври 2009, „Tik Tok“ дебитирала на седумдесет и деветтото место на Билборд Хот 100.[18] Песната бавно се искачувала на табелата и станала првиот број-еден сингл на новата деценија.[19] На крајот на неделата од 27 декември 2009, „Tik Tok“ го срушила рекордот за најголем број продажби во САД, продавајќи 610,000 диигитални примероци, највисокиот рекорд направен од женски артист после „Right Round“ кој продал 636,000 копии на табелата на 28 февруари 2009.[20] Кон крајот на неделата на 6 февруари 2010, песната го постигнала првото место на радиото за Билборд Поп Песни со 11,224 пуштања, станувајќи, во тоа време, најпуштаната песна во седумнаесет годишната историја на табелата срушуваќи рекордот на 10,859 пуштања една недела порано од песната на Лејди Гага, „Bad Romance“.[21][22] Песната останала на првото место на табелата девет последователни недели и кон крајот на 2010, „Tik Tok“ станала број-еден песна на годината на Хот 100.[23][24] Била исто така седмата најпуштана песна на радио во државата и осмата најспуштана песна во годината.[25] Песната добила 5× платина од Снимачката Индустриска Асоцијација на Америка со 5,000,000 копии.[26] Од август 2011, „Tik Tok“ продала преку 6,000,000 легално спуштени копии само во САД, правејќи една од шесте песни кои продале повеќе од шест милиони копии во таа држава.[27]
„Tik Tok“ за првпат се појавила на табелата за синглови во Нов Зеланд на седмото место на 5 октомври 2009.[28] Следната недела се поместила на првото место каде што останала на врвот пет последователни недели.[28] Оттогаш, песната добила 2× платина од Музичкаta Индустриска Асоцијација на Нов Зеланд (RIANZ) за повеќе од 30,000 продадени копии.[29] Во Австралија, песната дебитирала на дваесет и осмото место на ARIA Табелите и го достигнала првото место во третата недела на неделата.[30] Песната била забележана на врвот на табелата осум недели во 2009 и била сместена на деветтото место на годишната табела во Австралија.[30][31]; следната година песната била сместена на дванаесеттото место на годишната табела во 2010.[32] Оттогаш dобила 5× платина од Австралиската музичка индустрска асоцијација (ARIA) за продажби од 350,000 копии.[33] Во Европа, песната дебитирала на триесет и осмото место во Шведска на 23 октомври 2009, а највисоката позиција подоцна станала три.[34] „Tik Tok“ дебитирала на триесет и деветтото место во Данска и достигнала највисока позиција на третото место.[35] Во Норвешка, песната дебитирала на единаесеттото место и подоцна највисока позиција станала третото место.[36] Во Обединетото Кралство, „Tik Tok“ дебитирала на официјалната UK Singles Chart на шестото место на 8 ноември 2009 и после период од три месеци највисоката позиција станала четвртото место на 3 јануари 2010.[37]
Песната за првпат се појавила на табелата во Канада, каде дебитирала на шеесет и седмото место на Canadian Hot 100.[38] Стоела на табелата неколку недели пред да достигне на првото место на крајот на неделата на 21 ноември 2009.[39] Песната останала на врвот на табелата две недели пред да падне на второто место поради песната на Лејди Гага, „Bad Romance“.[40] „Tik Tok“ подоцна повторно го достигнала првото место неколку недели подоцна на 2 јануари 2010 и останала на врвот седум недели со што синглот целосно поминал девет недели на таа табела.[41][42][43] Во 2009, песната била седумдесет и шестата песна која постигнала најголем успех на табелите и го достигнала второто место на годишната табела од 2010 на Canadian Hot 100.[44][45] Синглот добил 7× платина од Канадската Музичка Индустриска Асоцијација (CRIA) за 280,000 продадени копии.[46] Кон крајот на 2010, „Tik Tok“ станалла најдобро продаваната песна од странски артист продавајќи 1,412,653 копии во Јужна Кореја.[47] Песната продала 12.8 милиони диигитални примероци ширум светот во 2010, станувајќи најдобро продаваниот сингл на годината и рушувајќи го рекордот на минатогодишниот најдобро продаван сингл со три милиони копии повеќе од него.[48]
