U2
U2 | |
---|---|
Ју ту изведуваат во Madison Square Garden во ноември 2005, од лево кон десно: Еџ; Лари Мален, Jr. (drumming), Боно, и Адам Клејтон | |
Животописни податоци | |
Потекло | Даблин, Ирска |
Жанрови | Рок, алтернативен рок, пост-панк |
Период на активност | 1976 - сега |
Издавачи | Mercury, Interscope, Island |
Соработници | Passengers |
Мреж. место | u2.com |
Членови | |
Боно Еџ Адам Клејтон Лари Мален, Jr. |
U2 („Ју ту“) — ирска рок-група создадена во Даблин во 1976 година. Бендот го сочинуваат Боно (вокал, гитара), Еџ (гитара, клавир, вокал и бас ), Адам Клејтон (бас) и Лари Мален (тапан).
Групата Ју ту до денес има продадено повеќе од 120 милиони студиоалбуми и повеќе од 50 милиони компилации и снимки од настапи во живо, шест пати некој од нивните албуми бил прво место на американските топ-листи, а девет пати во Велика Британија. Имаат освоено 22 награди Греми[1], најмногу после Стиви Вондер.
U2 е една од најпопуларните рок-групи во светот уште од осумдесеттите години. Групата е политички активна, посебно во сферата на човекови права. Активисти се на проектот Make Poverty History,а Боно е активист на организацијата DATA (Debt, AIDS, Trade in Africa — Државен долг, сида и трговија во Африка).
Животопис
[уреди | уреди извор]Формирање на бендот и раните години (1976-1979)
[уреди | уреди извор]Групата е формирана во Даблин, сабота 25 септември 1976. Четиринаесетгодишниот Лари Мален Јуниор објавил на средношколската табла дека бара музичар за својот бенд. Набрзо ја имале својата прва проба во кујната на Лари.
Групата, тогаш позната како „Бендот на Лари Мален“, го сочинувале Мален кој свирел на тапани, Адам Клејтон на бас гитара, Пол Хјусон (Боно) како вокал, Дејв Еванс (Ди Еџ) на гитара, неговиот брат Дик Еванс и другарите на Мален, Ајван Макормик и Питер Мартин на гитари. После неколку недели и Мартин и Макормик биле исфрлени од групата бидејќи биле многу млади за да можат да свират на договорените настапи по баровите. Подоцна името го промениле во Feedback. Иако се познати како Ирски бенд, два члена, Еџ и Адам Клејтон се Британци по потекло.
Хјусон го добил прекарот „Боно Вокс“ по рекламната кампања на компанијата која продавала апарати за слушање (vox bona што на латински значи „добар глас“). Имено, еден негов другар рекол дека тој пее толку гласно што и ако огчуви нема да му требаат апарати за слушање. The Edge (en:- ивица) го добил прекарот од Боно кој мислел дека Дејв е секогаш „на ивица“ поради ситуацијата во светот. Боно исто така мислел дека „оштрица“ е најдобар опис на главата на Еџ.
После 18 месеци проба го промениле името на бендот од Feedback во The Hype. Кога во 1978. настапиле на еден фестивал ги забележал еден од судиите – Џеки Хајден (Jackie Hayden) кој бил продуцент на „CBS Records“. Освоиле прва награда и 500 фунти, а Хајден им дал на располагање студио како би можеле да го снимат својот прв демо албум.
Дик Еванс (брат на Еџ) најавил дека ќе замине од групата во март 1978, а потоа одржале проштална забава. Во мај Пол Макгинис станал нивен менаџер.
Тие не биле задоволни со името "The Hype". Некој ги прашал: "Како ви звучи U2? Тоа е име на подморница и на шпионскиот авион, а и има две значења (U2 – you too – и ти; и јас тебе)". Тоа се поклопува и со нивната филозофија дека и публиката учествува во правењето на нивната музика и дека сте „и вие“ (U2) дел од музиката.
Четворочлената група, која што веќе била позната на местата каде што свирела, го објавила својот прв сингл „U2-3“ во септември 1979 година. Песната стигнала на врвот на ирските топ листи. Во декември, истата година групата отпатувала во Лондон на нивниот прв настап надвор од Ирска, кој неспеал да го привлече вниманието на англиската публика и на нивните критики.
