„Тешко е да се биде дебел, гојазен, физички неспремен, неактивен, тром, мрзелив. Знам дека е тешко. Пред 6 месеци имав 108 килограми и постојано бев изморен, поспан, мрзелив… Па, така се решив да преземам нешто“, ја започнува својата приказна Филип Митевски (44), кој работи како главен готвач во хотел во Германија, за CRNOBELO.com.