Промоција
[уреди | уреди извор]Музичко видео
[уреди | уреди извор]Музичкото видео за „Tik Tok“ било режирано од Синдром.[49] Било снимено во старото соседство на Кеша и колата во видеото е нејзина.[50] Кеша го објаснила видеото велејќи „возбудена сум за него [за видеото] бидејќи го снимав во моето старо соседство и човекот кој ме вози во колата ми е пријател“.[50] Свената која прикажува забава била снимена во куќата на нејзиниот пријател, а тие ја нарекувале „пијан тенк“. Пејачката рекла, „последната сцена на забавата е во куќа наречена пијан тенк, која претставува една од куќите на моите пријатели во кои одевме да имаме забави. Па мислам дека ја сакам бидејќи е супер-искрена и интересна.“[50]
Видеото започнува со Кеша која се буди во бања во дом и излегува од неа за да побара четка за заби. Потоа продолжува долу низ скалите гледајќи ги сликите на ѕидовите. Кеша продожува во кујната и наидува на фамилија која појадува, зачудувајќи ги. Таа се смее и заминува, а фамилијата започнува да ја следи. Кога пристига на шеталиштето таа зема златен велоспиед кој е потпрен на оградата и заминува со него. Кеша потоа сретнува група деца и го заменува нејзиниот велосипед со нивното радио. Видеото потоа прикажува сцена во која таа одбива маж и ја зема маж кој го глуми Симон Рекс[51] кој ја вози во златен автомобил. Полицијата ги допира и ѝ става лисици на Кеша/ Сцената потоа ја прикажува неа како пее во колата на полицијата и ги држи лисиците во нејзините раце. Следната сцена ја прикажува Кеша во празна соба наполнета со сјај. Таа потоа учествува на забава со Рекс за последната сцена. Видеото завршува со сцена во која Кеша легнува да спие во друга бања.[49] Видеото на песната било номинирано на MuchMusic Video Awards за Интернационално Видео на Годината и Вашето Омилено: Интернационално Видео. Двете награди биле изгубени - првото изгубило од песната на Мајли Сајрус, „Party in the U.S.A.“ и второто од песната на Адам Ламберт, „Whataya Want From Me“.[52]
Настапи во живо
[уреди | уреди извор]За да го промовира синглот, Кеша се појавила на неколку телевизиски емисии и имала настапи низ целиот свет. За првпат Кеша ја извела песната како дел од MTV Push, програма прикажувана од MTV Networks, каде таа ја извела песната заедно со „Blah Blah Blah“ и „Dinosaur“.[53][54] Ја извела песната заедно со She performed the song alongside „Blah Blah Blah“, „Take It Off“, „Your Love Is My Drug“ и „Dirty Picture“ на BBC Radio 1's Big Weekend.[55] На 29 мај 2010, Кеша „Tik Tok“ заедно со „Your Love Is My Drug“ на MTV Video Music Awards Japan.[56] Кеша исто така се појавила на It's On with Alexa Chung, The Wendy Williams Show, Lopez Tonight, Late Night with Jimmy Fallon, The Tonight Show with Conan O'Brien и The Ellen DeGeneres Show за да ја изведе песната.[57][58][59] Песната исто така била изведена на Saturday Night Live на 17 април 2010.[60] На 13 август 2010 Кеша ја извела „Tik Tok“ на Today.[61] На 7 ноември 2010 Кеша ја извела песната на MTV Europe Music Awards. За време на настапот таа носела различни парчиња облека и дневна шминка. Настапот се состоел од светла и позадински танчери. Крајниот дел на песната бил сменет и содржел поубава вибрација.[62]
Културно влијание
[уреди | уреди извор]„Тоа е неверојатно ... Го сакам тоа. ... Израелските танчери танцуваат на 'Tik Tok' и поставена е како отворачка песна за 'Симпсонови' ... [тоа се моите] соништа. Ова беше многу добра година.[63]