The Unforgettable Fire и Live Aid (1984-85)
[уреди | уреди извор]The Unforgettable Fire бил издаден во 1984. Амбиентален и апстрактен, во тоа време претставувал најголема промена на групата. Групата се плашела дека после рокерскиот албум War, ќе станат уште една обична рок група. Поради тоа, барале експериментирање, како што се присеќава Адам Клејтон: "Баравме нешто што ќе биде посеризно, поуметнички". Д Еџ бил восхитен од амбиенталната и чудна музика на Брајан Ино, кој, заедно со инженерот Даниел Ланоа, се согласиле да го продуцираат албумот. The Unforgettable Fire има богат и оркестриран звук. Под водство на Ланоа, тапаните на Мулен станале полабави, пофанки и басот на Клејтон посублиминален; ритамската секција повеќе не се нафрлувала, туку течела заедно со песните. Текстовите на албумот се отворени за многу интерпретации, овозможувајќи, според групата, многу визуелно чувство. Поради тесниот рок при снимањето, Боно мислел дека песните како Bad и Pride (In The Name Of Love) биле некомплетни скици. Pride (In The Name Of Love) , песна за Мартин Лутер Кинг, била прв сингл на албумот и станала најголем хит на групата до тогаш и исто така нивна прва песна која влегла во топ 40 во САД. Поголем дел од турнејата за албумот се одвивала во затворени сали, како што групата почнала да победува во Битката за публика. Комплексните текстури на песните било проблематично да се отсвират на концерт. Едно решение биле прграмирани секвенцери, кои групата пред тоа претходно не сакала многу да ги користи, но сега се употребуваат во повеќето концерти на групата. Имало критики дека песните на албумот се недовршени, матни и нефокусирани, но биле подобро прифатени од критиката кога биле отсвирени на концерт. U2 учествувале на Live Aid концертот против гладот во Етиопија на стадионот Вембли во јули 1985. Перформансот на групата пред 85 000 луѓе било важна точка во кариерата на групата. За време на 14 минутната изведба на песната Bad, Боно скокнал од сцената да прегрне и да игра со една обожавателка, што им покажало на милиони гледачи ширум светот дека Боно може да создаде лична врска со публиката. Во 1985, магазинот Ролинг Стоун ги нарекол ЈУ ТУ Група на '80-тите, велејќи дека со нивниот број на рокенрол обожаватели кој постојано се зголемувал, тие станале група која навистина нешто важи.
Тhе Joshua Tree и Rattle and Hum (1986-89)
[уреди | уреди извор]Сфаќајќи дека немаат радиција и дека нивното познавање на музиката е ограничено, групата се приближила кон музиката со американски и ирски корени. Пријателството со Боб Дилан, Ван Морисон и Кит Ричардс ја мотивирало групата да ја истражи блуз, фолк и госпел музиката и го фокусирало Боно на неговите вештини како пишувач на песни и текстови. За нивниот петти албум, Тhе Joshua Tree, групата сакала да ја надогради текстурата на The Unforgettable Fire, но наместо тоа експериментирање надвор од фокус, тие барале по удирачки звук. U2 го прекинале снимањето во 1986 за бидат насловна група на турнејата Заговор за Надеж на Амнести Интернешнл. Наместо да биде дистракција, турнејата додала екстра интензитет и моќ на нивниот нов материјал. Во 1986, Боно отпатувал во Сан Салвадор и Никарагва и од прва рака ја видел вознемирената на селаните кои биле малтретирани во внатрешните конфликти кои биле предмет на американска политичка интервенција. Ова искуство станало централно внимание врз новата музика. Тhе Joshua Tree бил издаден во 1987. Албумот изразувал антипатичност спрема САД. Групата сакала музика со чувство за локација и кинематски квалитет и музиката и текстовите имале влијание од американските автори чии дела ги читале сите во групата. Овој албум бил најбрзо распродаден во историјата на британските топ листи и бил број еден девет недели во САД. Првите два сингла, "With or Without You" и "I Still Haven’t Found What I’m Looking For", брзо станале првите број еден хитови на групата во САД. Тие станале четвртиот рок бенд кој бил на насловната на магазинот Тајм. Со овој албум, U2 ги освоиле првите две Греми награди и се издигнале на ново ниво на успех. Многу публикации, вклучувајќи го и Ролинг Стоун, ги прогласиле за еден од најдобрите рок бендови. Турнејата за албумот била првата во која групата одржувала концерти на стадиони. Документарецот Rattle and Hum содржел снимки од турнејата. Двојниот албум вклучувал девет студиски песни и шест изведби во живо. Издадени во октомври 1988, албумот и филмот биле направени како почит кон американската музика и вклучувале снимки од Сан Студиос во Мемфис и перформанси со Боб Дилан и Б.