Јанковец
Јанковец | |
Координати 41°06′30″N 21°00′40″E / 41.10833° СГШ; 21.01111° ИГД | |
Регион | Горна Преспа |
Општина | Општина Ресен |
Население | 1.169 жит. (поп. 2021)[1]
|
Пошт. бр. | 7320 |
Шифра на КО | 23016 |
Надм. вис. | 890 м |
Јанковец на општинската карта Атарот на Јанковец во рамките на општината | |
Јанковец на Ризницата |
Јанковец — село во Општина Ресен, во областа Горна Преспа, во близина на градот Ресен, на двете страни од патот кон Охрид.
Географиja и местоположба
Селото се наоѓа во средишниот ракав од северниот дел на плодното Ресенско поле, во областа Преспа, некогаш 2 км северно, а денес е предградие на Ресен, сместено на регионалниот пат Охрид-Ресен. Јанковец граничи од север со Избишта и Кривени, од исток со Златари, од југ со Ресен и од запад со Болно. Јанковец е рамничарско село на надморска височина од 890 метри.
По средината на рамничарскиот дел тече Голема Река, која никогаш не пресушува, а нејзините води се користат за наводнување на крајбрежните обработливи површини.
Историja
Потеклото на името на селото Јанковец, според кажувањето на постари жители на селото, се вели дека името го добило по прво населениот човек, некој си Јанко и според неговото име селото било наречено Јанковец. За името на селото постојат и други преданија.
Стопанство
Во близина на манастирот се наоѓа и ресторанот “Манастир” кој е еден од првите приватни угостителски објекти во поранешна Југославија.
Демографија
Според статистиката на Васил К'нчов („Македониja, Етнографиja и статистика“) од 1900 година, во Јанковец живееле 1.080 жители, од кои 900 Македонци и 180 Власи.[2]
Според егзархискиот секретар Димитар Мишев, („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Јанковец имало 1.200 Македонци, под врховенството на Бугарската егзархија, 200 Македонци патријаршисти и 150 Власи.[3]
Според пописот од 2002 година во селото Јанковец живеат 1.169 жители, од кои 1.149 Македонци, 6 Турци, 7 Власи, 6 Срби и 1 останат.[4]
Во селото според последниот попис живеат 1169 жители од кои:[5]
Националност | Вкупно |
Македонци | 1.149 |
Албанци | 0 |
Турци | 6 |
Роми | 0 |
Власи | 7 |
Срби | 6 |
Бошњаци | 0 |
други | 1 |
На табелата е прикажан преглед на населението низ сите пописни години:[6]
Година | 1900 | 1905 | 1948 | 1953 | 1961 | 1971 | 1981 | 1991 | 1994 | 2002 |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Население | 1.040[2] | 1.550[3] | 716 | 690 | 747 | 925 | 1.307 | 1.307 | 1.214 | 1.169 |
Родови
Јанковец е македонско село.
Родови во селото се: Аврамовци, Буневци, Босилковци, Божиновци, Бузлевци,Павловци,Блажевци, Балаловци, Бутевци, Бучковци, Бошковци, Видиновци, Воденичаровци, Гештаковци, Гулевци, Дуневци, Думовци, Денесовци, Димитровци, Ѓоршевци, Ѓоревци, Еленчовци, Зузаровци, Замановци, Здравевци, Златановци, Икономовци, Јотовци, Јосифовци, Јанковци, Јанкуловци, Китановци, Картанџиовци, Калеш-Ѓоргијовци, Куменџиовци, Костовци, Котевци, Кузмановци, Ламушевци, Мачевци, Мазниковци, Младеновци, Марковци, Малевци, Низамовци, Нечевци, Недовци (Чачаковци), Огненовци, Пројовци, Пиљаковци, Радевци, Ристовци, Спировци, Савевци, Станчевци, Спасоевци, Сотировци, Саламовци, Старковци, Теговци, Таневци, Танковци, Трајковци, Туртановци, Трифуновци, Томчевци, Циглевци, Чаушевци, Чаковци, Чадевци, Шушевци, Шулевци, Шентевци и Шалевци.[7]
Можно е некои од македонските родови да имаат влашко потекло.
Според истражувањата на Бранислав Русиќ во 1949 година, родови во селото се:
- Староседелци: Босилковци (1 к.), Бузлевци (1 к.), Минчевци (2 к.), Еленчевци (1 к.), Циглевци или Китановци (3 к.), Балаловци (1 к.), Недовци и Чочановци (1 к.), Замановци (1 к.), Ѓоршовци (1 к.), Денесовци (1 к.), Сотировци (1 к.), Огненовци (1 к.), Бутевци (1 к.), Бучковци (1 к.), Томчевци (1 к.), Шалевци (1 к.)