Пародија на песната била направена од британската комедиска група The Midnight Beast. Пародијата дискутира различни субјекти како гледање на голи тела на жени и затајување нешта од родителите.[64] Откако Кеша дознала за пародијата оставила порака на нејзиниот профил на Твитер: „По ѓаволите. Ова е подобро од мојата верзија.“[64] Издадена на iTunes на 15 јануари 2010,[65] пародијата се искачила на четвртото место на табелите во Австралија и на Ирските Табели.[66][67] „Tik Tok“ била користена во почетната сцена на епизодата на The Simpsons, „To Surveil with Love“, во која секој од глумците ја пеел песната.[63][68] Комичарката Џули Браун направила пародија на песната со синглот „Another Drunk Chick“ на албумот Smell the Glamour (2011). Џарет Виселман од The New York Post изјавил дека тоа претставувала најсмешна преработка на годината.[69] Друга пародија била направена од израелските војници во 2010, која прикажувала шест војници во Хеврон кои одат во пустинска улица и носат целосна војничка опрема,[70][71][72][73] а потоа „Tik Tok“ почнува да се слуша во позадината и војниците изведуваат танцувачки потези.[74][75][76][77][78][79] Ликовите на музичката серија Хор ја извеле песната.[80] Канадската пејачка, Аврил Лавињ извела акустична верзија на песната на BBC's Radio 1.[81]
Список на песни
[уреди | уреди извор]
|
|
Кредити и личности
[уреди | уреди извор]- Пишување – Кеша Себерт, Луказ Готвалд, Бенџамин Левин
- Продукција – Луказ Говалд, Бенџамин Левин
- Инструменти и програмирање – Луказ Говалд, Бенџамин Левин
- Снимање – Луказ Говалд, Бенџамин Левин
- Аудио инжинеринг – Емили Врајт, Сем Холанд
- Вокално уредување – Емили Врајт
Извор:[1]
Табели, сертификации и процесии
[уреди | уреди извор]
Неделни табели[уреди | уреди извор]
|
Сертификации[уреди | уреди извор]
Годишни табели[уреди | уреди извор]
Декадни табели[уреди | уреди извор]
|
Табеларна процесија
[уреди | уреди извор]Ред на првенство | ||
---|---|---|
Претходник „Sexy Bitch“ од Дејвид Гета и Акон |
Број-еден сингл во Нов Зеланд 12 октомври 2009 – 9 ноември 2009 |
Наследник „Whatcha Say“ од Џејсон Деруло |
Претходник „Meet Me Halfway“ од The Black Eyed Peas |
Број-еден сингл во Австралија 9 ноември 2009 – 28 декември 2009 |
Наследник „Fireflies“ од Owl City |
Претходник „Bad Romance“ од Лејди Гага |
Број-еден сингл на Canadian Hot 100 21 ноември 2009 – 28 ноември 2009 2 јануари 2010 – 20 февруари 2010 |
Наследник „Bad Romance“ од Лејди Гага „Today Was a Fairytale“ од Тејлор Свифт |
Претходник „Empire State of Mind“ од Џеј-Зи и Алиша Кис |
САД број-еден сингл на Билборд Хот 100 27 декември 2009 – 27 февруари 2010 |
Наследник „Imma Be“ од Black Eyed Peas |
Претходник „Diamanten“ од Ченд Торсвик |
Број-еден сингл во Норвешка 4 јануари 2010 – 10 јануари 2010 |
Наследник „Bad Romance“ од Лејди Гага |
Претходник „Meet Me Halfway“ од Black Eyed Peas |
Број-еден сингл во Белгија (Валонија) 16 јаунари, 2010 − 20 февруари 2010 |
Наследник „We Are the World 25 for Haiti“ од Artists for Haiti |
Претходник „Bad Romance“ од Лејди Гага |
Број-еден сингл во Австрија 22 јануари 2010 − 25 март 2010 |
Наследник „Alors on danse“ од Stromae |
Претходник „Russian Roulette“ од Ријана „Replay“ од Ијаз |
Број-еден сингл во Швајцарија 24 јануари 2010 − 7 март 2010 21 март 2010 – 28 март 2010 |
Наследник „Replay“ од Ијаз „Alors on danse“ од Stromae |
Претходник „I Like“ од Кери Хилсон |
Број-еден сингл во Германија 29 јануари 2010 – 11 март 2010 |
Наследник „Alors on danse“ од Stromae |
Претходник „Bad Romance“ од Лејди Гага „Alors on danse“ од Stromae |
Број-еден сингл на Европски Хот 100 13 февруари 2010 – 19 март 2010 27 март 2010 – 2 април 2010 |
Наследник „Alors on danse“ од Stromae |
Претходник „Dingue, dingue, dingue“ од Кристофе Мае |
Број-еден сингл во Франција 21 февруари 2010 – 28 февруари 2010 | |
Претходник „Boom Boom Pow“ од The Black Eyed Peas |
Број-еден сингл на САД Билборд Хот 100 2010 |
На должноста |
Историја на издавање
[уреди | уреди извор]Регион | Датум | Формат |
---|---|---|
Австралија[131] | 7 август 2009 | Дигитално спуштање |
Канада[132] | ||
Мексико[133] | ||
Нов Зеланд[134] | ||
Норвешка[135] | ||
Шведска[136] | ||
САД[82] | 25 август 2009 | |
Обединето Кралство[83] | 27 ноември 2009 | |
Јужна Кореја[137] | 8 декември 2009 |
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Кредитите се земени од забелешките во Animal, Dynamite Cop Music/Where Da Kasz at BMI.