Б. Кинг. Rattle and Hum поминал скромно на бокс офисот и добил измешани критики од музичките и филмските критичари. Еден уредник на Ролинг Стоун зборувал за возбудата во албумот, друг го опишал како бомбастичен и промашен. Режисерот на филмот, Фил Џону, го опишал како премногу претенциозен поглед на ЈУ ТУ. Повеќето од новиот материјал бил изведен на Лавтаун турнејата , со која ги посетиле Австралија, Јапонија и Европа, бидејќи сакале да ја избегнат американската критика. Исто така тие не биле задоволни со нивните настапи во живо; Мулен рекол дека биле најголеми, но не биле најдобри. Со чувство на музичка стагнација, Боно им рекол на обожавателите на еден од последните концерти на турнејата дека нешто завршило за ЈУ ТУ и дека треба да заминат некаде и да го одсонуваат повторно.
Achtung Baby, Zoo TV и Zooropa
[уреди | уреди извор]Погодени од критиката за Rattle and Hum, групата направила калкулирана промена во музичката и тематската насока за нивниот седми студиски албум, Achtung Baby; промената била најдраматична после The Unforgettable Fire. Барајќи инспирација во обединувањето на Германија, тие почнале да работат на албумот во Источен Берлин во октомври 1990 со продуцентите Даниел Ланоа и Брајан Ино. Сесиите биле полни со конфликти, бидејќи групата се расправала за музичкиот правец и квалитетот на материјалот. Додека Клејтон и Мулен го претпочитале звукот сличен на нивните претходни албуми, Боно и Еџ биле инспирирани од европската електронска денс сцена и се залагале за промена. По неколку недели тензија и бавен прогрес со имрпвизираното пишување на песната One. Се вратиле во Даблин во 1991, каде што моралот се подобрил и поголемиот дел од албумот бил завршен. Во ноември 1991 го издале албумот Achtung Baby. Во однос на звукот, вклучувал влијанија од алтернативен рок, денс и индастриал. Тематски, бил интроспективен и личен албум; бил потемен, но на моменти и полесен од нивните претходни албуми. Во однос на комерцијалноста и критиката, тој бил еден од најуспешните албуми на групата. Од него испаднале хит сингловите "The Fly", "Misterious Ways" и "One". Како и Joshua Tree, и овој албум од многу магазини бил наречен еден од најдобрите рок албуми. Турнејата Zoo TV била мултимедиски интензивен настан со сцена на која имало десетици видео екрани. Исто како и Achtung Baby, Zoo TV турнејата била многу различна од другите на групата. За разлика од сцените на другите турнеи, овие биле голем мултимедијален настан. Тоа било сатиризирање на убедливата природа на телевизијата и нејзиното замаглување на вестите и забавата со цел сетилно да ги преоптоварат своите гледачи. На сцената имало големи видео екрани на кои имало визуелни ефекти, видео клипови од поп културата и светлечки текстуални пораки. Во '80-тите ЈУ ТУ биле познати по своите сериозни настапи. Од друга страна настапите на Zoo TV биле намерно иронични; биле правени телефонски повици со претседателот Буш, Обединетите Нации и други. Снимките во живо преку сателит од Сараево предизвикале многу контроверзи. Албумот Zooropa сниман набрзина за време на паузата на турнејата во средината на 1993, продолжил многу од темите во Achtung Baby. Овој албум бил уште поразличен од претходните, вклучувајќи уште повеќе влијанија од денс музиката и други електронски ефекти. Џони Кеш ја отпеал песната The Wanderer. Повеќето од песните биле изведени барем еднаш за време на турнејата во Европа, Австралија, Нов Зеланд и Јапонија.