- Доселеници: Дупенци или Ничовци (10 к.) доселени се од селото Горно Дупени, каде припаѓале на родот Србиновци; Низамовци (1 к.) доселени се одамна од селото Дрмени, каде припаѓале на родот Вецовци; Пројовци и Бошковци (10 к.) од местото Проја кај Раец; Ѓештаковци (9 к.) доселени се одамна од селото Туминец во Мала Преспа; Картанџиовци (2 к.) доселени се однекаде; Бундевци (7 к.) доселени се од Горно Дупени; Калеш-Ѓоргиовци (3 к.) доселени се од Епир во Грција. Власи по потекло; Божиновци (1 к.) доселени се од селото Кривени; Куменџиовци (10 к.) по потекло се Власи. Доселени се од околината на Колоња во јужна Албанија; Чаушовци (2 к.) доселени се од селото Гопеш кај Битола. По потекло се Власи; Икономовци (5 к.) биле Гркомани. По потекло се Власи, доселени се од Епир во Грција. Биле еден род со Калеш-Ѓоргијовци; Парталовци (1 к.) доселени се од селото Кривени, каде припаѓале на истоимениот род; Караолановци (1 к.) доселени се од селото Сопотско; Теговци (1 к.) доселени се од Епир во Грција. По потекло се Власи; Пажевци (2 к.) доселени се од Тесалија во Грција. По потекло се Власи; Курвешани и Спировци (1 к.) доселени се во 1912 година од Музекија во Албанија. По потекло се Власи; Начевци и Џиндес (1 к.) доселени се во 1912 година од Каваја во Албанија. По потекло се Власи; Дуневци (1 к.) доселени се од Белица кај Струга. По потекло се Власи; Чаковци (3 к.) по потекло се Власи. Доселени се во 1912 година од Каваја во Албанија; Ламушевци (1 к.) исто така од Каваја во Албанија. Власи се; Танковци (1 к.) и Костовци (1 к.) исто така од Каваја во Албанија. Власи; Џафтановци со Трифуновци (1 к.) доселени се од селото Горно Крушје, од Џафтановци; Думовци (3 к.) доселени се од некое место во Албанија; Радевци (3 к.) доселени се од селото Златари, таму припаѓале на родот Митевци; Пиљаковци (1 к.) доселени се од селото Туминец; Трајковци (2 к.) доселени се од селото Свињишта кај Охрид; Мазниковци (3 к.) доселени се од селото Петрино; Савевци (3 к.) доселени се од селото Болно, од истиот род; Станчевци (1 к.) доселени се од селото Стипона; Блажевци (3 к.) доселени се од селото Завој кај Охрид; Шушевци (2 к.) доселени се од селото Церово кај Демир Хисар; Шуленци (1 к.) доселени се од селото Шулин во Мала Преспа; Воденичаровци (4 к.) доселени се од Ресен; Спасоевци (1 к.) доселени се од селото Туминец; Младеновци (1 к.) доселени се од селото Боиште кај Демир Хисар; Зузаровци (1 к.) доселени се од селото Подмочани; Јотовци (1 к.) доселени се од Охрид; Гулевци (2 к.) доселени се од селото Избишта; Саламовци (1 к.) доселени се од Ресен; Туртановци (2 к.) доселени се однекаде; Марковци (1 к.) доселени се од селото Збажди во струшка Малесија; Марковци втори (1 к.) доселени се од Берово; Старковци (1 к.) доселени се од селото Лева Река, каде припаѓале на Дамулевци; Шентевци (1 к.) доселени се од селото Горно Дупени; Башовци (1 к.) доселени се од селото Лева Река; Трифуновци (1 к.) доселени се од селото Горно Крушје; Здравевци (1 к.) доселени се исто така од Горно Крушје; Јосифовци (1 к.) доселени се од селото Лева Река; Јанкуловци (1 к.) доселени се од селото Брајчино; Димитриовци и Бунџовци (3 к.) доселени се од селото Гопеш кај Битола. По потекло се Власи; Аврамовци (2 к.) доселени се од селото Пасинки во Голо Брдо во Албанија во 1903 година; Гаревци (1 к.) доселени се од селото Дрмени; Костовци и Стефановци (1 к.) доселени се од селото Велмевци кај Демир Хисар; Спировци и Музиќери (1 к.) доселени се од селото Отешево; Фермановци (1 к.) доселени се од селото Буф кај Лерин во 1948 година; Илиовци и Блажевци (1 к.) доселени се од селото Скребатно кај Охрид; Ристовци (1 к.) доселени се од селото Грнчари; Златановци (1 к.) доселени се од селото Златари.[8]
Општествени установи
Со своја училишна зграда селото се здобило уште во времето на турското владеење. ВО 1922 година била изградена нова (денес разурната), а околу 1960 година е подигнато денешното училиште.