- ↑ Sullivan, Matt (2009-08-13). „Kesha and the Not-Quite-72 Virgins in Her Own Personal Heaven“. Esquire. Hearst Corporation. Архивирано од изворникот на 2010-11-15. Посетено на 2009-09-09.
- ↑ 3,0 3,1 Joceyln, Vena (2009-12-10). „Kesha Dishes On Her 'Bizarre' Collaboration With Diddy For 'Tik Tok' 'We all were hanging out and I was so intimidated ... but he was the nicest guy' she tells MTV News“. MTV News. MTV Networks (Viacom). Архивирано од изворникот на 2011-05-14. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ 4,0 4,1 4,2 4,3 4,4 Caramancia, Jon (2009-12-27). „Changing the Face (and Sound) of Rap“. The New York Times. Посетено на 2009-12-27.
- ↑ 5,0 5,1 5,2 Adams, Cameron (2010-01-15). „Kesha moves from reality TV and being broke, to stardom and new album Animal“. Herald Sun. Weekly Times. Архивирано од изворникот на 2011-05-12. Посетено на 2010-03-01.
- ↑ Laban, Linda (2009-10-09). „Kesha, 'Tik Tok' – New Video“. Popeater. AOL Inc. Посетено на 2009-10-09.
- ↑ 7,0 7,1 7,2 7,3 7,4 Paine, Kelsey (2009-10-06). „Kesha, "TiK ToK“. Billboard. Nielsen Business Media. Посетено на 2009-10-24.
- ↑ 8,0 8,1 8,2 8,3 Levine, Nick (2009-11-30). „Kesha: 'TiK ToK'“. Digital Spy. Hachette Filipacchi UK. Посетено на 2010-06-24.
- ↑ Guha, Rohin (2009-12-28). „The Secret to Kesha's #1 Single: Ripping Off Kylie Minogue's 'Love At First Sight'“. BlackBook Magazine. Blackbook Media. Посетено на 2009-12-29.
- ↑ „Electro-Pop Princess Showdown: Uffie vs. Kesha“. Complex. 2010-01-12. Посетено на 2010-03-01.
- ↑ 11,0 11,1 11,2 „Kesha, 'Tik Tok' – Composition Sheet Music“. Musicnotes.com. Kobalt Music Publishing America, Inc. Отсутно или празно
|url=
(help) - ↑ 12,0 12,1 12,2 McAlpine, Fraser (2009-11-07). „Kesha – 'Tik Tok'“. BBC Online. British Broadcasting Corportation. Посетено на 2010-01-18. Text "BBC Chart Blog" ignored (help)
- ↑ Farber, Jim (2010-01-05). „Kesha, 'Animal'“. Daily News (New York). Посетено на 2010-01-18. Text "NYDailyNews.com" ignored (help)
- ↑ Johnson, Bily (2010-01-05). „Kesha's 'Tik Tok' Inspired By '80s Female Rappers“. Yahoo Music. Yahoo! Inc. Посетено на 2010-01-18.
- ↑ Weiner, Jonah (2009-11-04). „Pop Producers Have Been Reading Their "Pitchfork"“. Slate. The Washington Post Company. Посетено на 2009-11-08.
- ↑ Vena, Jocelyn (2010-08-03). „Ke$ha Is 'So Grateful' For VMA Nominations“. MTV News. MTV Networks (Viacom). Архивирано од изворникот на 2013-05-26. Посетено на 2011-03-14.
- ↑ „2010 MTV VIDEO MUSIC AWARDS Winners“. MTV Networks (Viacom). Архивирано од изворникот на 2011-06-28. Посетено на 2011-03-14.
- ↑ „Hot 100 (Week of October 24, 2009)“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ Pietroluongo, Silvio (23 декември 2009). „Kesha Clocks Her First Hot 100 No. 1“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ Pietroluongo, Silvio (2009-12-30). „Kesha Sets Female Download Record“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ F, Jessica (2010-01-26). „Ke$ha beats Gaga's airplay record“. Red Hot Much. MTV Networks (Viacom). Архивирано од изворникот на 2011-09-28. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ „Pop Songs (Week of February 06, 2010)“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ 23,0 23,1 „Top 100 Music Hits, Top 100 Music Charts, Top 100 Songs & The Hot 100: Best of 2010“. Billboard. Prometheus Global Media. Архивирано од изворникот 2012-07-24. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ Grein, Paul (2010-08-06). „Chart Watch Extra: Top 20 Songs In Digital History“. Yahoo Music. Yahoo!. Посетено на 2011-03-04.