Pass, Pop и PopMart (1994-99)
[уреди | уреди извор]Во 1995, ЈУ ТУ издадоа експериментален албум наречен Original Soundtracks 1.Брајан Ино, продуцент на претходните три нивни албуми, дал придонес како целосен партнер, вклучувајќи пишување и изведување. Поради оваа пришина и поради експерименталната природа на албумот, групата решила да го издаде под името Пассенгерс за да се разликува од нивните конвенционални албуми. Мулен за албумот изјавил: Има тенка линија меѓу интересна музика и само-задоволство. Ние ја поминавме со Passengers. Албумот останал критички незабележан и добил релативно лоши критики. Меѓутоа, синглот Miss Sarajevo заедно со Лучано Павароти, кој му бил омилен на Боно, бил успешен. Во албумот Pop, ЈУ ТУ продолжиле да експериментираат; програмирањето, секвенцирањето на ритамот и семплувањето му ги дале на албумот фанки денс ритмите. Издаден во март, албумот дебитирал на прво место во 35 земји и добил главно позитивни критики. Ролинг Стоун напишале дека групата ја создала најдобрата музика во нивниот живот. Други мислеле дека албум е големо разочарување и продажбата била слаба во однос на останатите албуми. Групата требало да го заврши албумот што побрзо на време за следната веќе закажана турнеја и Боно признал дека албумот не комуницирал на начин на кој тие сакале. Турнејата што следела, PopMart, започнала во април 1997. Исто како и Zoo TV, била исмевање на поп културата и намерата била да се испрати саркастична порака кон оние кои ги обвинувале за комерцијализам. Сцената вклучувала 30 метарски златно жолт лак )сличен на оној на МекДоналдс) и 4 метарски видео екран. Меѓутоа, ова не ги задоволило оние кои биле збунето од новиот кич имиџ на групата и големите сцени. Одложувањето на издавањето на Pop за да се заврши албумот значело и помалку време за вежбање за турнејата и поради тоа изведбите на почетокот на турнејата не биле добри. Врвот на турнејата бил концертот во Сараево каде што тие биле првата голема група што направила концерт таму по војната. Мулен го опишал концертот како искуство кое нема да го заборави никогаш, и ако поминал 20 години со групата само за да го направи тој концерт, ќе вредело. Еден месец по завршувањето на турнејата, ЈУ ТУ биле гости во The Simpsons, Trash of The Titans, каде што Хомер Симпсон ги прекинал во свирењето за време на концерт. По слабиот прием на албумот Pop, ЈУ ТУ објавиле дека повтроно се пријавуваат за работата за најдобра група на светот. Од тогаш употребувале поконвенционален рок звук помешан со влијанија од нивните музички истражувања во '90-тите. All That You Can’t Leave Behind е издаден во октомври 2000 година, продуциран од Брајан Ино и Даниел Ланоа. Магазинот Ролинг Стоун го нарекол албумот трето ремек дело на ЈУ ТУ заедно со Тhе Joshua Tree и Achtung Baby. Албумот дебитирал на прво место во 22 земји и светскиот сингл Beautiful Day заработил три Греми награди. И останатите три синглови од албумот исто така добиле Греми. Во турнејата Elevation групата се вратила на салите по скоро една деценија настапи на стадиони. По нападите на 11 септември, новиот албум добил повеќе на тежина и во октомври, ЈУ ТУ настапиле во Медисон Сквер Гарден во Њујорк. Боно и Еџ подоцна изјавиле дека настапите во Њујорк биле меќу нивните најемоционални настапи. Во почетокот на 2002, групата настапила на полувремето на 37-миот Super Bowl и шоуто било рангирано како најдобро шоу на полувреме во историјата на натпреварувањата. Следниот студиски албум, How to Dismantle an Atomic Bomb, бил издаден во ноември 2004. Групата барала уште поголем рок звук од претходниот албум. Првиот сингл, Vertigo, бил составен дел од рекламата за Ај Под на Епл. Албумот дебитирал на првото место во САД и во првата недела биле продадени дупло повеќе копии од претходниот албум. Боно за албумот рекол: Нема слаби песни. Но како албум, целината не е поголема од збирот на нејзините делови и тоа ме нервира. Турнејата за албумот содржела песни кои не биле изведени од раноте '80-ти. Турнејата била комерцијален успех. Албумот и сингловите освоија Греми во осум категории во кои беа номинирани. Во 2005, Брус Спрингстин ги внесе ЈУ ТУ во Рокенрол Халата на Славните. 3-Д концертен филм сниман за време на девет концерти во Латинска Америка и Австралија на Vertigo е издаден на 23 јануари 2008. Во август 2006, групата својот бизнис за издавање го преселил во Холандија, по лимитирањето на враќањето на данокот во Ирска. Еџ изјавил дека сите бизниси бараат начин да ги минимизираат трошоците за данок. Потегот бил критикуван од ирскиот парламент. Групата изјавила дека критиките не се фер, велејќи дека 95% од нивниот бизнис бил надвор од Ирска и дека тие биле глобално оданочувани. Во март 2008, групата потпишува 12 годишен договор со Live Nation вреден 100 милиони долари. Според договорот Live Nation ги контролира спонзорството и нивното официјално мрежно место.