- Цркви[9]
- Црква „Св. Јован Крстител“ - главната селска црква, осветена 1866 година;
- Црква „Св. Никола“ - се наоѓа на околу 1 км источно од селото;
- Црква „Св. Атанасиј“ - се наоѓа во селото;
- Црква „Успение на Пресвета Богородица“ - главната манастирска црква на Јанковечкиот манастир;
- Црква „Св. Игнатиј Богоносец“ - манастирска црква на Јанковечкиот манастир;
- Археолошки наоѓалишта[10]
- Св. Атанас — средновековна некропола;
Самоуправа и политика
Изборно место
Во селото постојат изборните места бр. 1631 и 1631/1 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на основното училиште.[11]
На претседателските избори во 2019 година, на овие изборни места биле запишани вкупно 981 гласачи.[12]
Културни и природни знаменитости
Во селото има куќи кои, поради својата старост и убавина се ставени под заштита на државата, како на Ванчу Икономовски и Теговци.
Во Јанковец постојат три цркви и еден манастир. Црквата “Св. Атанас”, се наоѓа во селото, не е забележана ниту се памети годината на нејзината изградба. Се претпоставува дека е постара од манастирската црква “Св. Богородица”. Црквата “Св. Никола”, на околу 1 км источно од селото, Црквата “Св. Јован” се наоѓа во селото и е осветена во 1866 г.
Во селото се наоѓа манастирот “Св Богородица”, кој се претпоставува дека е изграден пред XVIII век. Во неговиот склоп постои манастирска црква, бидејќи пред 1866 година други цркви во селото немало.
Редовни настани
Празник “Успение на пресвета Богородица” се празнува на 28 август, кога на ова место се собира народ од поблиските села и градот Ресен. Во црковниот двор на манастирот е погребан Охридско-преспанскиот владика Дионисиј кој бил Грк по потекло.
Личности
- Кире Гештаковски (р.1954), Македонски политичар, пратеник на ПСД
- Андреј Кезепов (1880 - 1904), македонски револуционер, кресненски војвода на ВМОРО
- Никола Миљовски (1883 - 1940), македонски револуционер
- Христо Низамов (1903 - ?), американски новинар и деец на МПО
- Димитар Бузлевски (р. 1952) - македонски политичар и поранешен пратеник во македонското Собрание како член на СДСМ
- Трифун Иванов, македонски револуционер.
Култура и спорт
- ФК Јанковец, оформен 1921 година под името Кралевиќ Марко, за време на Кралството СХС.
Иселеништво
Иселеници од селото има во Ресен, Бугарија (16 семејства), САД (13 семејства), Битола, Скопје, Аргентина (11 семејства), Куманово, Русија, Србија, Романија, Албанија, Канада и во Турција.[8]
Наводи
- ↑ „Пописна слика на населените места во Македонија, Попис 2021“. Државен завод за статистика. Посетено на 22 декември 2022.
- ↑ 2,0 2,1 Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 241.
- ↑ 3,0 3,1 Brancoff, D.M. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 170-171.
- ↑ Попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2002 - Книга X
- ↑ Министерство за Локална Самоуправа. База на општински урбанистички планови
- ↑ Население на Република Македонија според изјаснувањето за етничката припадност, по населени места, според пописите на население 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991, 1994 и 2002 година (согласно територијалната организација од 1996 година). База на податоци МАКСтат. Државен завод за статистика.
- ↑ Јовановски, Владо (2005). Населбите во Преспа. Скопје: Ѓурѓа.
- ↑ 8,0 8,1 Русиќ, Бранислав. Преспанска област. Архивски Фонд на МАНУ, к-2, АЕ 87.
- ↑ Јелена Павловска, Наташа Ниќифоровиќ и Огнен Коцевски (2011). Валентина Божиновска (уред.). Карта на верски објекти во Македонија. Менора - Скопје: Комисија за односи во верските заедници и религиозните групи. ISBN 978-608-65143-2-7.
- ↑ Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
- ↑ „Описи на ИМ“. Посетено на 3 ноември 2019.
- ↑ „Претседателски избори 2019“. Посетено на 3 ноември 2019.