- ↑ „The Nielsen Company & Billboard's 2010 Music Industry Report“. Business Wire. 2011-01-06. Посетено на 2011-01-07.
- ↑ 26,0 26,1 „RIAA – Gold & Platinum“. Recording Industry Association of America. Архивирано од изворникот на 2015-09-24. Посетено на 2010-12-27.
- ↑ Grein, Paul (2011-08-24). „Week Ending Aug. 21, 2011: Rolling To A Record“. Chart Watch. Yahoo! Inc. Архивирано од изворникот на 2012-05-25. Посетено на 2011-08-27.
- ↑ 28,0 28,1 28,2 "Charts.org.nz – Ke$ha – TiK ToK". Top 40 Singles. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ 29,0 29,1 „Top 40 Singles Chart – Chart #1709 – Monday 22 February 2010“. Recording Industry Association of New Zealand. Архивирано од изворникот на 2011-02-02. Посетено на 2010-03-14.
- ↑ 30,0 30,1 30,2 "Australian-charts.com – Ke$ha – TiK ToK". ARIA Топ 50 Синглови. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ 31,0 31,1 „ARIA Charts – End Of Year Charts – Top 100 Singles 2009“. Australian Recording Industry Association. Посетено на 2010-01-09.
- ↑ 32,0 32,1 „ARIA Charts – End Of Year Charts – Top 100 Singles 2010“. Australian Recording Industry Association. Посетено на 2011-01-08.
- ↑ 33,0 33,1 „ARIA Charts — Accreditations – 2010 Singles“. Australian Recording Industry Association. Посетено на 2010-01-31.
- ↑ 34,0 34,1 "Swedishcharts.com – Ke$ha – TiK ToK". Singles Top 60. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ 35,0 35,1 "Danishcharts.com – Ke$ha – TiK ToK". Tracklisten. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ 36,0 36,1 "Norwegiancharts.com – Ke$ha – TiK ToK". VG-lista. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ 37,0 37,1 "Archive Chart" UK Singles Chart. The Official Charts Company. Retrieved 2010-10-03.
- ↑ „Canadian Hot 100 (Week of October 10, 2009)“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ „Canadian Hot 100 (Week of November 21, 2009)“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ „Canadian Hot 100 (Week of December 05, 2009)“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ „Canadian Hot 100 (Week of January 02, 2010)“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ „Canadian Hot 100 (Week of February 20, 2010)“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-12.
- ↑ 43,0 43,1 "Ke$ha Album & Song Chart History" Canadian Hot 100 for Ke$ha. Prometheus Global Media. Retrieved 2010-05-10.
- ↑ 44,0 44,1 „Charts Year End: Canadian Hot 100“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2010-05-02.
- ↑ 45,0 45,1 „Best Of 2010 Canadian Hot 100 Songs“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-01-14.
- ↑ 46,0 46,1 „Gold & Platinum certifications“. Canadian Recording Industry Association. Архивирано од изворникот на 2012-04-07. Посетено на 2010-04-12.
- ↑ „2010 Digital Chart“. Gaon Chart (корејски). Korea Music Content Industry Association. Посетено на March 21, 2011. Занемарен непознатиот параметар
|DUPLICATE_title=
(help)
To see sales info, click the 다운로드 tab and then select 외국 for foreign sales numbers. - ↑ „Ke$ha's single tops digital sales“. Press Association. 2011-01-20. Посетено на 2011-01-21.
- ↑ 49,0 49,1 „Kesha – "Tik Tok"“. MTv. MTV Networks (Viacom). Архивирано од изворникот на 2009-12-30. Посетено на 2009-12-28.
- ↑ 50,0 50,1 50,2 Vena, Jocelyn (2009-12-28). „Kesha Enters The 'Drunk Tank' For 'Tik Tok'“. MTV News. MTV Networks (Viacom). Архивирано од изворникот на 2015-07-10. Посетено на 2009-12-29.
- ↑ Brockington, Ryan (2009-09-25). „Kesha is a vamped up Taylor Swift“. New York Post. Архивирано од изворникот 2012-05-24. Посетено на 2009-09-26.
- ↑ „Categories (Results)“. MuchMusic.com. CTVGlobalMedia. Посетено на 2011-03-14.
- ↑ „Watch Kesha on MTV Push!“. Columbia.co.uk. Columbia Records. 2009-11-02. Архивирано од изворникот на 2010-01-01. Посетено на 2009-11-06.
- ↑ Viacom. "MTV NETWORKS INTERNATIONAL ROLLS-OUT MTV WORLD STAGE & MTV PUSH" (Press release). Соопштение за печат. посет. 17 ноември 2009 г
- ↑ „BBC – Radio 1's Big Weekend – Kesha“. BBC. Посетено на 2010-08-06.