No Line On The Horizon и турнејата 360°
[уреди | уреди извор]Дванаесеттиот албум на ЈУ ТУ, No Line On The Horizon, е издаден во февруари 2009. Намерата на албумот била по експериментална работа од претходните албуми и е продуциран од Брајан Ино и Даниел Ланоа кои ги делат заслугите за песните со групата. Тие работеле на нови песни со продуцентот Рик Рубин во 2006, но материјалот бил тргнат на страна. Во јуни 2007 почнале да снимаат со Ино и Ланоа. Снимањето продолжило во 2008 година во САД, Британија, Ирска и во Фез, Мароко каде што ја истражувале цеверно африканската музика. Албмот бил завршен во декември 2008 и добил генерално позитивни критики. Критичарите, меѓутоа, изјавиле дека албумот не бил толку елспериментален колку што се очекувало. Албумот дебитирал на 9 место во над 30 земји, но албумот слабо се продавал според нивните стандарди и не содржел хит сингл.
Групата ја започнала турнејата 360° во 2009. Шоуто ја имало најголемата сцена дотогаш и конфигурација од 360° конфигурација која им овозможувала на публиката да ја опколи сцената од сите страни. Со турнејата ги посетиле стадионите во Европа и Северна Америка, со додатни концерти во Европа во 2010. Групата ја завршила 2010 со концерти во Австралија и Нов Зеланд и додатни концерти се планирани за Јужна Африка, Јужна Америка и Северна Америка со 2011. Закажаниот концерт на Гластонбери фестивалот бил откажан и концертите во 2010 во Северна Америка биле одложени поради сериозна повреда на грбот на Боно. Во 2009, магазинот Ролинг Стоун ги прогласил ЈУ ТУ за еден од осумте Артисти на Деценијаата. Турнеите на групата биле на второ место во вкупната добивка од концерти за деценијата после Ролинг Стоунс, иако имале значајно поголеми посети од Стоунс. Тие биле единсвената група во топ 25 турнеите која ги расподала сите концерти.
Музички стил
[уреди | уреди извор]Од нивниот почеток, U2 разбиле и оддржале препознатлив звук, со акцент на мелодичните инструментали и експресивни вокали. Овој пристап е во најгоелмито дел поради влијанијата на тогашниот продуцент Стив Лиливајт, кога групата не била позната по музичките вештини. Еџ постојано користел ритмично ехо и дилеј за да ја подобри работата со гитарата. Боно го одржувал својот фалсето глас и покажувал наклоност кон пишување на социјални, политички и лични текстови. Д Еџ ги опишал ЈУ ТУ во основа како група за живи настапи. И покрај ова, групата претставувала нови елементи со секој нов албум. Раните звуци на групата биле под влијание на групи како Television и Joy Division. Звукот на групата почнал со пост панк корени и минималистички и некомплицирани инструментали како оние во Boy и October, но еволуирал преку War за да вклучи аспекти на рок, фанк и денс ритми за да стане по агресивен. Албумите Boy и War се означени од страна на Ролинг Стоун како мускуларни и наметливи, под влијание на продуцентот Лиливајт. Со продуцирањето на Тhе Joshua Tree и Achtung Baby од страна на Брајан Ино и Даниел Ланоа албумите добиле повеќе на текстура. Песните на Тhе Joshua Tree и Ruttle and Hum имале големо влијание на Ланоа и голема мешавина на госпел и блуз, што доаѓало од фасцинацијата на групата со американската култура, луѓе и места. Во '90-тите групата почнала да употребува синтисајзери, дисторзија и електронски битови добиени од алтернативниот рок и хип-хоп на Achtung Baby. По '90-тите U2 се враќа на поедноставниот звук со помала употреба на синтисајзери и ефекти
Текстови и теми
[уреди | уреди извор]Општествените и политички коментари често дотерувани со христијански и духовни метафори се главен предмет во содржината на песните на ЈУ ТУ. Песните како што се “Sunday bloody Sunday”,”Silver and Gold”, и “Mothers of the Disappeared” беа мотивирани од моменталните случувања во тоа време. Претходната беше напишана за немирите во Северна Ирска, додека подоцнежната се однесува на борбата на Comadres-Мајките на исчезнатите-група на жени чии деца биле убиени или “исчезнати” од страна на власта за време на Граѓанската војна во Салвадор. Личните конфликти на Боно и немирот инспирираа семејно обоени песни како “Моfo”, “Tomorrow” и “Кite”. Емоционалниот копнеж или желбата често се појавуваат како текстуална тема во песните како што се “Јаhweh”, “Peace on Earth”,и “Please”. Голем дел од напишаните песни и музиката на ЈУ ТУ беа мотивирани од размислувањето за загубата и болката, споени со надежта и издржливоста, теми кои се центарот во “The Joshua Tree”. Некои од овие идеи за текстовите на песните беа проширени од Боно и од личните искуства на бендот за време на младоста во Ирска, како и кампањите на Боно и подоцнежните активности во неговиот живот. ЈУ ТУ имаат направено турнеи како што се Zoo TV и PopMart за да ги исмејат социјалните трендови, како што се преотптоварените медиуми и потрошувачка. Додека бендот и неговите обожаватели честопати ја потврдија политичката природа на нивната музика, музика и текстовите на песните на ЈУ ТУ беа критикувани како неполитички поради нивната неодреденост и “нејасната претстава” и недостаток од какви било одредени препораки за определени луѓе или карактери.
Влијанија
[уреди | уреди извор]Бендот наведен од The Who, The Clash, Ramones, The Beatles, Joy Division, Siouxsie and the Banshees, Elvis Presley, и Patti Smith како влијанијата од Van Morrison беше наведено како влијание и неговото влијание врз ЈУ ТУ е изразено преку Rock and Roll Hall of Fame. Други музичари и бендови како што се Radiohead, Snow Patrol, The Fray, One Republic, Coldplay. Ова ги маѓепсало The Academy is…, The Killers, Your Vegas и Angels & Airwaves и беа под влијание на работата на ЈУ ТУ. ЈУ ТУ исто така работеа и/или имаа влијателни врски со уметници како: Johnny Cash, Green Day, Leonard Cohen, Bruce Springsteen, B.B. King, Lou Reed, Luciano Pavarotti, Bob Dylan, Elvis Costello, Wim Wenders, R.E.M., Salman Rushdie, and Anton Corbiin.
Кампањи и активизам
[уреди | уреди извор]Уште од раните 80-ти, членовите на ЈУ ТУ-како бенд и поединечно-соработуваа со други музичари, уметници, познати личности, и политичари за да ги адресираат прашањата кои се однесуваат на сиромаштијата, болестите и социјалните неправди. Во 1984, Боно и Адам Клејтон учествуваа во “Band Aid” за да соберат пари за спас на Етиопијците од глад. Како производ од оваа иницијатива произлезе добротворниот хит “Do they know it’s Christmas?”, кој ќе биде првиот од неколкуте соработки на ЈУ ТУ со Боб Гелдоф. Во јули, 1985 ЈУ ТУ свиреа на Live Aid, во напорите против сидата. Боно и неговата сопруга Али, поканети од World Vision, подоцна ја посетија Етиопија, каде што директно беа сведоци за постоењето глад. Боно ќе каже подоцна ова ја насочува основната работа на неговата кампања