- ↑ Canton, Brian (2010-05-29). „Miley Cyrus Gets Revealing, Kesha Looks Ridiculous in Concert“. Headline Planet. Посетено на 2010-05-30.
- ↑ PR Newswire. "Kesha Is The First Global Breakout Star Of 2010 – 'Animal' Makes It's Billboard Chart Debut At #1 With Over 151K Albums Sold". Соопштение за печат. посет. 18 јануари 2010 г
- ↑ Gasparian, Nora (2010-01-05). „Kesha's 'Animal' Album In Stores Today“. Hollyscoop. Посетено на 2010-01-07.[мртва врска]
- ↑ Mason, Angela Kaye (2010-01-06). „The Ellen DeGeneres Show: Helen Mirren“. Thaindian.com. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 2010-01-07.
- ↑ Tomio, Jay (2010-04-18). „Kesha Saturday Night Live Performance“. BSC. Посетено на 2010-05-02.
- ↑ „Spotted: Kesha Heats Up 'Today'“. MTV Newsroom. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-08-13. Посетено на 2010-08-13.
- ↑ Vena, Jocelyn (2010-11-07). „Kesha Amps Up Tik Tok For EMA Stage Best New Act winner dons Day-Glo makeup for show, airing Sunday on MTV2“. MTV News. MTV Networks (Viacom). Архивирано од изворникот на 2010-11-14. Посетено на 2010-11-07.
- ↑ 63,0 63,1 Montgomery, James (2010-07-21). „Kesha Strips Down And Glitters Up In 'Take It Off' Video: Singer says getting naked in the new clip is all about being 'raw and real.'“. MTV News. ]]MTV Networks]] (Viacom). Архивирано од изворникот на 2010-07-22. Посетено на 2010-09-26.
- ↑ 64,0 64,1 Ryan, Chris (2009-12-18). „Kesha Gets A Parody Video For 'Tik Tok'“. MTV Buzzworthy. MTV Networks. Архивирано од изворникот на 2010-12-19. Посетено на 2010-07-10.
- ↑ „Tik Tok (Parody) – Single by The Midnight Beast“. iTunes Store. Apple Inc. 2010-01-15. Посетено на 2010-07-10.
- ↑ „australian-charts.com – The Midnight Beast – TiK ToK (Parody)“. Australian-Charts.com. Hung Medien. Посетено на 2010-07-10.
- ↑ „The Midnight Beast Discography“. IrishCharts.com. Hung Medien. Посетено на 2010-07-10.
- ↑ „'The Simpsons' Open Show With Kesha Lip-Dub“. HuffingtonPost Inc. 2010-05-05. Посетено на 2010-05-04.
- ↑ Wieselman, Jarett (2010-10-20). „Julie Brown: Being funny in the face of tragedy is kind of demented“. New York Post. NYP Holdings, Inc. Архивирано од изворникот 20 јуни 2012. Посетено на 2011-09-10.
- ↑ Pfeffer, Anshel (5 јули 2010). „IDF soldiers face penalty after uploading Hebron dance video to YouTube“. Haaretz. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ „IDF Presents: Tick Tock Kesha in Hebron“. Jewish News. 5 јули 2010. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ „Rock the Casbah: Behind the scenes“. Ynet News. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ Soltis, Andy (2010-07-06). „Clock may be 'Tik'-ing for Israeli soldiers in Web vid“. New York Post. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ „Israel army not amused as troops dance on patrol“. APF. Архивирано од изворникот 2010-07-09. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ Katz, Yaakov (2010-07-06). „Soldiers' 'Tik-Tok' video on YouTube“. The Jerusalem Post. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ Frilling, Yonat (2010-07-06). „IDF Tik Tok's in Hebron“. Fox News. Архивирано од изворникот на 2011-10-09. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ „Video of Israeli soldiers dancing on the streets of Hebron goes viral“. Tha Indian. 2010-07-08. Архивирано од изворникот на 2010-07-11. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ „Soldiers Do 'About Face' and Dance to Pop Song 'Tick Tock'“. Israel National News. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ Reporter, Staff (2010-07-06). „Soldiers caught dancing on duty“. London: The Sun. Посетено на 2010-07-13.
- ↑ Morgan, Katie (2011-02-23). „'Glee' Gets Sick Over Ke$ha, Blames It 'On the Alcohol'“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-02-28.