за Африка и пишувањето на неговите песни. Во 1986 бендот учествува во турнејата A Conspiracy of Hope со поддршка од Amnesty international и во Self Aid за невработеноста во Ирска. Истата година Боно и Али Хјусон исто така ја посетија Никарагва и Ел Салвадор на покана од Sanctuary movement, и ги видоа последиците од Граѓанската војна во Ел Салвадор. Овие настани од 1986 извршија одлично влијание врз албумот The Joshua tree, кој беше сниман во исто време. Во 1992, бендот учествуваше во концертот “Stop Sellafield” заедно со Greenpeace, за време на нивната турнеја Zoo TV. Настаните во Сараево за време на војната во Босна е инспирација за песната “Miss Sarajevo”, која премиерно е изведена во септември, 1995, во шоуто Павароти и пријателите. Ветувањето дадено во 1993 беше исполнето кога бендот свиреше во Сараево како дел од турнејата PopMart во 1997. Во 1998 тие настапија во Belfast days, првенствено за гласањето на Good Friday Agreement, донесувајќи ги ирските политички водачи Дејвид Тримбл и Џон Хум на сцената за да го промовираат договорот. Подоцна истата година проузлегува дека излегувањето на синглот “The Sweetest thing” е насочено кон поддршка на проектот на Chernobyl Children. Во 2001, бендот ја посвети песната “Walk on” на продемократскиот водач на Бурма Auung San Suu Kyi. Во доцната 2003 Боно и The Edge учествуваа во серија концерти во Јужна Африка за развивање на свеста за Хив/Сидата под покровителство на Нелсон Меднела.Бендот во 2005 година свиреше на концертот во Лондон live 8. Бендот и менаџерот Пол Мек Гинис беа наградени од амбасадорот на Amnesty international of Conscience award за нивната работа во промоцијата на човековите права. Од 2000, Боновата кампања го промовираше Jubilee 2000 заедно со Боб Гелдоф, Мухамед Али, и други да го промовираат укинувањето на третиот светски долг за време на Great Jubilee. Во јануари 2002, Боно ја основа мултинационалната НГО, DATA со цел подобрување на социјалната, политичка и финансиска состојба во Африка.Тој ги продолжи своите кампањи за заложбите и борба против Хив/Сида во јуни 2002 преку чести посети во Африка. Product Red, во 2006 бара да се зголемат средствата за Global Fund, а истите беа делумно спонзорирани од Боно.Кампањата One оригинална американска копија на Make Poverty History, беше оформена преку неговите напори и визии. Во доцната 2005, следствено на Ураганот Катрина и Ураганот Рита, The Edge помогна во воведувањето на Music Rising, иницијатива да се зголемат фондовите на музичарите кои ги изгубиле своите инструменти во беснеењето на бурата на Брегот. Во 2006, ЈУ ТУ соработуваше со панк рок бендот Green Day во снимањето на преработката на песната “The Saints Are Coming” од “The Skids” за да ја потпомогне Music Rising. ЈУ ТУ и социјалното активирање на Боно не поминаа без неговите критики меѓудругото. Неколку автори и активисти кои издаваа во политички левоориентирани весници како што е Counterpunch ја намалија Боновата поддршка на политички фигури како што се Пол Волфовитц како и есенцијалниот патернализам. Други извори на весниците поопшто се запрашаа за ефикасноста на кампањата на Боно за ослободување од долгот и обезбедија помош на Африка. Активистите за данок и развој исто така го критикуваа потегот на бендот за преместување од Ирска во Холандија сè со цел да ја намалат обврската за данок.
Други проекти
[уреди | уреди извор]Членовите на ЈУ ТУ превмезале одреден број на додатни проекти , понекогаш во соработка со нивните другари од бендовите.Во 1985, Боно ја снимил песната In a Lifetime заедно со ирскиот бенд Clannad.The Edge снимил соло саундтрак албум за филмот Captive во 1986 кој вклучувал вокална изведба на Шинеад О’ Конор кој го антедатираше нејзиниот прв соло албум во годината. Боно и Д Еџ ја напишаа песната “She is a Mistery to Me” за Roy Orbison кој беше карактеристичен по неговиот албум Mistery Girl od 1989-та. Во 1990, Боно и Д Еџ го подготвија саундтракот за компанијата Ројал Шескспир од Лондон за сценска верзија на A Clock Orange ( само една песна беше објавена на Б страната на синглот “The Fly”). Истата година Мулен напиша и продуцираше песна за Ирската фудбалска репрезентација во Италија во 1990, наречена “Put Em Under Pressure” . Заедно со Д Еџ, Боно ја напиша песната “Golden Eye” за истоимениот Џемс Бонд филм, која беше изведена од Тина Тарнер. Клејтон и Мулен ја преработија насловната композиција на филмот Невозможна Мисија во 1996-та. Боно го позајми неговиот глас во “Joy” на Мик Џегеровиот албум од 2001 “Gooddess in the Doorway”. Боно исто така искажува изобилие , речиси искажана верзија на Алелуја на Леонард Коен за компилацијата “Tower of Song” во 1995. Боно соработува со Кирк Франклин и Кристл Луис ( а покрај тоа и со контроверзни големи изведувачи како Р.Кели и Мери Блајџ) за успешна госпел песна наречена “Learn on Me”. Покрај музичките соработки, ЈУ ТУ соработувале со неколку автори. Американскиот автор Вилијам С.Буроух имал гостински настап во видеото на ЈУ ТУ за “last Night on Earth” кратко пред да почине. Неговата песна”А Thnksgiving Prayer” беше употребена како видео снимка за време на бендовата Zoo турнеја. Други соработки ги вклучуваа Вилијам Гибсон и Ален Гинсберг. Во раната 2000, бендот снимил три песни како носечки за филмот “The Million Dollar Hotel” вклучувајќи ја и ‘’ The Ground Beneath Her Feet” која беше во соработка со Селман Рушид а мотивирана од неговата книга со истоимениот наслов. Неодамна, Боно се појави и ја изведе песната на Битлси во филмот “Across the Universe”. Боно и Д Еџ исто така го напишаа текстот и музиката за Бродвејскиот мјузил Спајдермен: Turn of the dark. Дополнително, Д Еџ ја создал насловната песна за Сезоните 1 и 2 за анимираните телевизиски серии The Batman.
Наследство
[уреди | уреди извор]Ролинг Стонс ги респектираат Д Еџ и Боно насекаде како најголемите гитаристи и пејачи. ЈУ ТУ најпрво добиваат Греми награда за “The Joshua Tree” во 1988 и победиле во 22 од вкупно 33 номинации што претставува повеќе од било кој друг бенд. Овде се вклучени за најдобро рок дуо, албум на годината, снимка на годината, песна на годината и за најдобар рок албум. Британската фонографска индустрија ја наградиле ЈУ ТУ седум пати, пет од нив се однесувале за најдобар светски бенд. Во Ирска ЈУ ТУ освоиле 14 Метеор награди откако започнале да се доделуваат во 2001-та. Други награди вклучувајќи една АМА, четири VMA, десет Kawards, две Juno Awards, три NME awards и Златен глобус. Бендот беше воведен во рокен рол салата на славните во раната 2005-та. Во 2006-та, сите членови на бендот ја добиле нарадата ASCAP за пишување на песната “I Still Havent Found What I am Looking For” и ” Vertigo”. ЈУ ТУ продале повеќе од 150 милиони снимки, ставајќи ги нив помеѓу најдобро продаваните музички артисти на сите времиња. The Joshua Tree се вбројува како еден од најдобро продаваните албуми во Америка со продадени 10 милиони примероци и исто така помеѓу најдобро продаваните светски албуми со продажба на 25 милиони копии. Ролинг Стоунс ги рангираат ЈУ ТУ на 22 место во нивниот список на 100 најголеми уметници на сите времиња додека Боно е 3 најдобар пејач а Д Еџ 24 најдобар гитарист. Во 2010 осум од песните на ЈУ ТУ се појавуваат на списокот на Ролинг Стоунс за 500 најдобри песни на сите времиња со “One” рангирана на највисокото 36 место. Пет од вкупно 12 Студиски албуми на ЈУ ТУ според рангирањето на Ролинг Стоунс во 2003 се вбројуваат помеѓу 500 најдобри албуми на сите времиња-The Joshua Tree e рангиран на највисокото 26 место.
Дискографија
[уреди | уреди извор]- Boy (1980)
- October (1981)
- War (1983)
- The Unforgettable Fire (1984)
- The Joshua Tree (1987)
- Rattle and Hum (1988)
- Achtung Baby (1991)
- Zooropa (1993)
- Pop (1997)
- All That You Can't Leave Behind (2000)
- How to Dismantle an Atomic Bomb (2004)
- No Line on the Horizon (2009)
- Songs of Innocence (2014)
- Songs of Experience (2017)
- Songs of Surrender (2023)
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ „архивски примерок“. Архивирано од изворникот на 2010-01-17. Посетено на 2011-01-07.
|