- ↑ Mapes, Jillian (2011-03-08). „Avril Lavigne Gives Ke$ha's 'TiK ToK' an Acoustic Treatment“. Billboard. Prometheus Global Media. Посетено на 2011-03-09.
- ↑ 82,0 82,1 „Tik Tok – US Single“. 7 Digital. RCA Records. Архивирано од изворникот на 2010-11-04. Посетено на 2010-09-18.
- ↑ 83,0 83,1 „Tik Tok – UK Single“. Itunes. Apple Inc. Посетено на 2010-09-18.
- ↑ „Tik Tok – UK EP“. Itunes. Apple Inc. Посетено на 2010-03-18.
- ↑ "Ke$ha – TiK ToK Austriancharts.at" (in German). Ö3 Austria Top 40. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Ultratop.be – Ke$ha – TiK ToK" (на холандски). Ultratop 50. Ultratop & Hung Medien / hitparade.ch. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Ultratop.be – Ke$ha – TiK ToK" (на француски). Ultratop 40. Ultratop & Hung Medien / hitparade.ch. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "WEEK50 07.12–13.12.2009" Airplay Top 5. Bulgarian Association of Music Producers.
- ↑ "ČNS IFPI" (на чешки). Hitparáda – Radio Top100 Oficiální. IFPI Czech Republic. Note: insert 201018 into search. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Ke$ha Album & Song Chart History" European Hot 100 for Ke$ha. Prometheus Global Media. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Finnishcharts.com – Ke$ha – TiK ToK". Suomen virallinen lista. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Lescharts.com – Ke$ha – TiK ToK" (на француски). Les classement single. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Die ganze Musik im Internet: Charts, News, Neuerscheinungen, Tickets, Genres, Genresuche, Genrelexikon, Künstler-Suche, Musik-Suche, Track-Suche, Ticket-Suche - musicline.de" (на германски). Media Control Charts. PhonoNet GmbH. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Archívum – Slágerlisták – MAHASZ – Magyar Hanglemezkiadók Szövetsége" (на унгарски). Rádiós Top 40 játszási lista. Magyar Hanglemezkiadók Szövetsége. Retrieved 2011-02-23.
- ↑ "Archívum – Slágerlisták – MAHASZ – Magyar Hanglemezkiadók Szövetsége" (на унгарски). Dance Top 40 lista. Magyar Hanglemezkiadók Szövetsége. Retrieved 2011-02-23.
- ↑ "Chart Track". Irish Singles Chart. GfK. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Italiancharts.com – Ke$ha – TiK ToK". Top Digital Download. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Ke$ha Album & Song Chart History" Japan Hot 100 for Ke$ha. Prometheus Global Media.
- ↑ "Nederlandse Top 40 – week 52, 2009" (на холански). Dutch Top 40 Stichting Nederlandse Top 40. Retrieved 2011-02-23.
- ↑ "SNS IFPI" (in Slovak). Hitparáda – Radio Top100 Oficiálna. IFPI Czech Republic. Note: insert 201010 into search. Retrieved 2010-10-03.
- ↑ "Spanishcharts.com – Ke$ha – TiK ToK" Canciones Top 50. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Ke$ha – TiK ToK swisscharts.com". Swiss Singles Chart. Hung Medien. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Ke$ha Album & Song Chart History" Billboard Хот 100 for Ke$ha. Prometheus Global Media. Retrieved 2010-06-03.
- ↑ "Ke$ha Album & Song Chart History" Billboard Pop Songs for Ke$ha. Prometheus Global Media. Retrieved 2010-11-03.
- ↑ „Search Gold Platin for title=Tik Tok“. International Federation of the Phonographic Industry. IFPI.at. Посетено на 2009-05-11. Недостасува права црта во:
|title=
(help); Занемарен непознатиот параметар|DUPLICATE_accessdate=
(help) - ↑ „GOUD EN PLATINA - SINGLES - 2011“. ultratop.be. Hung Medien. Посетено на August 14, 2011.
- ↑ Wigandt, Annette (2010-08-17). „Guld og platin i juni/juli“. International Federation of the Phonographic Industry. Посетено на 2010-08-21.
- ↑ „Kulta- ja platinalevyt“. International Federation of the Phonographic Industry. IFPI. Архивирано од изворникот на 2012-07-09. Посетено на 2010-09-23.
- ↑ „Certifications Singles Or – année 2010“ (француски). Syndicat National de l'Édition Phonographique. Архивирано од изворникот на 2012-04-13. Посетено на 2 March 2011.
- ↑ „База на податоци за златни и платински албуми“. Сојузна музичка индустрија. Посетено на 2010-05-06. (германски)
- ↑ „Certificazioni Download FIMI“ (PDF). Federation of the Italian Music Industry. Архивирано од изворникот (PDF) на 2013-10-23. Посетено на 2010-09-14.
- ↑ „Digital sales certification in July, 2010“. Recording Industry Association of Japan. 2010-08-20. Посетено на 2010-08-25.
- ↑ PROMUSICAE (06-09-2010). Top 50 Canciones MediaControl (GfK International). Temporarily available at here Архивирано на 18 септември 2010 г..
- ↑ „Swedish Singles Chart“. Sverigetopplistan. Посетено на 2010-04-11.
- ↑ „The Official Swiss Charts and Music Community“. Swisscharts.com. Hung Medien. Посетено на 2010-04-11.
- ↑ „JAAROVERZICHTEN – SINGLES 2009“. Dutch Top 40]]. Hung Medien. Посетено на 2010-01-15. Не се допушта закосување или задебелување во:
|work=
(help) - ↑ „ANNUAL TOP 50 SINGLES CHART 2009“. Recording Industry Association of New Zealand. Архивирано од изворникот на 2010-07-10. Посетено на 2010-02-02.
- ↑ „Official Singles Chart 2009“ (PDF). ChartsPlus. Посетено на 2010-02-02.
- ↑ „Jahreshitparade 2010 – austriancharts.at“. Austriancharts.at (германски). Hung Medien. Посетено на 2011-01-23.
- ↑ „Rapports annuels 2010 – Singles“. www.ultratop.be (француски). ULTRATOP & Hung Medien / hitparade.ch. Посетено на 26 December 2010.
- ↑ „2010 Year-End European Hot 100 Songs“. Billboard.com. Prometheus Global Media. 2009-12-09. Архивирано од изворникот 2012-07-20. Посетено на 2010-12-09.
- ↑ „Musik in 1LIVE“.
- ↑ „MAHASZ Rádiós TOP 100 2010“. Mahasz (унгарски). Посетено на 10 March 2011.
- ↑ „Japan Billboard Hot 100“. Billboard. Prometheus Global Media. 2010-12-10. Архивирано од изворникот 2010-12-11. Посетено на 2010-12-11.
- ↑ „dutchcharts.nl – Dutch charts portal“. dutchcharts.nl (холандски). Hung Medien / hitparade.ch. Посетено на 2011-01-03.
- ↑ „Topul celor mai difuzate piese în România în 2010“ (романски). România Liberă]]. Архивирано од изворникот на 2011-01-22. Посетено на 2011-01-21.
- ↑ „Swiss Year-End Charts 2010 - swisscharts.com“. Swisscharts.com. Hung Medien. Посетено на 2011-01-03.
- ↑ „End Of Year Charts: 2010“ (PDF). UKChartsPlus. Архивирано од изворникот (PDF) на 2012-06-28. Посетено на 2011-08-10.
- ↑ „Pop Songs Music Chart: Best of 2010“. Billboard. Prometheus Global Media. Архивирано од изворникот 2012-07-21. Посетено на 2010-12-15.
- ↑ McCabe, Kathy (2010-01-07). „Delta Goodrem's talents top the charts“. News.com. News Limited. Архивирано од изворникот на 2010-01-09. Посетено на 2010-01-12.
- ↑ „Kesha: Tik Tok – Tik Tok (Country: Australia)“. Itunes. Apple Inc. Посетено на 2010-09-02.
- ↑ „Kesha: Tik Tok – Tik Tok (Country: Canada)“. Itunes. Apple Inc. Посетено на 2010-09-02.
- ↑ „Kesha: Tik Tok – Tik Tok (Country: Mexico)“. Itunes. Apple Inc. Посетено на 2010-09-02.
- ↑ „Kesha: Tik Tok – Tik Tok (Country: New Zealand)“. Itunes. Apple Inc. Посетено на 2010-09-02.
- ↑ „Kesha: Tik Tok – Tik Tok (Country: Norway)“. Itunes. Apple Inc. Посетено на 2010-09-02.
- ↑ „Kesha: Tik Tok – Tik Tok (Country: Sweden)“. Itunes. Apple Inc. Посетено на 2010-09-02.
- ↑ „TiK ToK (Single)“. Sony Star (корејски). Sony Music Entertainment Korea Inc. Посетено на 2011-04-05.[мртва врска]
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]- Официјално музичко видео Архивирано на 30 декември 2009 г. на MTV.com
- „Tik Tok“ на YouTube
|
Статијата „Tik Tok“ е избрана статија. Ве повикуваме и Вас да напишете и предложите избрана статија (останати избрани статии). |